ЦИВИЛ Седум е нов редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа, во која, секоја седмица ќе се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ ќе се осврне на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.
Oва е ЦИВИЛ Седум. Видео продукција на ЦИВИЛ која ги отсликува неделните активности на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Првото издание на ЦИВИЛ Седум ви прикажува:
- Седум дена исполнети со многу политички и општествени збиднувања. Премиерот Зоран Заев во посета на Брисел;
- На РСМ и треба нов изборен законик, една изборна единица е најспоменуваното решение на панел дискусијата на Цивил ;
- Печат на неделата оставија и дневните настапи на Џабир Дерала „ЦИВИЛ во живо“ ; почитувај ги различностите, народни пари за црна пропаганда, „не во мое име“ се дел од насловите на рубриката „ЦИВИЛ во живо“
- Во наредните минути ќе ви посочиме и дел од содржините на дел од авторите на ЦИВИЛ Медиа изразени во анализи, колумни, коментари…
ЦИВИЛ Седум е прва од серијалот видео продукции на ЦИВИЛ, седмичен осврт на најзначајните активности во организација на ЦИВИЛ како и збиднувањата во државата. Потсетувам дека работните недели на ЦИВИЛ секогаш се исполнети со многу настани, занимливости и вести за кои ЦИВИЛ редовно и тековно известува.
Вртоглава агенда на премиерот Заев во Брисел каде се сретна со високи функционери како што се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот Вархеји, Чешкиот министер за одбрана Метнар и амбасадорот Зеф Мази каде што премиерот Заев уште нагласи дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел.
Премиерот својата посета на Брисел ја заврши со средба со шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел, каде двајцата изразија надеж дека Северна Македонија ќе ги отвори формално преговорите со ЕУ што е можно поскоро
ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Какви закони, такви избори“ . Учествуваа проф. Рената Дескоска, Радица Лазареска Героска од министерството за правда, , Дарко Алексов од МОСТ, , претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
На панелот, учесниците произлегоа со заедничка препорака дека сепак, нов Изборен законик мора да има.
Колегата Џабир Дерала во својата редовна пладневна рубрика „ЦИВИЛ во живо“, меѓудругото се осврна и за тоа дека е време за организиран одговор против црната пропаганда и дезинформациите.
Бројни автори, аналитичари, колумнисти, проследувачи на јавниот живот на РСМ се постојано присутни на страниците на ЦИВИЛ Медиа. Во ова издание на ЦИВИЛ Седум за вас издвојуваме и ви посочуваме:
Велин Стојановски упатува на „Генерален ремонт на Изборниот законик“ , како што му е и насловена својата колумна бидејќи сите измени до сега не се доволни за подобрување на постојниот изборен законик.
„Десант за уривање на Зоран Заев“ е наслов на текстот на Џабир Дерала во кој зборува за одредени случувања и индикации од кои може да се извлече дури и заклучок дека станува збор дури и за некои разузнавачки операции за уривање на Зоран Заев.
Сефер Селими својата колумната ја наслови: „30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?“. Во неа се осврнува на развојните процеси и на борбата помеѓу прогресивните вредности и регресивните сили.
Ирена Крџиќ