• Latest

ЦИВИЛ ги повикува партиите да информираат за своите активности, измени во Изборниот законик по изборите, рокади на попишувачите

September 2, 2021

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ ги повикува партиите да информираат за своите активности, измени во Изборниот законик по изборите, рокади на попишувачите

September 2, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да информираат за своите активности

ЦИВИЛ, како организација што спроведува мониторинг на изборите, како и на политичките процеси и настани, ги повика сите политички партии и независни кандидатки и кандидати редовно да испраќаат информации и соопштенија за своите решенија, ставови и активности.

ЦИВИЛ е целосно отворен за информации од сите политички опции. Соопштенијата не се објавуваат интегрално, туку влегуваат во состав на прегледи на настани, анализи и извештаи од мониторингот. Организацијата смета дека ова е добра можност да се информираат граѓанките и граѓаните за сите понудени изборни опции, но ќе послужи и како показател за транспарентноста на учесниците во локалните избори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Муамед Хоџa информираа дека на последната седница Владата ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19, при што од денеска освен за влез, домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат:

– Сертификат за примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

– Потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

– негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред излез од територијата на Република Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

Доколку не биде приложен ниту еден од овие документи при влез во државата патниците  одат во задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена, а карантинот може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани е на нивни трошок.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по спроведувањето на локалните избори. Министерот за правда, Бојан Маричиќ смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту како што вели сакаат да вознемируваат било кого или да одмагаат на некој во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.

ПОПИС Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.

ДИСКРИМИНАЦИЈА Комисијата за заштита од дискриминација (КСЗД) соопшти дека Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) извршило директна интерсекциска дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, социјално потекло, етничка припадност и припадност на маргинализирана група врз жена и нејзините две малолетни деца.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5 септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат потреба од Дневни центри, каде се наоѓаат територијално во државата, колкава е нивната возраст, колку лиценцирани даватели на вакви услуги имаме и колку финансиски средства е потребно да се проектираат во нашиот Буџет, за испорачување на овие услуги во заедницата, рече министерката Шахпаска.

ОДБРАНА Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во седиштето на НАТО во Неапол, Италија каде ќе има средби во Сојузничката команда на Здружените сили на НАТО. Министерката ќе има тет-а-тет состанок со првиот човек, командантот на Сојузничката команда, адмирал Роберт Бурк.

МУЛТИКУЛТУРА

Уметникот Агим Пошка од Струга во видео порака во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, истакна дека оваа земја е заедничка за сите и не треба да гледаме на неа како на нешто ексклузивно, туку на нешто заедничко во кое сите треба да си ја најдеме својата среќа и својата иднина.

Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака  за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува како таа ги доживува различностите, преку сетилата, музиката и филозофијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Па, зошто сме тогаш завиени во ковид-црнина?

Одговорот на ова прашање јас го немам, а е далеку од меродавно (за пристојноста дума да не стане) тоа што го говорат политичарите, фејсбук-експертите и оние чија работа е по социјалните мрежи да шират говор на омраза. За ова, до сега, МОРАШЕ да има барем неколку стручни анализи направени од државни или лекарски здруженија. Можеби се проблем здравствените протоколи? Можеби е проблем организацијата на системот? Можеби се проблем лекарствата? Респираторите? Начинот на кој се прави статистиката за смртноста? А, можеби од сѐ по малку…

Бидејќи, знаете како е со статистиката: ако во еден ден има рекордна потрошувачка на сладолед и рекорден број на самоубиства, пред да се „обвини“ изедениот сладолед за бројот на самоубиствата, можеби е попаметно да се провери дали висината на температурата тој ден е варијабилата „виновна“ за депресијата на оние склони кон самоубиство?“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Зошто сме завиени во ковид-црнина?“.

„Утрово читам став на опозицијата, дека добар дел од училиштата немаат услови за физичка настава. И кој ќе рече дека нашиот јазик не е единствен? Само сврти го распоредот на зборовите и додај по некоја именка и ете ти став. На пример, на првиот став му додадеш едно зборче и добиеш нов став „Добар дел од училиштата немаат услови за онлајн настава“. Спротивен на претходниот по суштина, ама е спротивен на владиниот став каков и да е тој. За издржаноста на ставовите и на едните и на другите веќе ни здосадија и експертските мислења. Од тоа има корист само нашето поимање за експертноста. Сега секој го ставаме во фиоката на експертите. Искрено мислев дека не сме некоја експертска нација и граѓани. Ама сум се лажел, имаме експерти за секоја тема. Само не знам колку нивната експертиза допира до граѓаните, а да не зборуваме за надвор од атарите на нашите заедници. Едно е сигурно, ставовите им се  оддалечени од заеднички став“, пишува Војо Маневски во колумната „Против и антипротив“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ