• Latest

Пресек: САД се вратија, поддршка за македонските ЕУ интеграции, политичарите имаат обврска да ја спроведат стратегијата за едно општество, најави за настани на ЦИВИЛ

June 11, 2021
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – денес ќе се одржи „Марш за Ангелите“ во Кочани, протестни собири во Штип и Скопје

September 16, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: САД се вратија, поддршка за македонските ЕУ интеграции, политичарите имаат обврска да ја спроведат стратегијата за едно општество, најави за настани на ЦИВИЛ

June 11, 2021 17:15
in ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Почнува самитот на Г-7

Во Велика Британија денеска почнува самитот на групата седум најразвиени земји (Г-7). Британскиот премиер Борис Џонсон очекува групата Г7 да донира милијарда дози вакцина против Ковид-19 на посиромашните земји за време на самитот. На самитот ќе учествува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Велика Британија. Самитот на Г-7 ќе трае до 13 јуни.

Американскиот претседател Џо Бајден го започна првото прекуокеанско патување во средата, со пристигнувањето во Велика Британија, во пресрет на Г7. „Соединетите држави се вратија“ – е изјавата што ги направи насловните страници и ударните вести во медиумите ширум светот. Тој не го изостави ни Путин. „Доаѓам на Г7, потоа во НАТО, а потоа ќе се сретнам со господин Путин и да му дадам до знаење тоа што јас сакам тој да го знае“, изјави Бајден пред американските војници стационирани во базата во близина на Лондон.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Прајс: САД поддржуваат отворање преговори за влез во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, објави дека САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување.

We support the opening of EU accession negotiations with North Macedonia and Albania without delay. We are engaging at the highest levels of government to demonstrate our commitment to the aspirants' European paths.

— Matthew Miller (@StateDeptSpox) June 10, 2021

„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти,“ напиша Прајс на Твитер.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО

Гротеската на „воините“ против Вашингтон и Брисел

Јутуб верзија од денешното издание на ЦИВИЛ во живо во кое се коментираат ставовите од снимките за кои се верува дека се од Јелена Жугиќ, одењето во „војна“ против Брисел и Вашингтон и протестите „двајца без тројца“ кај нас, како и за младите и европските вредности.

ИНТЕРВЈУ

Алаѓозовски: Обврска на секој политичар е да ја разбере и да ја имплементира Стратегијата „Едно општество за сите“

Разговаравме со Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, за Стратегијата „Едно општество за сите“. Тоа е исклучително важна Стратегија, која во себе обединува низа компоненти и се однесува на многу нивоа за општеството и на институциите на државата. Според негови зборови, тоа е приоритетна владина стратегија. Во ова интервју дознаваме дали и на кој начин се имплементира и кои се предизвиците пред кои е исправена владата во поглед на оваа Стратегија.

Стратегијата „Едно општество за сите“ е значајна за развојот на нашата демократија, на општеството, но и на државата во целост. Стратегијата има влијание и во низа други области, на постоењето и на развојот на државата, има свои импликации во односите меѓу заедниците во секоја смисла на зборот. Значајна е и за економскиот развој на државата, но исто така има импликации и врз стабилноста и безбедноста на земјата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Јавен настан на ЦИВИЛ: Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации

ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“ во среда, 16 јуни, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 11 часот. Настанот ќе трае 60 минути.

Банер на настанот на ФБ

Дали дезинформациите и говорот на омразата претставуваат хибридни закани? Дали институциите имаат капацитет за справување со хибридните закани? Колку и на кој начин можат граѓанските организации и медиумите да се вклучат во заштитата од хибридните закани? Со факти, одговорност и решителност наспроти опасните дезинформации… Тоа се дел од прашањата и темите за кои ќе стане збор на јавниот настан на ЦИВИЛ.

НАЈАВА: Јавен настан на ЦИВИЛ „Колку сме еднакви?“

ЦИВИЛ организира јавен настан (панел дискусија) на тема „Колку сме еднакви?“ посветен на политиките и практиките за еднаквост, недискриминација и промовирање на европски вредности во единиците на локалната самоуправа на 17 јуни, (четврток), во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. Настанот трае 45 до 60 минути.

Главното прашање на панел дискусијата се однесува на капацитетите, можностите, политиките и практиките на локално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата на локално ниво.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРИТВОР Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи за 30 дена мерката притвор за Јордан Камчев.

ДВОЈНИК Обвинетите во случајот „Двојник” осудени на вкупно 16 години затвор

МАТУРА Матурантите денеска го полагаа вториот екстерен испит за кој можеа да избираат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика.

ТРАНСПЛАНТАЦИЈА Извршена е уште една успешна трансплантација на срце, која е четврта во земјава од минатиот мај.

САМИТ НА ЕУ Во пресрет на Советот на министри и Самитот на ЕУ, од Париз францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство во Унијата без одложување.

ФИЛМ Филмови за Кирил Џајковски и The Hip ќе се прикажат на фестивалот „Докенритам“ во Белград.

КОВИД-19 Епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето. Вчера се аплицирани 10.065 вакцини.

ЗАГРОЗЕН ВИД Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис.

Г-7 Во Велика Британија денеска почнува самитот на групата седум најразвиени земји (Г-7).

АТИНА ЗА ДЕКРЕТОТ НА БАЈДЕН: Грција ја поддржува европерспективата на Западен Балкан.

СТРАЗБУР Државата денеска ќе испрати одговор на 60 страници до судот во Стразбур за помилувањата од поранешниот претседател Иванов.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Младите знаат! Општеството е поларизирано, а деструктивните и антизападни структури сè уште се присутни и моќни, за да можеме да здивнеме сите заедно, а најмногу младите. Долг е патот пред нас, преполн со предизвици. Европските вредности не се недостижни, тие се вткаени во мислите и однесувањето на младите. Европската иднина е веќе во нивните раце, но има премногу грабливи погледи кои сакаат да им ја одземат. Меѓу нив се луѓе од мојата генерација, но и многу нивни врсници, тотално отруени од моите врсници“, пишува Џабир Дерала во „Младите знаат!“

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ