• Latest

По антиваксерските протести се зголемува бројот на вакцинирани

August 19, 2021

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

По антиваксерските протести се зголемува бројот на вакцинирани

August 19, 2021 13:00
in КОВИД-19, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Антиваксерскиот протестен балон издиша како дупнат со игла

По низата крајно негативни коментари и остри реакции во јавноста  за говорот на омраза на неделниот антиваксерски и антиковид протест на неформална група граѓани за кој известуваше ЦИВИЛ Медиа, гласно најавуваното продолжување на истиот за вчера , во исто време и на исто место, и нормално во уште поголемо присуство, изостана.

Во меѓувреме, по острата осуда на говорот на омраза, особено кон докторите , од страна на Лекарската комора, Здружението на млади лекари, како и барањето на Здружението на новинари за заштита на медиумските работници кои присуствуваа на  протестот, во текот на вчерашниот ден имаше и немушти обиди за извинување за говорот на омраза од страна на некои гласноговорници на протестот – Гордана Гоџо „не е знајала„ дека на нејзиниот говор во моментот кога ги спомнала докторите, публиката меѓу другото ги извикувала и зборовите „убијци“.

Сепак ,за разлика од лекарските здруженија кои остро реагираа на говорот на омраза, новинарските здруженија , со срамежливото споделување на своите реакции на говорот на омраза, како да ги изневерија очекувањата на медиумските работници  за  гарантирање на нивната безбедност при извршување на работните задачи. Дури и некои опозициски медиуми протестите ги искористија за собирање ситни политички поени, додека нивните ментори јавно не изразија ниту поддршка, ниту осуда на овој настан.

По ваквиот дебакл на протестот, организација за нов протест  закажан за денеска пред Влада во 19 часот (да залади малку, нели, нема да се „варат’’ во име на „слободата’’) ја презедоа други два Фејсбук профили, Давид Давит и Сандра Софкоска, со наслов СТОП ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА СЛОБОДАТА 2.0??? каде што слободно повикуваат на мирно собирање во одбрана на ускратеното право на мирно собирање, како што наведуваат во повикот, едно од според нив ускратени права: 1. Право на слобода, 2. Право на слобода на движење, 3. Право на приватност, 4. Право на слобода на мисла, 5. Право на мирно собирање.

Иако со истата нејасна ретроградна нарација, овој пат организаторите повикуваат на мирен протест, но судејќи според коментарите на членовите на антиваксерските групи, преполни со навреди и говор на омраза, тоа ќе биде тешко остварливо.

И тука се случува еден своевиден парадокс. Со интензивирањето на говорот на омраза и навредите од страна на антиваксерите преку социјалните мрежи и на протести, упатени кон вакцинирањето, вакцинираните, докторите, министерот, Владата, во исто време се зголемува бројот на вакцинирани лица во земјава. Дали антиваксерите, ненамерно, се ставија во служба на имунизацијата?

Можеби здравствените служби во земјава треба да им заблагодарат на антиваксерите за зголемениот интерес за вакцинација кај населението и зголемениот број на вакцинирани , кој според информациите на Министерството за здравство, во текот на  вчерашниот ден прва доза примиле 11.925 граѓани, а вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани, со што заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ