• Latest

Шарена револуција

May 5, 2016

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шарена револуција

May 5, 2016 16:20
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Шаренило насекаде. Шарена Влада, шарено Собрание, шарени лавови, воини на коњи, шарен суд, шарени чадори, а шарен и ДИК, шарени кордони полиција… Скопје доби на колорит со Шарената револуција. Илјадници граѓанки и граѓани одлучија дека револтот, разочарувањето, бесот и очајот во кој ги доведува лудилото на грст политичари ослепени од моќ, но и промените кои се неизбежни за крај на нивното криминално „царување“, можат креативно, ненасилно, а сепак гласно и протестно да влијаат на демократската преобразба и начинот на владеење.

biljana jordanovska
Пишува: Биљана Јордановска

Повеќе од половина месец улиците на Скопје, секој ден, со почеток во 18 часот, одекнуваат од чекорот и гласот на незадоволните граѓанки и граѓани.  Игнорантскиот отпор од извиканите челници на државата од ден на ден ги надополнува барањата на демонстрантите: повлекување на аболицијата, неотповиклива оставка на Ѓорѓе Иванов, одложување на изборите предвидени за 5 јуни, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, стоп на полициската бруталност… „Нема правда, нема мир!“ и сé додека таа  правда не биде задоволена демонстрантите најавуваат пролетна и летна и шарена и бучна и револуција која се шири низ градовите во Македонија во духот на слободата, еднаквоста, демократија и правдата.

Во пресрет на денешните протести, една година од протестот пред Владата по објавените разговори од опозицијата за убиството на Мартин Нешкоски, прашање е дали „шарените револуционери“, како вчера ќе „бомбардираат“ со боја, а ќе ги штитат полицајците со кабаници, или барем ќе се обидат.

На вчерашниот протест, полицајците љубезно ја одбија понудата на демонстрантите да се заштитат од прскањето со боја. Новинарите ја прифатија понудата за заштита не само на нивната гардероба, туку и на камерите и фотоапаратите коментирајќи дека сега може без проблем и дожд да истура, а не само боја.

13178761_959952380789898_1177134606245384254_n
Скопје 4 мај 2016

Како што посведочил и мојот колега Дехран Муратов, она што ги разгневи, но не и обесхрабри демонстрантите беше „љубопитниот“ снимател кој ги снимаше од прозорец на просториите на ДИК. Можеби сликите и снимките му требаат на заменик министерот Митко Чавков за избор за „алманах“ на МВР за најзгоден/а демонстрант/ка, прокоментираа демонстрантите  и снимателот го „поздравија“ (со кренат среден прст).

13100838_959953524123117_8882486187577771015_n
Пред ДИК, 4 мај 2016

Сепак, сликите и сеќавањата од 5 мај 2015 година можат да го разгорат гневот кон неправдата и бруталното однесување на полицијата кога голем број на демонстранти со физички повреди и вербални напади го завршија протестот, а никако да не ги заборавиме и оние кои беа приведени и обвинети за своето граѓанско право на мирен протест. Се разбира, на сметка на оние кои се приклучија кон протестот да исценираат насилна состојба која и доведе до ескалација и судир на полицијата со демонстрантите.

Демонстрантите, со пружена рака на помирување, со недели наназад се обраќаат и до полициските сили заеднички да им се стави крај на насилството, бруталноста, криминалот и слепата послушност.

Tags: МакедонијаПротестиСКОПЈЕЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ