Од денешните изјави издвојуваме: Николовски за почитување на европските вредости, Трајков за инклузивноста и еднаквото општество за сите, Стефоска за соработката со Албанија за зачувување на културното богатство…
„Штип претставува традиционално мешана мултикултурна општина. Со векови наназад овде живеат Власи, Турци, Роми, Бошњаци, Македонци, Торбеши, Албанци живееле тука. И не можете да поминете и да кажете „ова е турско маало, овде живее Влав, овде Албанец…“, куќите и дворовите се поврзани и измешани, и јас се радувам што односите меѓу етничките заедници во нашата општина се на едно многу високо ниво. Дури тоа што Европската Унија го бара, системот да се имплементира, ние тоа го живееме.
Штип може да биде пример за тоа како мултикултурализмот може да функционира цврсто и заеднички на едно прекрасно ниво. Моментално немаме таква канцеларија во нашата општина, веројатно не се ни створила потреба од такво нешто, меѓутоа, тоа е во духот на демократијата, во духот на европеизацијата, со цел оа што го зборуваме, да биде транспарентно. Ние тоа го знаеме, но светот не знае. И тоа треба на елоквентен начин да го елаборираме пред Европа, за да видат дека тоа што тие го створиле како систем за мултикултурализам, ние го тераме векови наназад“, вели Николов.
Трајков: Штипскиот театар е пример за инклузивно и еднакво општество за сите
„За првпат во Народниот театар во Штип воведуваме титлување на секоја една претстава и тоа ќе се наоѓа на самиот раб од сцената за да можат луѓето коишто имаат оштетен слух да може да присуствуваат и да бидат инклузивно вклучени во целиот процес на гледање на театарска претстава што досега не беше таков случај.
Со инвалидската количка нема место ниту за разминување и постои објективен проблем, што за лицата како нас не е проблем, но за овие лица претставува проблем што не може да припаѓаат во оваа група. Затоа решивме да извадиме по 5 седишта од првиот и вториот ред за да може да се сместат инвалидски колички и со тоа ќе имаат целосна рамноправност со останатите гости и нема да штрчат, туку ќе бидат дел од останатата публика. Се надеваме дека со ова ќе придонесеме да се чувствуваат дека се дел од ова општество кое е еднакво за сите. Ако ова е едно општество не треба тие да бидат на страна, ние ќе направиме да бидат исто вклучени и на исто место да бидат дел од таа публика, а не да седат на страна или да нема место за нив кај да се сместат.
„Денеска во Охрид се договоривме дека отвораме ново поглавје во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Се согласивме дека преку заедничкото управување на нашето природно и културно наследство што го споделуваме со целиот свет, односно со преземање конкретни чекори за заштита, ќе поставиме пример и за развојот на добрососедските односи, за подобар и поблиску интегриран балкански регион“, кажа министерката за култура Ирена Стефоска на заедничката седница на националните комисии на УНЕСКО на Северна Македонија и на Албанија што се одржа денеска во Охрид.