Порталот Булевар.мк шири лаги и дезинформации во врска со вакцинирањето против Ковид-19, објавувајќи вест со наслов: „БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8“.
Во текстот, освен лаги и манипулации, нема ниту еден конкретен доказ или аргумент. Не е напишано ниту името и презимето на „чесната докторката“ што ја споделила наводната информација, ниту каде работи итн.
„Вчера една наша чесна матична лекарка пиша: Од 10 пациенти од ковид, осум ми се ревакцинирани.
Па добро бе, ај хер Хитлерче што лаже лаже. Зошто му верувате? Гледате дека будали прават од вас.
Стотици добри лекари ви кажуваат, не Сашо Тасевски, лекари бе лекари ви кажуваат аргументирано дека вакцината е смртоносна“, се вели во дел од манипулативниот текст.


Порталот нема импресум, не се знае кој е „уредникот“ на тестот. Вакви лажни вести и дезинформации имаат за цел да внесуваат страв и несигурност меѓу граѓаните.
Граѓан(к)ите треба да ги проверуваат информациите и да внимаваат од кои медиумски и партиски „кујни“ произлегуваат. Институциите исто така треба да се поажурни и да ги санкционираат сите што шират лаги и дезинформации, особено ако се однесуваат на јавното здравје, бидејќи тоа претставува негово загрозување и кривично дело.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ












