• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Партија на беспаќето и лудилото

May 1, 2021

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Партија на беспаќето и лудилото

May 1, 2021 11:17
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Целокупното раководство на една мала политичка партија, немајќи идеја што со себе и со парите на граѓаните, заспиваат и се будат со ЦИВИЛ. Секој ден се занимаваат со организација за човекови права и слободи, истурајќи грозни навреди и клевети на социјалните мрежи и во медиумите во кои имаат влијание или кои ги користат како евтина атракција за луѓе со ниски критериуми. Повикуваат на линч, се закануваат со стрелање, мразат…

И тоа не е својствено само за нивните анонимни ботови, туку и нивниот претседател и најтесното партиско раководство. Се однесуваат како пијани разбојници, не престануваат со ужасниот говор на омразата во јавните комуникации, криејќи ја на тој начин и сопствената неспособност, немоќ и лични фрустрации.

Од првите денови на превратот во партијата што го изврши со помош на подземни полициски структури, шефот и неговите војничиња се однесуваат како пијавици. Се закачува на поголеми, повредни и подобри од себе, ја цица нивната популарност и се обидува да се факторизира онака како што најдобро умее – преку вулгарности и дрски закани со стрелање и бесење.

Со уличарски речник, без трошка совест и свест за општествената одговорност што ја има еден пратеник и универзитетски кадар, овој мал човек и неговата недоквакана камарила, го привлече вниманието на јавноста и дебело да го наплати своето влијание и молкот на медиумите и граѓанското општество.

Идеолошки, нема што многу да се објаснува. Од левичарска партија во обид, наместо да се залагаат за правата на работничките и работниците, како што би ѝ доликувало на една левичарска партија, сè што прави оваа партија е својствено на една радикална националистичка партија на крајната десница. Според јавните настапи, имиџот, вокабуларот и пораките во јавноста, ова слободно може да се дефинира и како неофашистичка партија. Ова не е обид за дискредитација и навреда, туку оценка и дефиниција засновани на факти.

Нема ништо невообичаено во нивната појава, такви имало и ќе има насекаде. Само треба да се соочат со сопствената трансформација и да се пререгистрираат со ново име, за да не внесуваат забуна. Еве, честам, гратис предлог за нов назив на партијата, како во насловот, скратено ПБЛ. Имаат и „Л“ во името, иако не го заслужуваат ни тоа.

Впрочем, манипулациите, омразата, ароганцијата и внесувањето страв и забуна се клучни алатки за нивниот успех. Нивниот шеф е одамна ухлебен во државните јасли, на државен универзитет на кој најмалку предава, а најмногу пропагира, хонорарец во СЈО, иако неговата насока е римското право… Но тој е најгласен кога некој треба да се означи како ухлебен. Неговиот божемен активизам е насочен токму против активистите и бранители на човековите права и против прогресивните идеи и проекти на сите нивоа и области во општеството.

Овој лик, сепак, најмногу профитира од политиката. Успеа да направи преврат во партијата во која сега веќе не е член ниту еден од основачите, да ја претвори во приватна фирма и да ги користи парите од буџетот кој се полни со нашите пари за сеење антимакедонска пропаганда во крајно вулгарен и насилнички манир. Тоа е злоупотреба на функцијата, јавните пари, академската титула и пратеничката функција.

Искористувањето на пратеничката функција за да добие пари за реновирање и заштита на семејната куќа во Велес е само една од многуте постапки со кои овој лик ја злоупотребува својата функција. Значи, не за сите куќи што имаат потреба од државна помош и заштита, туку за неговата. Чиста работа. Или можел да побара помош за сите, како што би доликувало на еден пратеник? Не, лакомоста нема граници. Случајот со борбата што ја поведе да ја заштити банката на Трифун Костовски, Еуростандард, каде што партијата имала големи пари, е уште еден во низата такви случаи.

За наводите дека користи и црни пари од финансиери од земјава и од странство нема да зборуваме овде, бидејќи тоа е, сепак, работа на институциите чија законска обврска е гонењето на организираниот криминал. Во секој случај, без оглед на тоа дали се „бели или црни“ парите со кои располагаат тој и неговата неофашистичка партија, се уште еден пример за слабостите на легислативата и праксата кога се работи за политичкото финансирање во земјава. Важно, првата голема „финансиска победа“ му е освојувањето на партијата и ставањето на рачето врз партиската каса кога партијата располага со околу 300.000 евра.

Лажно се бори против привилегиите, бидејќи токму тој и неговите најблиски соработници и фамилија уживаат до максимум во сите можни привилегии кои може да се приграбат на секаков можен начин. Укинувањето на привилегиите за кои зборуваат тие се идеја и иницијатива која потекнува од граѓанските организации кои тој отворено ги мрази. Поточно, Стоп за расипништвото е иницијатива (веројатно не е ни прва) на ЦИВИЛ и група граѓански активисти. Иницијативата сѐ уште трае. Но овој неофашист, привилегиран по сите основи, голем среброљубец, уживател во голем број привилегии, прави прес конференција за патните трошоци на пратениците. Бесрамно е благ збор за неговите постапки.

Јавноста има право да знае што се случува со јавните пари, со привилегиите што ги носат функциите, со катедрите каде што предаваат вакви ликови, со заштитата на националните интереси. Изманипулираните граѓанки и граѓани кои решиле да им дадат било каква поддршка на вакви ликови во политиката, треба да знаат дека се обратиле на погрешна адреса.

Иако сакаат да се прикажат како партија на „третиот пат“, ова е партија на беспаќето и лудилото. Слични се на својата далеку поголема и постара политичка сестра, од која впрочем и влечат енергија, идеи, па и гласачи, оние најрадикалните. Одбрале пат за етаблирање на политичката сцена со тоа што прават евтин циркус од себе.

Циркус кој може скапо да чини, ако не се разоткрие измамата на време.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ