СВР Охрид – ОВР Дебар поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Дебар за пожарот на 8 август во с. Бомово, дебарско. Осомничен е Б.М. (60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.
Од МВР известуваат дека во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во с. Горно Мелничани, дебарско, полициските службеници лишија од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Р. Албанија).
Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар, тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од с. Броштица.
По документирањето и на овој случај, ќе биде покрената соодветна законска постапка.