• Latest

ЦИВИЛ разобличи случај на разгорување на верска и етничка омраза, над 120 случаи на оркестриран говор на омраза и лажни вести, Охрид на поправен испит

July 23, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ разобличи случај на разгорување на верска и етничка омраза, над 120 случаи на оркестриран говор на омраза и лажни вести, Охрид на поправен испит

July 23, 2021 17:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ разобличи разгорување на верска и меѓуетничка нетрпеливост

Отакако вчера ЦИВИЛ Медиа алармираше дека е злоупотребен идентитетот на писателот Наум Попески, денес веќе не постои лажниот Фејсбук профил со истото име, преку кој се ширеше експлицитен говор на омраза поттикнувајќи етничка и верска нетрпеливост.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Неверојатно е како еден ум може да се служи со толкава омраза 

„Ова првпат ми се случува и се чудам како може еден нормален ум да користи такви грозотии, да се служи со таква омраза тоа е неверојатно. Ова се монструми и државата треба да ги санкционира за да не нè вознемируваат. Тоа не е својствено за мене, јас ги сакам сите и немам проблем со никого. Кога прочитав што се пишува во мое име, јас се згрозив, и не можев да спијам цела ноќ, едвај чекав да се раздени за да одам да пријавам“, изјави насолзен за ЦИВИЛ Медиа  писателот Наум Попески кој беше крајно вознемирен по злоупотребата на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

ЕДИТОРИЈАЛ

„Познатиот детски поет, со солзи во очите, фрлен во челуста на црната пропаганда на радикалите, раскажа за неговата потрага за заштита од институциите. Тој е решителен и упорен во таа потрага. Не смее да остане сам. Бидејќи секој од нас може да биде следната мета, ако веќе не е“ – пишува Џабир Дерала во денешниот едиторијал под наслов „Крајно нечовечна и криминална постапка на радикалните структури“.

МОНИТОРИНГ И АНАЛИЗИ  

Над 120 случаи на оркестриран политички и етнички говор на омраза и лажни вести во мај и јуни

Оркестрираното ширење на медиумски содржини со говор на омраза и лажни вести на социјалните мрежи продолжува со несмалено темпо. И во изминатите два месеци, мониторинг тимот на Цивил забележа над 120 такви содржини, во кои доминираат претежно говорот на омраза кон личности од политиката, етничкиот говор на омраза, но и организираното ширење на лажни вести.

Фокусот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ во периодот мај-јуни 2021 беше структурираното следење на говорот на омраза и лажните вести на социјалните мрежи и електронските медиуми. Во овој период детектирани се над 120 содржини на медиумски онлајн платформи и на социјалните мрежи, од кои Мониторинг тимот на ЦИВИЛ обработи 40 случаи. Повеќето беа содржини кои ширеа и поттикнуваа говор на омраза, а содржините за ширење на лажни вести беа во помал, но не помалку значаен број.

Анализата на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ за мај и јуни 2021 можете да ја прочитате ТУКА.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ТОРТУРА Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ ослободени од овинението за „Тортура“.

ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата“ ќе ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Претседателот Стево Пендаровски во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата“

УНЕСКО Охридскиот регион доби две години рок да ги исполни препораките на УНЕСКО и да избегне поместување на Листата светски богатства во опасност.

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА Северна Македонија и Португалија првпат почнуваат соработка во одбраната.

ЕКОНОМИЈА За 4,7 отсто e повисок предвидениот раст на приходите со ребалансот на Буџетот.

ЈАВЕН ПОВИК Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош.

МИНИ ШЕНГЕН Вучиќ на 28 и 29 јули во Скопје на Економски форум со претставници на над 175 српски фирми.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Перо Арсовски, еден од најдобрите македонски актери, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека различностите се вистинско богатство на нашето мултикултурно општество.

Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака  за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува  како таа ги доживува различностите, преку сетилата, музиката и филозофијата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Голема регионална конференција за нападите врз демократијата и човековите права во Западен Балкан

„Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ е регионална конференција, организирана од ЦИВИЛ, во соработка со Балканскиот форум, членки на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).

Конференцијата ќе се одржи на 28 јули 2021 година, со почеток во 11 часот, во хотел Парк Резиденс & Спа во Скопје.

Оваа конференција ќе биде прва во серијата настани што ќе ги организираат членките на ПГО до декември 2021 година.

ЦИВИЛ ќе биде домаќин на 150 минутна конференција со комбинирано учество (преку Интернет и физичко), поделена на две сесии. Во секоја од сесиите се поканети истакнати експерти и актери од граѓанското општество да зборуваат на прашања поврзани со темата на Конференцијата, по што ќе следи дискусија.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ