• Latest
Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка (фото: И. Чадиноски / ЦИВИЛ)

Алаѓозовски: Обврска на секој политичар е да ја разбере и да ја имплементира Стратегијата „Едно општество за сите“

June 11, 2021

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Алаѓозовски: Обврска на секој политичар е да ја разбере и да ја имплементира Стратегијата „Едно општество за сите“

Разговаравме со Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, за Стратегијата „Едно општество за сите“. Тоа е исклучително важна Стратегија, која во себе обединува низа компоненти и се однесува на многу нивоа за општеството и на институциите на државата. Според негови зборови, тоа е приоритетна владина стратегија. Во ова интервју дознаваме дали и на кој начин се имплементира и кои се предизвиците пред кои е исправена владата во поглед на оваа Стратегија.

June 11, 2021 11:25
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка (фото: И. Чадиноски / ЦИВИЛ)

Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка (фото: И. Чадиноски / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Стратегијата „Едно општество за сите“ е значајна за развојот на нашата демократија, на општеството, но и на државата во целост. Стратегијата има влијание и во низа други области, на постоењето и на развојот на државата, има свои импликации во односите меѓу заедниците во секоја смисла на зборот. Значајна е и за економскиот развој на државата, но исто така има импликации и врз стабилноста и безбедноста на земјата.

На Националниот координатор Роберт Алаѓозовски му поставивме неколку тематски прашања кои се однесуваат на конкретни области на Стратегијата „Едно општество за сите“, за насоките во кои (ќе) се движи нејзината имплементација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Kои се најитните чекори кои ги планира владата, националниот координатор и неговиот тим во контекст на имплементација на Стратегијата „Едно општество за сите“, а се разбира и во контекст на нејзиниот развој и унапредување?

АЛАЃОЗОВСКИ: Благодарам што ме поканивте да бидам дел од вашиот медиум, и секако, да проговорам за оваа значајна Стратегија, како што ја оценивте. Апсолутно, ми се чини дека онолку колку што е важна родовата еднаквост во земјата, толку е важна, ако не и поважна, е оваа Стратегија којашто има две главни цели. Од една страна, да ја елиминира дискриминацијата, да ја донесе еднаквоста, но од друга страна, да ја намали поделеноста во општеството. Така што, Стратегијата предвидува низа мерки, коишто, како што реков, и ќе нè направат повеќе еднакви граѓани, повеќе еднакво општество, поправедно општество, но од друга страна, мора да нè поврзат, не смеат да нè остават во нашите паралелни светови што се развиваат, пред сè, по етничка, а потоа и по секоја друга основа.

Во таа смисла, оваа Стратегија е можеби една од најголемите препознатливости на нашата демократија, на нашето општество од 2017 година, кога се почна со нејзината подготовка, па сè до сега. Стратегијата во овој момент е на половина од својата имплементација. Меѓутоа, токму  за оваа половина го имаше големиот предизвик, а тоа е Ковид кризата. Ковид кризата нè упсори на многу начини, институциите го намалија капацитетот, интеракцијата, општеството на некој начин се затвори во своите дневни соби и, од тие причини, малку можеше да се направи.

Но нашиот извештај за 2020 година зборува дека, сепак, 30 или 40 отсто од активностите се или завршени или се во тек, односно многу брзо ќе почнат да се реализираат. Така што, во останатиот период, се надеваме дека пандемијата конечно малку ќе нè остави раат. Значи, имаме уште половина од проектираниот годишен рок да ја имплементираме. Во овој момент важи принципот: имплементација, имплементација, имплементација – тоа е нашата обврска. Да видиме како ќе ја истераме оваа фискална година. Имаме ветување дека и со ребалансот ќе добиеме средства за оние активности што треба да се спроведат. Тие се спремни, чекаат. И се разбира, во 2022 година ќе имплементираме сè што ќе преостане од самата Стратегија.

Битен чекор е конечно да го направиме и првиот состанок на таканареченото постојано оперативно тело. Тоа е она политичко тело кое се состои од дузина министри од владата и директорите на најзначајните институции. Тоа политичко тело треба на некој начин да го усвои она што е до сега сработено, но и да ги ревидира и усвои ревизиите на идниот план. Треба да провери како стои земјата во однос на новите препораки, новите извештаи, новите норми, директиви, заклучоци или препораки кои во изминатиот период ги донеле и домашните организации, и меѓународните тела.

Така што, состанокот на ова политичко тело е многу битно и, еве, го подготвуваме тој состанок и очекуваме во текот на јуни, час поскоро, да се случи. Тоа, меѓу другото, е уште еден столб на Стратегијата, затоа што координативното тело секојдневно се занимава со имплементацијата, редовно се состанува. Многу е битно сега и политичкото тело да се состане, за да можеме да продолжиме понатаму и да ги оствариме сите сегменти што се зацртани во самата стратегија. И да заокружам, имплементацијата во сите различни седум стратешки области, мора да продолжи и проектите да се случуваат. Во таа смисла, она што и во отежнати услови се случуваше и во 2020 и во 2021 година во првата половина од годината, ни дава право за оптимизам дека ќе успееме да ја имплементираме Стратегијата до крај, онака како што е зацртана. Се разбира, има потреба и за пошироко прифаќање на идеите од општеството.

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ: БИТЕН ЧЕКОР Е КОНЕЧНО ДА ГО НАПРАВИМЕ И ПРВИОТ СОСТАНОК НА ТАКАНАРЕЧЕНОТО ПОСТОЈАНО ОПЕРАТИВНО ТЕЛО. ТОА Е ОНА ПОЛИТИЧКО ТЕЛО КОЕ СЕ СОСТОИ ОД ДУЗИНА МИНИСТРИ ОД ВЛАДАТА И ДИРЕКТОРИТЕ НА НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ИНСТИТУЦИИ. ТОА ПОЛИТИЧКО ТЕЛО ТРЕБА НА НЕКОЈ НАЧИН ДА ГО УСВОИ ОНА ШТО Е ДО СЕГА СРАБОТЕНО, НО И ДА ГИ РЕВИДИРА И УСВОИ РЕВИЗИИТЕ НА ИДНИОТ ПЛАН. ТРЕБА ДА ПРОВЕРИ КАКО СТОИ ЗЕМЈАТА ВО ОДНОС НА НОВИТЕ ПРЕПОРАКИ, НОВИТЕ ИЗВЕШТАИ, НОВИТЕ НОРМИ, ДИРЕКТИВИ, ЗАКЛУЧОЦИ ИЛИ ПРЕПОРАКИ КОИ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ГИ ДОНЕЛЕ И ДОМАШНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, И МЕЃУНАРОДНИТЕ ТЕЛА.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ако зборуваме за политичката волја, таа е несомнена, таа е препознаена и во домашната јавност и во граѓанското општество, а препознаена е во меѓународни рамки. Северна Македонија доби големи признанија токму за Стратегијата „Едно општество за сите“, впрочем беше препознаена и во времето на Шарената револуција кога граѓанките и граѓаните маршираа по улиците на македонските градови и бараа еднаквост, слобода, правда и недискриминација, владеење на правото. Тоа е интегрирано во она што е познато во јавноста и што минатата година зборувавте во нашето интервју за седумте столбови на Стратегијата „Едно општество за сите“. Меѓутоа, едно е да се има политичка волја, но друго е да се разбере, да се дознае повеќе и сето тоа заедно – разбирањето и знаењето – да се применат. Дали и колку институциите во нашата земја, Владата, поединечни политичари и политичките партии, граѓанското општество и медиумите, имаат разбирање и спремност да дознаат повеќе и сето тоа да го применат. Во нашето општество често остануваме само на политичка волја и декларации, а некако до примена потешко доаѓаме. Имаме ли доволно знаење и разбирање?

АЛАЃОЗОВСКИ: Всушност, успешноста на една стратегија, или успешноста на еден пристап во општеството се мери според тоа колку сите општествени фактори, а особено политичките, ќе ја прифатат. Во таа смисла, Канада стана лидер на мултикултурализмот и интеркултурализмот во општеството во оној момент кога и политичарите сфатија дека така мора да биде. Па и во онаа славна влада на Трудо ги имаше и како фигури тие политичари, а во таа смисла ние сме на самиот почеток, би рекол. Треба уште многу да учиме и да ја разбираме идејата за интеркултурниот дијалог, идејата за еднаквоста, но и идејата за сплотеноста, за меѓусебната интеграција која што не значи асимилација, која не значи адаптација, која не значи дури ни толеранција – и тоа е негативен збор!

Разликите треба да ги почитуваме, но во разликите треба и да уживаме, треба заеднички да ги искусуваме. Она што е моја специфика и она што е ваша специфика треба заеднички да ги уживаме и во таа смисла да ги комуницираме искрено и не само заради тоа што ве толерираме, туку затоа што сакаме заеднички да живееме, имајќи предвид дека за вас тоа значи културна или било каква друга специфика или посебност. Секако дека таа ваша посебност не треба да биде плод на дискриминација, дали би била етничка, религиозна, сексуална или на крајот на краиштата и културни вкусови, естетски вкусови итн.

Просто, бидејќи ова е приоритетна владина Стратегија. Обврска на секој политичар е да ја разбере и да ја имплементира. Наша обврска и фокус во изминатиот период беше да работиме на институционална сензитивност. Значи, институциите и сите актери кои се на раководни или на било какви други позиции во општествената, односно државната администрација и структура, да бидат свесни и да имплементираат.

Во таа смисла, во институциите, на пример, зацртавме дека во правниот систем треба да се почитува правото на правична застапеност. Сега можеме да рапортираме дека при изборот на учесници во Академијата за обука на јавни обвинители и судии, таа била запазена и може да ви кажат и преку записници да потврдат, дека правичната застапеност како критериум била испочитувана и имаат меѓу другото и бројки за тоа да го докажат, но тоа се случило меѓу другото и затоа што ние си го поставивме тоа како обврска да го спроведеме и Министерството за правда инсистира и тој принцип да се зачува.

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ: ИМАМЕ ВЕТУВАЊЕ ДЕКА И СО РЕБАЛАНСОТ ЌЕ ДОБИЕМЕ СРЕДСТВА ЗА ОНИЕ АКТИВНОСТИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДАТ. ТИЕ СЕ СПРЕМНИ, ЧЕКААТ. И СЕ РАЗБИРА, ВО 2022 ГОДИНА ЌЕ ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ СÈ ШТО ЌЕ ПРЕОСТАНЕ ОД САМАТА СТРАТЕГИЈА.

Тоа е така во сите области – институциите да внимаваат. Дури и во обично координативно тело, дури и во било кој Совет, немаме тенденција на идеолошко слепило или еден вид игноранција од близина. Ги собирам луѓето со коишто редовно комуницирам или соработувам, но ако се погоди тоа да се повеќето мажи, или повеќето Македонци, или повеќето Албанци, тогаш тие го реконституираат телото.

Треба да внимаваме разноликоста да ја застапиме дури и кога не ни доаѓа автоматски. Затоа е битна Стратегијата. Така се гради свеста. Тоа е свест што треба да ја изградиме особено како политичари.

Разноликоста и почитувањето на другиот да ни биде спонтана реакција, но сè додека не ни стане спонтана, ни требаат стратегии, планови, ни треба преземање на обврски и градење на таа свест. Во овој момент сме во фаза во која ги имаме стратегиите и плановите, ја имаме преземено обврската, но треба многу да работиме и на себе и на својата свест.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку граѓанското општество, граѓанките и граѓаните организирани во иницијативи, организации, асоцијации имаат простор да учествуваат во вашата работа, работата на Владата, во конкретни чекори. Споменавте и одредени активности што се очекуваат во најскоро време, во првата половина во јуни, со состанокот на Координативното тело. Дали и како граѓанското општество може да учествува и понатаму во детализирањето на активностите, збогатувањето на плановите и програмите и во спроведувањето на стратегијата „Едно општество за сите“?

АЛАЃОЗОВСКИ: Оваа стратегија е една од пионерските, но јас мислам дека може да се пофалиме дека учеството на граѓаните е веќе одлика, односно методологија на работа на оваа Влада. Во меѓувреме, се формираа уште неколку Координативни тела, уште неколку владино-граѓански партнерства кои сериозно ги вклучуваат граѓанските организации. Ние во Стратегијата, како што ги вклучивме во правењето, така тие се вклучени и во самата имплементација. Претставници на граѓанските организации има и во двете тела, тие учествуваат и ќе учествуваат во нивната работа, но и при самата имплементација за стратегијата, предвидовме дека резултатите, достигнувањата, но и во ревизијата на нашите приоритети и цели, промената на плановите, евентуално и на концептот, ќе ги вклучиме и граѓанските организации.

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ: РАЗЛИКИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ, НО ВО РАЗЛИКИТЕ ТРЕБА И ДА УЖИВАМЕ, ТРЕБА ЗАЕДНИЧКИ ДА ГИ ИСКУСУВАМЕ. ОНА ШТО Е МОЈА СПЕЦИФИКА И ОНА ШТО Е ВАША СПЕЦИФИКА ТРЕБА ЗАЕДНИЧКИ ДА ГИ УЖИВАМЕ И ВО ТАА СМИСЛА ДА ГИ КОМУНИЦИРАМЕ ИСКРЕНО И НЕ САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО ВЕ ТОЛЕРИРАМЕ, ТУКУ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА ЖИВЕЕМЕ, ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ЗА ВАС ТОА ЗНАЧИ КУЛТУРНА ИЛИ БИЛО КАКВА ДРУГА СПЕЦИФИКА ИЛИ ПОСЕБНОСТ.

Мене ми е драго да видам дека повеќето институции или министерства и агенции, кога планираат круцијални проекти од областа, секогаш ги вклучуваат и граѓанските организации како партнери и инплементатори, но и како ко-партнери и ко-финансиери се јавуваат големите меѓународни организации и тела. Мене ми се чини дека тие трипартитни или четирипартитни партнерства се најдобра гаранција дека заедно чекориме кон остварување на она што сме го зацртале како цел и преку тоа и управување на повеќе нивоа. Тоа навистина може да се случи само на овој начин кога ќе ги слушнеме и интересите и забелешките на самите граѓански организации.

Отворени сме и дури посакуваме Стратегијата која што главно се однесува на обврските на институциите, нејзиниот дух да наиде на што е можно повеќе одек во самото граѓанско општество и да се прават активности и проекти за кои што, не мора да бидеме вовлечени, но ќе ни биде драго да бидеме информирани и да сме сведоци дека се случуваат во јавниот простор.

ЦИВИЛ МЕДИА: Стратегијата „Едно општество за сите“, всушност, произлезе од она што го воочи граѓанското општество, да се надмине поделбата, да се надмине стравот, да се надмине недемократското владеење, а да се воведе една сосема поинаква политика и практика во тој домен. Неодамна, на настан на ЦИВИЛ во кој учествувавте, спомнавте за едно истражување кое е направено за функционирањето на комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво. Каква е состојбата на локално ниво со овие комисии за односи меѓу заедниците, дали функционираат, каде можеме да видиме напредок, што може да се направи ако нема напредок?

АЛАЃОЗОВСКИ: Комисиите на локално ниво се сметаат за важни за оваа Стратегија. Тие се препознаени како клучни форми, формати, органи, преку кои се одвиваат односите меѓу заедниците, но и интеркултурниот дијалог и еднаквоста. Во таа смисла, тие веќе се формирани како последица на Рамковниот договор, но едно истражување кое што го правеше Министерството за локална самоуправа во партнерство со невладини организации, веќе направи сериозна анализа на сегашната ситуација, колку тие функционираат, но и каква им е позицијата согласно постојната регулатива.

Се дојде до заклучоци дека комисиите не секаде се формирани, не секаде постојат, не секаде си ја вршат својата функција и дека постојат големи варијации во однос на нивната активност. Една од препораките, односно заклучоците е дека тие мора во следниот период, со првите законски измени од клучниот закон за локална самоуправа, што беше донесен далечната 2004 година, да се внесат и тие забелешки што се однесуваат и на Комисијата за еднакви можности и за Комисијата за односи меѓу заедниците.

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ: КОМИСИИТЕ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО НЕ СЕКАДЕ СЕ ФОРМИРАНИ, НЕ СЕКАДЕ ПОСТОЈАТ, НЕ СЕКАДЕ СИ ЈА ВРШАТ СВОЈАТА ФУНКЦИЈА И ДЕКА ПОСТОЈАТ ГОЛЕМИ ВАРИЈАЦИИ ВО ОДНОС НА НИВНАТА АКТИВНОСТ. ЕДНА ОД ПРЕПОРАКИТЕ, ОДНОСНО ЗАКЛУЧОЦИТЕ Е ДЕКА ТИЕ МОРА ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД, СО ПРВИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ОД КЛУЧНИОТ ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ШТО БЕШЕ ДОНЕСЕН ДАЛЕЧНАТА 2004 ГОДИНА, ДА СЕ ВНЕСАТ И ТИЕ ЗАБЕЛЕШКИ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ И НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ.

Тоа значи, ова тело да стане задолжително, да добие поголем мандат, со други законски акти да му се дадат надлежности, за да може систематски и регуларно да ја врши својата работа, но и да нема само советодавна функција, туку да работи со препораки кои што потоа ќе бидат задолжителни и за локалните совети и за локалните самоуправи, односно за локалната администрација.

Мене ми е драго што и во програмата за децентрализација и во акцискиот план на таа програма кои се во фаза на усвојување, тоа е добро проектирано. Во наредниот период 2021-2022 се очекува тоа да се случи. Тоа подобрување ќе ги направи конечно овие комисии функционални и ќе им го даде потребниот правен ветар за да не останат само на добрата волја на односните совети и конституции.

Во таа смисла, пак, зависи од општинските односи, на политичката репрезентација, од заедниците што живеат во одредена општина, дали тоа ќе функционира или не. Како што кажав, на многу места тие не функционираат, а одговорност за тоа имаме и ние, затоа што треба да го промениме законскиот и легалниот амбиент на нивното постоење.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Обработка на текст: Биљана Јордановска, Дијана Тахири, Дехран Муратов
Камери: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Игор Чадиноски

РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ: „ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ Е ПРИОРИТЕТНА ВЛАДИНА СТРАТЕГИЈА. ОБВРСКА НА СЕКОЈ ПОЛИТИЧАР Е ДА ЈА РАЗБЕРЕ И ДА ЈА ИМПЛЕМЕНТИРА. НАША ОБВРСКА И ФОКУС ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД БЕШЕ ДА РАБОТИМЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНА СЕНЗИТИВНОСТ. ЗНАЧИ, ИНСТИТУЦИИТЕ И СИТЕ АКТЕРИ КОИ СЕ НА РАКОВОДНИ ИЛИ НА БИЛО КАКВИ ДРУГИ ПОЗИЦИИ ВО ОПШТЕСТВЕНАТА, ОДНОСНО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И СТРУКТУРА, ДА БИДАТ СВЕСНИ И ДА ИМПЛЕМЕНТИРААТ.

НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0 (преземањето е слободно, со атрибуција/линк)

Tags: “едно општество за сите“граѓанско општествоеднаквостмеѓуетнички односиМултикултуранедискриминацијаРоберт Алаѓозовскистратегијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ