• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Неспособноста на системот, молкот на граѓанското општество и криминалната неодговорност на популистите

March 21, 2021
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Неспособноста на системот, молкот на граѓанското општество и криминалната неодговорност на популистите

Во екот на „третиот бран“, кога се подготвуваат и се носат нови мерки, јавноста очекува од носителите на одлуките внимателно да ги следат искуствата од развиените демократии. Сега, повеќе од било кога, се очекува вклучување на застапниците на човековите права и слободи. Неопходно е властите да покренат и кампањи за јакнење на јавната свест, паралелно со „репресивниот“ дел од системот кој го заштитува јавното здравје. И подеднакво да казнуваат неодговорни и неразумни популисти меѓу политичарите, исто како и „обичните смртници“. Макар и прекршочно...

March 21, 2021 23:36
in ВЕКТОР, КОВИД-19, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Читајќи ја анализата на проф. д-р Катерина Колозова – „Зошто Македонија сè уште оперира со полициски час…?“, искрено, ме опфати чувство на вина и срам. Причина за тоа чувство е евидентната неспособност на граѓанското општество да се вклучи поактивно во градењето на политиките, мониторингот и оценките на мерките против Ковид-19. Во анализата, проф. Колозова наведува неколку, благо кажано, непријатни потсетувања на првите месеци од пандемијата, кога во земјава беше воведен полициски час со карактеристики несвојствени за европските демократии.

Точно е дека во името на заштитата на јавното здравје во Северна Македонија, како и во најголем дел од земјите светот, човековите права и слободи беа ограничени. Иако обидите да се воспостави што е можно поефикасна заштита на јавното здравје вродија со успех во тој период, општеството се соочи и со серија пропусти поврзани со почитувањето на човековите права и слободи. Неуспехот на македонското граѓанско општество да биде чувар на човековите права и слободи е забележан и во низа релевантни меѓународни извештаи. Тоа мора да биде прифатено, со наведната глава, како лекција за иднината.

ПРЕМОЛЧАНА СОГЛАСНОСТ

Во неделите и месеците на карантинот кој се спроведуваше и со ригиден полициски час, се спроведуваше сегрегација по возраст, кога нашите највозрасни сограѓанки и сограѓани се соочија со дополнителни, дури и потешки ограничувања. Тоа некако помина со премолчана согласност и од (некогаш) најгласните застапници на човековите права, па и од потписникот на овие редови. Дури и активистите за права на животните обезбедија (некакво) време за своите миленици да се „олеснат“ во блиските паркчиња, а секојдневието на возрасните беше стуткано во двата часа дозвола да излезат од своите домови. Тоа не смееше да помине туку-така, без приговор, а помина.

Во низата пропусти да се согледа императивот од (максимално можно) почитување на човековите права и слободи во тие месеци на вонредната состојба, неодминливо мора да се посочи кон одговорноста што ја носеше и опозицијата која во тоа време беше дел од техничката влада.

ОБИЧНИТЕ СМРТНИЦИ И НЕДОПИРЛИВИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Додека „обичните смртници“ се соочуваа со драконски казни пропишани во Кривичниот законик, шефот на ВМРО-ДПМНЕ (чиј намесник, Наќе Чулев, беше министер за внатрешни работи), промовираше однесување спротивно на сите здравствени мерки, па и на разумот, со што и директно го загрозуваше јавното здравје (скандалите „Теретана“, „Кафана“ и други). Од полициските билтени дознавме како луѓето кои задоцниле да се приберат дома или да ги спуштат решетките на своите дуќани, добиле сериозни казни, па и кривични пријави.

Но затоа првиот вмровец Мицкоски и сличните на него уживаа во својата недопирливост и неказнивост, па поминаа само со „рибање“ и тоа само од дел од јавноста. За веднаш потоа да ја критикуваат власта (во чиј состав беа и самите) поради олеснувањето на мерките (што самите не ги почитуваа) и бараа одложување на предвремените парламентарни избори (што самите постојано ги бараат). Сè до тврдоглавото блокирање на работата на парламентот, меѓу другото и на мерките за финансиска помош на стопанството, но и на најранливите категории. И сето тоа на општ молк од јавноста и граѓанското општество.

ПЛАТЕНОТО ОТСУСТВО НА ПАРЛАМЕНТОТ И ХАОСОТ

Во тие критични месеци од минатата година, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се оглуши од повиците да го стави Собранието во функција, со што ќе се вратеше политичката влада. Со тоа, значително ќе беше подигнато и нивото на одговорноста, како и на граѓанската и законодавната контрола врз извршните и здравствените власти. Платеното отсуство на парламентот дополнително ја усложни состојбата. За хаосот да биде целосен, Владата беше техничка и имаше мандат да подготви и спроведе изборен процес (предвремени парламентарни избори), а беше ставена во ситуација да се справува со најголемата светска здравствена неволја на модерното време.

Па така… Казните за непочитување на здравствените мерки кај нас беа далеку построги отколку во земјите членки на ЕУ. Во ЕУ се казнуваа оние што по втор или третпат ги прекршуваа мерките, а добиваа казни во висина од 370 евра во Париз или (најстрогата) од 500 евра во Баварија. Кај нас, во Северна Македонија, казните беа до 2.500 евра или затвор. Непочитувањето на карантинот во ЕУ беше прекршок, а овде – кривично дело. За Мицкоски – ништо.

Немаше парламент кој можеше да донесе поинакво и посоодветно решение. Владата, техничка, сосе ВМРО-ДПМНЕ во неа, состави тимови од здравствени експерти и не погледнаа во други експертски кругови за сите заедно да се справат со исклучително комплексната ситуација. За сето тоа време, полицијата беше оставена на милост и немилост на Наќе (Отсјај) Чулев кој, меѓу другото, го штитеше својот шеф и снимаше масовни сцени за спотови за полицијата. Среде пандемија. За верските заедници (православната и исламската) и хроничните бојкотирачи да не говориме. И за „10-те илјади активисти на ДУИ“ со кои се фалеше Ахмети дека ќе ги посетат гласачите во предизборието за „да им се најдат“. Сето тоа му се удри од глава на целото општество и го разниша системот во целост. А граѓанското општество „работеше од дома“.

ДРУЖБАТА КОЈА МОРА ДА СЕ РАСТУРИ

Уште еднаш… Владата не го послуша гласот на оние што се залагаат за човекови права и слободи затоа што таков глас, за жал и за срамота, не се слушна. Барем не доволно гласно.

Затоа, во екот на „третиот бран“, кога се подготвуваат и се носат нови мерки, јавноста очекува од носителите на одлуките внимателно да ги следат искуствата од развиените демократии. Сега, повеќе од било кога, се очекува вклучување на застапниците на човековите права и слободи. Неопходно е властите да покренат и кампањи за јакнење на јавната свест, паралелно со „репресивниот“ дел од системот кој го заштитува јавното здравје. И подеднакво да казнуваат неодговорни и неразумни популисти меѓу политичарите, исто како и „обичните смртници“. Макар и прекршочно…

Нашето општество, економијата и политичките процеси нема да издржат уште еден судир со евентуален нов бран ригидни мерки, а уште помалку со неодговорното однесување на популистите од опозицијата, жедни за власт по секоја цена.

Ако се потребни нови строги мерки, не значи дека тие мора да бидат ригидни и драконски. А неуспехот на граѓанското општество да си го најде местото во првиот и вториот бран, не смее да се случи за време на „третиот бран“. Накратко, мора да се растури таа „дружба“ меѓу неспособноста (на системот), молкот (на граѓанското општество) и криминалната неодговорност (на популистите).

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ