• Latest

Повторувањето на вистинитите вести е клучно во борбата против дезинформации

July 17, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Повторувањето на вистинитите вести е клучно во борбата против дезинформации

July 17, 2021 10:30
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ на 16 јуни одржа јавна дебата на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

Меѓу учесниците во дебатата беше и уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески.

„Ние ќе продолжиме да работиме на проверката на факти, особено затоа што гледаме дека за тоа има многу интерес, и тоа пред се има интерес од социјалните мрежи. Социјалните мрежи се во една таква позиција што сакаат да ги тргнат дезинформациите од своите страници, и голема улога за тоа имаат хибридните закани, учеството на странски фактори, еве таа фамозна 2016 година кога тоа стана толку многу страшно, имаше една студија веднаш по изборите во 2016 година, каде што се покажа дека дваесетте најчитани вести со дезинформации, биле по читани од дваесетте најчитани кои биле вистинити. Во последниот месец пред изборите, во последните триесет дена пред изборите оние дваесет вести со лаги биле најчитани за разлика од оние дваесет вести кои биле вистинити! И тогаш се виде дека ѓаволот ја однел шегата. Исто, се појавија веб сајтови кои бараа независност на Тексас. Да, во Тексас секогаш имало некакви ставови и мислења уште од нивната граѓанска војна, Тексас да бил независен, арно ама сега одеднаш се појави многу организирано. Се појави високо професионален сајт кој беше поврзан со социјалните мрежи, но ако погледнете подлабоко, ќе видите дека јазичните грешки таму, одговараат многу на јазични грешки кои би ги направил некој чијшто матичен јазик му е словенскиот јазик. Потоа, ако видите кога се објавуваат содржините на тој вебсајт, ќе забележите дека деведесет отсто се постираат меѓу девет часот наутро, и пет часот попладне, значи во работно време, арно ама по московско време. Се појавија Фејсбук групи каде што се бараше независност на Калифорнија. Калифорнија била петта најголема економија на светот, и гледате дека работите одат таму каде што не треба.

Исто така, гледаме закани што се случуваат овде кај нас. Во секој случај, она што сакам да го кажам е, какви методи ќе употребиме во борба против хибридните закани, се разбира зборувам во однос на мојот домен, во однос на јавниот дискурс, не говорам за оние хибридни закани од областа на шпионажа, саботажа итн. Тоа е сосема друга работа, ќе зависи од тоа, на кого се обраќа, која е главната публика за таа закана, и кој е методот за кој мислите дека ќе биде најефикасен, или онаа комбинација на методи која мислите дека ќе биде најефикасна.“, изјави меѓу другото, уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result