• Latest

Прогласена кризна состојба, Армијата со зголемен ангажман во гаснење на пожарите, 219 заболени и 4 починати од КОВИД-19

August 5, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Прогласена кризна состојба, Армијата со зголемен ангажман во гаснење на пожарите, 219 заболени и 4 починати од КОВИД-19

August 5, 2021 16:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата донесе одлука за кризна состојба во траење од 30 дена

Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница, која се одржа изутринава во 8:30 часот преку видео конференциска врска, донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Северна Македонија, во траење од 30 дена.

Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување  со кризи, чии членови, на седницата која се одржа на 4.8.2021 година во попладневните часови, го прифатија предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради зголемена појава на пожари.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ – Шекеринска: Се зголемува ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево

Припадници на АРМ гаснат пожари фото/ Фб профил на Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Се зголемува ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево – 400 припадници на Армијата во моментов го гаснат пожарот во кај селата Истевник, Робово и Умлена, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Армиските хеликоптери таму исфрлија 56 тони вода, а вкупно досега со над 100 лета исфрлени се 200 тони вода на сите кризни подрачја зафатени од пожари, секаде каде што ЦУК побара реакција. Армијата безрезервно се ангажира во справувањето со пожарите од терен и од воздух.

Што значи кризна состојба и што се случува за време на оваа состојба?

Во Законот за управување со кризи кризната состојба е дефинирана како состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Одлуката за нејзино прогласување не може да трае подолго од 30 дена.

Доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат устен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи. Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЖАРИ Ситуацијата со пожарот во Пасјак е стабилна, но во опасност во моментот се Курјачко маало и Балабанци, при што зафатен е дел од туристичкиот локалитет „Истевнички Кукуљ“.

Кај Пехчево, кај месноста Бајаз Тепе, пожарот сѐ уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. На терен интервенираат Армијата, ШС Голак – Делчево, ТППЕ Делчево, гранична полиција, ПС Делчево, ЈПКД Брегалница, РЦУК Делчево, ТППЕ Македонска Каменица, ЈП Камена Река – Македонска Каменица, како и дел од екипата од Бугарија. Во гаснењето на пожарот се ангажирани и четири хеликоптери, а на екипите им даваат помош и волонтери од Црвен Крст Делчево.

Во Пелагонија, во Општина Прилеп, гори пожар кај селата Ракле, Никодин, Топлица, кој е активен на еден крак кон рудникот Козјак и еден крак кон селата Крстец и Никодин.

Во кумановски регион, ТППЕ Куманово интервенира поради запалена сува трева кај с. Јачинце. За увид, ТППЕ Старо Нагоричане утрово се упати кон с. Жељудино.

Пожарот во с. Коњух, кратовско, е изгаснат, а на терен поради контрола се ЈП Македонски Шуми.

ПОМОШ Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот профил на Фејсбук.

Пожарникари од Словенија

СОС ЛИНИИ Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.

КОВИД-19 Бројот на заболени со КОВИД-19 неделава е во постојан пораст. Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи со КОВИД-19, четири лица починале.

РАБОТНИЧКИ ПРАВА Независниот синдикат на пожарникарите при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информираше дека до нив секојдневно пристигнуваат дојави за прекршување на правата од работен однос во услови кога пожарникарите се борат со гаснење на пожарите низ државата.

ПОПИС Од Државниот завод за статистика информираат дека е продолжен јавниот конкурс за пријавување за да се обезбедат доволен број кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да се направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен. Конкурсот е продолжен до 12 август поради летните одмори.

АНАЛИЗА

Армијата во борба со огнената стихија: Како и врз кој основ дејствуваат војниците во справување со пожарите?

Од Петрит Сарачини

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и денеска се ангажирани во гаснење на пожарите на повеќе локации низ земјава, меѓу кои и најризичните реони на Делчево, Пехчево и Старо Нагоричане, а од денес и во Прилепско, каде се разгореа нови пожари. Од Илинден, Армијата се вклучи во гаснење и справување со последиците, ангажирајќи дел од составот во асистенција и помош на локалната самоуправа и институциите.

Дејствувањето на Армијата во оваа состојба е направено врз основа на Наредбата од претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на Армијата, Стево Пендаровски, за употреба на нејзините сили во случај на елементарни непогоди за поддршка на локалните самоуправи и институциите, кога тие не се во можност самостојно да се справат со нив, или имаат потреба од неопходна помош, информираат од Министерството за одбрана.

ЦИВИЛ

Трпевска: Медиумскатa писменост не може да бидe решение за проблемот со нарушувачкиот јавен дискурс, потребно е развивање вештини за критичко размислување

„Главниот фокус на мојата кратка дискусија ќе биде каде да го најдеме решението, која е основата и најдобриот пристап што можеме да го усвоиме за да се справиме со проблемот на влијанието на новите технологии во нашите општества, поточно проблемот со огромното ширење на дезинформации.“, изјави Трпевска на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, одржана на 28 јули во Скопје.

 

#НаправиРазлика #ПочитувајГиРазличностите

Трајков: Различностите нè држaт заедно како општество

СЛОБОДНА ЗОНА

„Трендололо и Офкукулеленет се претвориле во типична алатка на црната пропаганда која си има и свое име во соодветната терминологија – „убиство на ликови“ (“Character assasination”).

Денес на тапет е Влатко Стефановски – поради учество на манифестацијата во Крушево и спомнување (пази каков грев) на Северна Македонија. Некој ден пред тоа, беше „спружена“ проф. Најчевска. Пред тоа, Ненад Јовановиќ беше наречен „суштество“, со чудење зошто го канат на „Само вистина“. Пред него, беше исплукана новинарката Ида Протуѓер.

Речиси секој ден – прво со содржината, а потоа и во коментарите на верната бот војска, се расчеречува некој човек, само поради поинакви политички убедувања – од оние на шеретов и неговиот портал. Никој не чини освен него. Најумниот тој“, пишува Петрит Сарачини во изданието на Миднајт Експрес „Трендололо – „висок“ стил на оцрнување луѓе“.

Д.Т.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ