• Latest
Војо Маневски

Против и антипротив

September 2, 2021
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Против и антипротив

September 2, 2021 10:39
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Есента си дојде на време. Таа се раководи според законитости на кои човештвото не може да влијае. А не можат ниту нашите политичари. Замислете да беше до нив, да одредуваа кое годишно време кога ќе започне и кога ќе заврши. Ќе имаше долги дискусии и преговарања, па ќе предложеа комисии, управни одбори, надзорни комитети. Ќе нараснеше еден мастодонт од орган, кој за ништо немаше да најде заеднички став.

Едните ќе предложеа блага зима, заради заштеда во енергија, а другите веднаш ќе заземеа спротивен став и ќе бараа зима со снег за да се заштити земјоделието и флората и фауната, што преостана од пожарите и низ запустените полиња. Откако ќе увидат дека за сѐ и сешто се на спротивна страна ќе побараат помош од надворешните пријатели. Тоа ни е познато од досегашната историја на политичка активност на нашите партии. И овде се можни проблеми зошто и пријателите имаат различни климатски искуства, па Македонија ќе заличи еднаш на Аризона, а после на Баварија. А ние сме си Балканци со сопствена клима и навики, па ќе мора да се прилагодуваме на критериумите на медијаторите.

Есента традиционално значи и почеток на училишната година. И најмалите се вклучуваат во светот на возрасните, свет низ кој ќе се движат до крајот на својот живот. Тоа е во нормални времиња и во организирани општества. Една и пол година живееме во вонредни услови поради светската пандемија. Што сѐ не преживеавме за текот на тоа време. Изолации, болници, рестрикции, вакцинации. И една работа е константа и неменлива. Ако власта предложи една мерка, опозицијата веднаш е на спротивната страна. Треба карантин – е не треба, треба рестрикција – е не треба. Имаше примери и на предлози од опозицијата, а позицијата не реагираше или едноставно имаше спротивен став. За обичен КОВИД мозок што најголемиот дел од нас го носиме, ова е навистина притисок. А посебно ако неоштетената мозочна маса ја впрегнеме да бара принципиелност или конзистентност во ставовите на партиските портпароли и органи.

Утрово читам став на опозицијата, дека добар дел од училиштата немаат услови за физичка настава. И кој ќе рече дека нашиот јазик не е единствен? Само сврти го распоредот на зборовите и додај по некоја именка и ете ти став. На пример, на првиот став му додадеш едно зборче и добиеш нов став „Добар дел од училиштата немаат услови за онлајн настава“. Спротивен на претходниот по суштина, ама е спротивен на владиниот став каков и да е тој. За издржаноста на ставовите и на едните и  на другите веќе ни здосадија и експертските мислења. Од тоа има корист само нашето поимање за експертноста. Сега секој го ставаме во фиоката на експертите. Искрено мислев дека не сме некоја експертска нација и граѓани. Ама сум се лажел, имаме експерти за секоја тема. Само не знам колку нивната експертиза допира до граѓаните, а да не зборуваме за надвор од атарите на нашите заедници. Едно е сигурно, ставовите им се  оддалечени од заеднички став.

Есенва е и изборна. Ќе избираме градоначалници и советници. Ќе ја избираме непосредната власт, која треба да се занимава со секојдневните проблеми.

Убаво тоа е формулирано, ама ние имаме проблем со спротивностите и со еден нов феномен „спротивно на спротивното“. Веројатно Аристотел во  нелогичните конклузии и нивното следствие ќе најде некоја законитост, ама за нас обичните смртници тешко е разбирлива таквата логика. Ако имаш спротивен став со некој, а следниот пат си спротивен на својот став по истата тема, го потврдуваш ли ставот на кој си бил спротивен? Е сега мојот професор Панов веројатно ќе ми одржеше една широка лекција од логика и логични следствија. Иако тешко дека и тој би ја разбрал логиката на партиските соопштенија.

Да не бидам дел од општата критизерска атмосфера ме натера мислењето на еден мој драг пријател кој гордо носи две титули едната е генералска, а другата професорска. Во неговиот рационален пристап на работите, како впечаток од моите колумни го изградил ставот, дека посочувањата на одликите на општествената стварност е добра работа, само ако после неа следува предлог за решение или поттик за процеси кои ќе доведат до решение на проблемите. Признавам дека ќе морам да го препрочитам Аристотел зошто изгледа и јас ја губам логиката. Контаминацијата никого не заобиколува.

Затоа во следните колумни, ќе се обраќам до обичните мои сограѓани кои треба да бидат избирачи, а не само гласачи. Да поттикнам дебата за прашањата што треба да ги поставуваме ние граѓаните до оние кои го бараат нашиот глас на изборите. Да бараме да го знаат законот за локална самоуправа. Да ни ги рецитираат членовите од кои произлегува нивната ингеренција, зошто сакаат да бидат носители на таа функција. Да го познаваат буџетот на локалната самоуправа (тој е јавен документ и може лесно да се најде) да ни кажат како ќе ги прибираат средствата од нас и како ќе ги троши нашите пари… има низа на прашања кои треба да ги поставуваме Како ќе соработуваат со Советот или со другите институции од државата?

Ако, како граѓани, сме само слушатели на програми, кои се најчесто збир на намери, а на секое прашање „како тоа ќе биде реализирано“ добиваме чаршиски одговор од типот „кога ќе влезам во кабинетот ќе ги побарам податоците и веднаш ќе ја известам јавноста“, самите се ставаме во позиција на гласачи на туѓи предлози и заземање на стартни позиции во барањето против услуги од кандидатот, ако успее да дојде до целта. Клиентелизмот не е демократија, туку неформален облигаторен контракт.

Да оставам некои теми и за следните колумни, иако мојата марксистичка наобразба постојано ми ја враќа единаесеттата теза за Фоербах „филозофите само различно го толкуваат светот, а се работи тој да биде променет“.

За почеток ќе се обидам да најдам некаква разбирлива логика кај партиските ставови на следствието – став, спротивен став и анти-спротивен став на претходниот став. Ако ги преживеам ваквите напори ќе пишувам нова колумна.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ