• Latest

Дечев: Додека партиските структури разделуваат, невладините обединуваат

June 29, 2021
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дечев: Додека партиските структури разделуваат, невладините обединуваат

June 29, 2021 12:48
in ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека партиите разединуваа, граѓанските организации обединуваа. Само човек што никогаш не учествувал во хуманитарни активности, што не волонтирал може да споделува говори на омраза кон граѓанскиот сектор. Да не беше тој граѓански сектор се уште низа села ќе немаа вода или се уште во Велес, Топилницата ќе беше загадувач или низа млади немаше да имаме можност да излеземе од државава и да бидеме дел од низа едукативни настани“, истакна Стевче Дечeв, од Фондација Импакт Нет, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“.

„Бев 11 години кога му се јавив на Градоначалникот на Велес, како дете конзул на Детската Амбасада за да ни обезбеди автобус за да присуствуваме со низа деца на хуманитарен настан во Скопје. Успеавме и за автобусот но и да формираме можности за низа деца и млади.

Моето обраќање ќе го започнам со изјава од Мишел Мартели која има изјавено: Кога влегов, Хаити веќе не беше управувана од властите на Хаити. Управувањето претежно беше водено од невладини организации и нивните волонтери кои помагаа насекаде, веднаш по ураганот во 2016г. кој ја имаше уништено оваа островска држава и кој имаше оставено повеќе од милион ипол луѓе без храна и дом.

Поделбата на Југославија, братството и единството кое заврши со крв до коленици пред се водено од бесуштинските војни на просторите на државата која веќе ја немаше. Војни кои беа водени од довчерашни партиски соборци, а во 1992г. веќе беа лидери на завојувани страни.

Додека партиите разединуваа, граѓанските организации обединуваа.

Додека партиските лидери имаа безбројни состаноци за договор за поделба на територии. Активисти од Уницеф, УНХЦР, Црвениот Крст, МЦМС, Сорос, низа хуманитарни христијански волонтери од домашни и странски хуманитарни организации веќе беа со цивилното население и обезбедуваа храна, лекови, вода за илјадниците бегалци.

Трет случај Косовска криза, близу 500.000 бегалци од Косово најдоа прибежиште во Македонија. Додека политичките лидери и радикални структури се гледаа преку нишан. Граѓаните, граѓанските организации обезбедуваа дом, храна, шатори, ќебиња, намирници за сите.

Граѓанското општество се однесува на групи кои не се интегрален дел од политичките структури на една држава, но се поврзани со истите како дел од јавната сфера кое е посветено на обезбедување на општото заедничко добро. Од аспект на формите на државна организација, граѓанското општество е тесно поврзано со демократијата, а со тоа и карактеристика за демократските општества. Автократските, тоталитарни и недемократски политички системи и режими не го стимулираат, а многу често и потиснуваат секој начин на алтернативно размислување, па оттука го оневозможуваат развојот на граѓанскиот сектор. И затоа би рекле дека додека политичките и воените структури знаат да креираат тоталитаризам, граѓанското општество реализира трансформација.

Енергично граѓанско општество може да ги предизвика оние кои се на власт документирајќи корупција или откривајќи активности како убиство на политички непријатели. Во демократиите, оваа функција најмногу ја извршуваат медиумите, невладините организации или опозициските партии.

Во рамките на политичката улога која ја играат, организациите на граѓанското општество претставуваат противтежа на државите и корпоративната моќ, а со тоа се есенцијален столб кој промовира транспарентност, отчетност и други аспекти на она што се нарекува „добро владеење“. Особено во општествата во кои недоволно се води грижа за основните човекови права, граѓанскиот сектор обезбедува канал преку кој може да се пласира волјата на граѓаните по одредени прашања. Или поедноставено, граѓанското општество ја претставува „моќта на граѓаните“ и ги зајакнува демократските капацитети во општествата.

Па така би рекол ако раните 90те години беа години кога граѓанското општество обезбедуваше хуманитарна помош. Тоа многу брзо премина кон обезбедување на демократизирање на државата поддржувајќи создавање први независни медиуми и рушење на медиумскиот мрак кој дотогаш постоеше како последица на комунистичкиот режим. Од 1999 г. улогата на граѓанското општество беше кон посветеност кон помирување, мирно решавање на конфликтите и изградба на мултиетничкото и интеретничкото општество за во 2001г. да кажеме ДОСТА Е на сите обиди да се наруши мирот, а подоцна и да потврдиме дека навистина Моќта е во народот и граѓанското општество да помогне и кон промена на политички субјекти за да создаде рамка во која може да има многу добра за сите.

Поддршка на процесите за изградба на капацитетот на институциите, борба за правично судење, борбата против зависностите, транспарентност и борба против корупцијата, човековите и малцинските права, можностите за младите, неформалната едукација, посматрање на изборите, европските перспективи, поддршка на лицата со попреченост, грижата за животната средина и борбата против загадувачите до првата еколошка Зелена Револуција во Велес против Топилницата се само мал дел од она каде имаме најголем импакт како изградба на граѓанското општество.

Ален ле Роа, претставникот на ЕУ во Македонија, уште во 1999г. во националното Собрание на нам тогаш собраните деца од Детскиот парламент кои за еден ден ги заменувавме пратениците ни рече: вие сте генерацијата што Македонија ќе ја внесе во Европската Унија. Не тогашните политичари и не политичарите. Туку вие! Тогаш бевме деца, кои сега пораснавме но зборовите останаа да бидат реалност. Јас верувам дека натпартискиот и граѓанскиот момент може да биде решението за нашето поделено и испартизирано општество. И граѓанското општество и натпартиското обединување може и треба да биде предводникот кој ќе донесе европска перспектива за сите нас, дигитализација и реализацијата на Зелената Агенда, еколошкиот и одржлив туризам и замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија.

Многу добра може да креира граѓанското општество и затоа треба што повеќе поддршка и можности за одржливост на истото да се создадат.

Симонида Кацарска ќе забележи дека: „…примарниот фактор на ниското ниво на граѓанско учество кај нас е континуираното постоење на комунистичката политичка култура. Како и во сите земји во транзиција, резултатот на падот на режимот во Македонија беше „политички обезглавена маса на поранешни клиенти на државниот социјализам“, без иницијатива за самоорганизирање“. Раширеното беззаконие и социјалната нееднаквост резултираа во егоистични општествени практики несоодветни со механизмот на регулирање на општествените односи согласно со принципите на владеење на правото, рационалност и ефективност“.

Иако неодамнешните политички случувања во светот, вклучително и порастот на популизмот и стеснувањето на просторот за делување на граѓанските организации, можат да делуваат како обесхрабрување за нашите аспирации за градење на силно и слободно граѓанско општество, сепак се јавуваат сè повеќе барања за нови облици на демократско учество.

Новите облици на демократија во кои се применуваат новите технологии можат да ги охрабрат граѓаните поефективно да учествуваат во општеството и најмногу да ги уживаат промените. Балканскиот регион посведочи за граѓанските заложби кои донесоа промени и во најрестриктивните периоди кога просторот за делување на граѓанските организации беше затворен – тоа е доказ дека активизмот, коалицирањето и солидарноста носат промени и во тешки времиња.

Аушвиц не падна од небо. Започна со мали форми на прогон на Евреите. Се случи, значи може и да се случи секаде. Затоа мора да се бранат човековите права, граѓанското општество и демократските устави. Единаесеттата заповед е не бидете рамнодушни. Не бидете рамнодушни кога гледате историски лаги. Не бидете рамнодушни кога било кое малцинство е дискриминирано. Не бидете рамнодушни кога моќта прекршува социјален договор или наштетува на граѓанското општество!“, потенцира Дечев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ