• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Додека броиме „мртви и ранети“ од црните кампањи…

April 1, 2021
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Додека броиме „мртви и ранети“ од црните кампањи…

April 1, 2021 19:30
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Никој со сигурност не може да каже колку пари се вртат во креирањето и ширењето на црните кампањи. Но познато е дека се работи за милионски суми и познати се центрите од кои произлегуваат вештините, искуството, тренингот, насоките…

Кампањите за дезинформации се ефективни и предизвикуваат долгорочни последици. Без нив, далеку помал ќе биде ефектот од секојдневните блокади на Парламентот за стопирање на правдата и одот кон Европа.

Одговарајќи на новинарско прашање пред некој ден, премиерот Заев многу пластично ја опиша состојбата со лажните вести, преку примерите како му почнала работната недела. Прво ја спомна лажната вест за здравствениот систем со наводната објава од д-р Докиќ, па дека тројца министри се вакцинирале преку ред, а веднаш потоа и дека се попишувале иселеници без македонско државјанство. Лажни вести во серија, на самиот почеток на работната недела.

Ако само малку повнимателно се загледа човек, најмалку по пет-шест лажни вести и пропагандни содржини дневно се „продаваат“ како вести во медиумите и социјалните мрежи. Секој ден, од утро до полноќ, а понекогаш и по полноќ. Посебна специјалност им е терминот доцна навечер, во пресрет на викенди и празници.

И така со ред, веќе со години. И во моментот кога се пишува овој текст (четврток, 1 април), на крајот од уште една недела во нашите животи, ако се свртиме на деновите зад нас, ќе наидеме на густа шума од лажни вести, дезинформации и говор на омразата, често толку вулгарни и апсурдни што на човек му станува гадно. А ако ги остави, тие се шират како вирус. Ако тужи, ќе се измалтретира. Да чека на институциите (обвинителство), бадијала…

Лажните вести, ако не ги започнат, тогаш сигурно ги запечатуваат цели пратеници, бивши министри во владата на Груевски, а сегашни високи функционери на партијата. Премиерот го спомна талентираниот Антонијо Милошоски (на Твитер и: Македонски) како еден од главните дистрибутери за тој ден. Во име на „дијалогот“ и „откочувањето“ на демократските процеси, тоа се смета за „слобода на изразување“…

И знаеме дека, всушност, целата партиска врхушка, на чело со првиот човек на партијата, се креатори на лажни вести, дезинформации и говор на омразата. И Европскиот парламент објави студија каде што Мицкоски е посочен како извор на дезинформации (Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив). А за талентираниот Милошоски е познато дека се појавува и како алијас во некои интернет портали. Ако не се лажам, еднаш и направи интервју самиот со себе. И не саде тие и не саде тука. Со нив се натпреваруваат и други, помали, но не помалку отровни поединци и групи.

Сè си знаеме. Ете, министри, па и цел еден премиер се жали на лажните вести. А прашањата „како, кој и кога“ ќе се справи со дивата лавина од кампањите за дезинформирање на јавноста и директното загрозување на јавниот интерес, а во голем број случаи и на безбедноста, некако веќе и никој не ги поставува. Сите с(м)е заглавени во дневните реакции на поединечните проектили лансирани од пропагандните центри, броиме „мртви и ранети“, лечиме колку што можеме и како што умееме. Но се чини дека „битката“ е залудна…

Сè повеќе луѓе избираат теории на заговорот и сензационални наслови, наместо информации и факти. Сè повеќе луѓе забораваат на основните правила на пристојноста и избираат да бидат вулгарни и лигави. Може ли полошо од ова? Може, може! Секогаш може полошо!

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ