• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Црната пропаганда е таму каде што заслужува, во калливите ровови и темните подруми

June 16, 2021
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Црната пропаганда е таму каде што заслужува, во калливите ровови и темните подруми

June 16, 2021 18:24
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Гледам едно големо ЗА наспроти едно мало ПРОТИВ“, рече Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец на дебатата на ЦИВИЛ со „сообраќаен“ наслов – „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. Ова е нов пристап, ексклузивно промовиран на јавниот настан на ЦИВИЛ (ами каде?) и веројатно ќе биде окосница на тоа што ќе се случува во јавните комуникации во претстојниот период.

Конечно, во овој став се навестуваат нови перспективи и пресврт во распламтената хибридна војна што се одвива глобално и ни оддалеку не ја одминува нашата земја. Ова е почеток на една нова фаза, каде што наративите во јавниот дискурс од корен може да се променат.

Очекувам црната пропаганда да го заземе своето заслужено место – во калливите ровови и темните подруми. Со други зборови, да прејде во дефанзива.

Време е за точни информации и за борба на мислења, не за надмудрување и деструкција. Време е да ѝ се спротивставиме на искривената реалност што ја создава црната пропаганда, со избирање на поинаков, проактивен и афирмативен пристап.

Наместо дефанзива, бескрајно и бесполезно објаснување и препирки со подземните фабрики за дезинформации, новиот пристап отвора можност идеите, настаните и процесите да го добијат заслуженото место во јавната комуникација, преку доследно претставување, транспарентно и одговорно. Впрочем, самиот наслов на настанот тоа и го сугерира и на извонреден начин беше „пресретнат“ од моите соговорници Забрчанец, Илиев, Стојчевски и Петрески.

На ист панел се сретнаа и ги здружија своите експертизи експерт за комуникации, одбрана, меѓународно јавно право и медиуми. Ситуацијата е сложена, демократијата е под постојан напад од „непредвидлив и недофатлив непријател“, но одговорот е формулиран и капацитетите се ставени во функција. Нападот е комплексен, таков е и ќе биде одговорот.

Во само еден час може да се соберат само неколку кратки цртички и пораки, наспроти непрегледното пространство од информации, знаења и искуства што се прибирани со години во битката со дезинформациите и хибридните закани. И кои експертите со кои разговарав, без сомнение, ги поседуваат. Како што стојат работите, постојат одлични шанси Северна Македонија да биде лидер во креирање нови и успешни приказни во борбата против дезинформациите и хибридните закани.

Не се работи само за менување на наративите, туку и на пристапот. Нема причина зошто нашиот ден би требало да го одбележува препирката со дистрибутерите на дезинформациите и црната пропаганда. Тоа не е исклучено, но нема ниту една видлива и разумна причина да бидеме определени и дефинирани (само) преку нашата борба против дезинформациите. Напротив, нас треба да нè определуваат точните информации и вести за тоа што претставува секој од нас, што е суштината на настаните и процесите, што сме ние, а не што претставува нашиот одговор против црната пропаганда.

Кога ќе запалите светло, сигурно не се занимавате со тоа каква била собата кога во неа било мрачно, туку го правите тоа поради кое сте влегле во собата. Кога планирате да креирате прогресивно општество, носите решенија и ги спроведувате, тие самите по себе се доволно добри одговори на измислиците од креаторите на црната пропаганда.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ