Во морето дезинформации и лажни вести за пристигањето на цивилно локално население од Авганистан што се чеесто проследени со говор на омраза, а за кои и предходно информираше Цивил Медиа, денес се приклучи и порталот без импресум МКДенес. На нивната страна е објавена лажна вест ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Заев свечено ќе пречекува 780 Авганистанци.
Во текстот се манипулира со изјави на портпаролот на владата кои се извадени од контекст , и дополнително коментирани од непознатиот автор на прилогот, кој своето (не)дело го завршува со монтирано лажно видео:
Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје. Тие слободно ќе се движат низ главниот град и низ државава, а „службите“ ќе ги провереле дали се терористи. Нашите рекле „мижи асан да ти баам“!
По тој повод, за свечен прием на Авганистанците премиерот Заев сними специјално видео:
За иронијата да биде поголема, наместо импресум, стои: Моќта е шанса за борба со лажната информација. Да се информираме преку МКДенес за да се заштитиме од лажни вести?


Мониторинг тим на ЦИВИЛ














