• Latest

Правда ќе има, проветрувањето во судството со жестоко темпо

July 14, 2021

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Правда ќе има, проветрувањето во судството со жестоко темпо

July 14, 2021 16:07
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Најтешките реформи секогаш се судските. Светските медиуми и индустријата на документарни и играни филмови се полни со наслови за судии, добри и лоши, корумпирани и чесни, способни и неспособни. Со децении наназад, македонското судство беше недопирливо. Иако меѓу луѓето постојано се зборува за судиите, тој глас никако не допираше до места од каде што може да се направат промени. Реформите во правосудството беа ветувани многупати порано, но остануваа да висат само како предизборни морковчиња. Еден судија да го стаса правдата за несовесно работење или корумпираност беше само пуста фантазија. Но реформите станаа реалност, наспроти сите блокади, притисоци и црна кампања чија цел беше и е да се осуетат напорите да се „проветри“ и да се „филтрира“ судството.

Повиците за правда и ветувањата дека таа ќе пристигне станаа реалност. И најновите разрешувања на судии говорат за тоа дека барањата, очекувањата и надежите не биле попусти. Конечно, јасно се гледа излез од децениските правосудни лавиринти, каде што беше тешко да се разликуваат и одвојат чесните од нечесните судии или стручните од нестручните.

Големото ветување на Владата, дека правда во нашата земја ќе има, дека ќе се спроведе проверка на работата во судството, веќе наголемо се остварува. Резултатите се видливи. За релативно краток период, до овој момент, разрешени се дури шеснаесет судии. Според најавите, процесот само ќе продолжи и тоа со засилено темпо.

За помалку упатените, важно е да се знае дека од пресудно значење беше да се создаде функционална Методологија според која Судскиот Совет може да прави проверки во судството и да поведе постапки за разрешување на оние судии за кои е утврдено дека направиле пропусти во работата или пак намерно застарувале предмети. По многу години чекање, конечно таа Методологија постои и се спроведува.

Од извештаите на меѓународните институции може да се види дека се препознаваат владините напори и резултати. На пример, во Клучните наоди од Извештајот на Европската Комисија во 2020 година, се констатира токму тоа, дека „има добар напредок во имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, адресирани се „Итните реформски приоритети“ и препораките од Венецијанската Комисија и на Експертската група за системски прашања од областа на владеењето на правото“.

Се препознава и се поздравува фактот и дека системот е во фаза на коренити реформи, а со оглед на темпото на реформите и „проветрувањето“, кон крајот на оваа година може да се очекуваат само уште подобри оценки од меѓународната заедница.

Во изминатиот период, јавноста и меѓународната заедница можеа да посведочат дека во нашата земја се решаваат проблеми наталожени со децении. За жал, како последица од црната кампања и опструкциите, перцепциите градени со години потешко се менуваат. Но важно е промените да бидат тука и да бидат суштински.

Кои се најновите вести од „проветрувањето“ во судството?

Горан Бошевски, кој беше разрешен пред неколку дена, претставува класичен пример на судија кој намерно застарувал предмети.

Разрешен е и Стојанче Рибарев, судија на Врховен суд. Во медиумите веќе имаше голем број објави дека, во својство на вршител на должноста, претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, заминал на боледување токму во моментот кога Кривичниот совет од одделот за организиран криминал требало што поскоро да го комплетира и да го спакува предметот за „Тврдина“ и „Таргет“ за масовното незаконско прислушување, за кои се обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Тој го отворил боледувањето веднаш откако бил сослушан во СЈО за АКМИС системот. Неговата канцеларија била претресена во октомври 2017 година и биле прибрани компјутер и други доказни материјали. Во исто време, се извршил претрес и на канцеларијата и домот на експретседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Тој е веќе осуден на затворска казна од три години и шест месеци за злоупотреби на АКМИС системот.

Разрешени се и Зоранчо Мицевски, поранешен претседател на Апелацискиот суд во Штип и Сузана Здравева, судијка во Апелацискиот суд, исто така, во Штип.

За Здравева е познато дека не се изземала за случај во Клиничкиот центар во Штип, бидејќи адвокатската канцеларија каде што работи нејзиниот син, застапувала една од странките во процесот.

Ете што значат судските реформи и правдата во една цивилизирана, демократска држава. Можеби некои очекуваа „да се тркалаат глави“ и да има „стрелање“, да се линчува и суди по кратка постапка, но тоа не оди така во земја во која наталожените проблеми се решаваат институционално. Се разбира, стратегиите и законите не значат ништо, нив ги имаше во изобилство и за време на режимот на Груевски. Тие значат нешто, само ако се спроведуваат решително и бескомпромисно.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ