Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, со своето учество во иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓан(к)ите дека доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато.
„Различностите кај нас се богатство, никако не може да бидат проклетство. Нашето општество е како една овошна салата, односно колку повеќе различни овошја има толку таа е поубава, побогата, поразлична… Исто така е и во останатите салати, на пример македонската, грчката или шопската салата е поубава ако има различни зеленчуци таа е поубава. Така е и со луѓето, доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато“, вели Муратов.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Араиан Мехмети