• Latest

Замрзнати сметките на Рашкоски и семејството, ДУИ и АА ќе размислат за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ во Штип и Свети Николе со европски вредности…

July 6, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Замрзнати сметките на Рашкоски и семејството, ДУИ и АА ќе размислат за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ во Штип и Свети Николе со европски вредности…

July 6, 2021 17:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Кривичен суд ги замрзна сметките и имотот на Рашковски и неговите деца

На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје, донесе одлука да го замрзне имотот и сметката на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, како и на неговите две малолетни деца. Според Кривичниот суд, одлуката е со цел „да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка“.

Во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари.

Рашковски беше приведен на 16 април годинава, во рамки на истрагата за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци. За него се води постапка под сомнение дека, како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци, иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користиле софтверот. Тој во истражниот затвор, односно во притвор, беше задржан неполни два месеца.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Царовска: Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк

„Ако порано имаше обврска да се трошат само кај одредени угостители кои се регистрирани во министерството, сега финансиските средства одат кај студентите, секако со препорака да се користат за набавка на храна. Можеби сега мерките се релаксирани, но не знаеме што ќе се случува во септември, октомври, ноември, декември кога студентите ќе треба да го добиваат овој додаток, а замислете рестораните се затворени и работат само продавниците. Со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и тие да може да си обезбедат оброк и од маркетите“, изјави Министерката за образование, Мила Царовска во Утрински брифинг.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаа средби со свои колеги од ДУИ и од Алијансата на Албанците за поддршка на нивната резолуција за евроинтеграцискиот пат на земјата. ДУИ смета дека треба усогласување на резолуцијата помеѓу партиите, додека Алијансата за Албанците и препорачува на Владата да биде внимателна.

ПРАВДА  Oдбраната во случајот „27 април”, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, денеска на судското рочиште истакна дека обвинетите за организацијата на 27 април ниту имале комуникација меѓу себе ниту во дејствијата за кои ги гони обвинителството има насилство за да може да одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

ПОДДРШКА Владата одобри проекти за уште 36 општини од програмата ТАВ

СТАРТАП БИЗНИС Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УСАИД потпишаа Мeморандум за соработка со кој ја продолжуваат соработката за поддршка на претприемништвото и стартап бизнисите, зајакнување на капацитетите на приватниот сектор и зголемување на конкурентноста.

ЦИВИЛ 7: Невладини „фолиранти“ или „прогресивци“, се активира изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, Преспа Форум Дијалог

Прес конференција под наслов „Отворено за сите прашања“ за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ оваа година, постигнувањата и предизвиците од досегашната имплементација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ во дадените општествено политички прилики, што претставува проектот „Зелено општество за сите“, во што се состои новата фаза од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“?, за мониторингот на дезинформации, лажни вести и говор на омраза во изборен контекст, како и националистичките наративи и хибридните закани со кои се соочува општеството, јавниот настан на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?, и Преспа Форум Дијалог се тема на ова издание на ЦИВИЛ 7.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска одржа работилница во Штип на тема: „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“, на која учествуваше градоначалникот на Штип, Сашко Николов, како и претставници на граѓанското општество.

Екипата на ЦИВИЛ одржа инфо штандови во Штип и Свети Николе каде што ги промовираа европските вредности и мултикултурализмот пред граѓанките и граѓаните.

Работилницата и инфо штандовите се дел од проектот „Европски перспективи (следно ниво)“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Македонски и хрватски активисти ќе дискутираат за црната пропаганда против граѓанското општество

Претставниците на граѓанското општество утре (среда, 7 јули) ќе учествуваат на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Црната пропаганда против граѓанското општество“ што ќе се одржи на 7 јули (среда), во хотел Парк Резиденс & Спа (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.

Учествуваат Горан Ризаов од Фондација Метаморфозис, Кочо Андоновски, ЛГБТИ Центар при Хелсиншки комитет, Павле Богоевски од Прогрес институт, Милан Спировски од ЗНМ и Иван Блажевиќ од Солидарна, Република Хрватска. Дискусијата е отворена и за други граѓански организации кои, по претходна најава, имаат можност за онлајн вклучување во дискусијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ниту име загубивме, ниту јазик ниту идентитетот. Напротив. Го депониравме ФИРОМ во историја како сведоштво на едни времиња, на едни балканските сеништа што тука и таму сè уште талкаат по овие простори кави што сега се и овие со бугарските антимакедонски политики.

Но како да забораваме дека ако како држава не сте запишани во ООН, тогаш не сте држава. А државата Македонија е единствената држава, единствената  политичко правна конституција запишана во тетратката на ООН  што во името ја содржи именката Македонија. Сега северна, ама Македонија, а Македонците се единствениот народ во светот кој, исто така како што е запишано во светската катастарска книга, е запишан како македонски јазик.“, пишува Зоран Иванов во колумната „Чуму страв ако сме пиреј“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ