• Latest

ОЈО ја чешла документацијата за градбата на Модуларната болница во Тетово, во ДИК пристигна серверот за отпечатоци од прсти, посебни протоколи за престој на бегалците од Авганистан

September 13, 2021

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ОЈО ја чешла документацијата за градбата на Модуларната болница во Тетово, во ДИК пристигна серверот за отпечатоци од прсти, посебни протоколи за престој на бегалците од Авганистан

September 13, 2021 17:16
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ОЈО ќе ја анализира целокупната документација за градбата на Модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар. И покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, која ќе биде предмет на разгледување и анализа, iнформираат од ОЈО.

Петтемина обвинители поднесоа барање за пружање помош во кривична постапка до Основно јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес, да се одземе целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница во Тетово.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информираше дека денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

-Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме со работа, рече Даштевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Надлежните министри и претставниците на институциите информираа за досегашните активности за згрижувањето на прифатените лица од Авганистан, за кои се направени сите неопходни безбедносни проверки и за кои се изработени безбедносните протоколи за нивен престој во државата, наведено е во соопштението од претседателот Стево Пендаровски.

ЖИВОТНА СРЕДИНА Министерството за животна средина и просторно планирање склучи договор со две компании од Скопје за набавка на мерни инструменти за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух (ДАМСКАВ) и за Централната лабораторија за животна средина која набавува преносен анализатор за мерење на концентрација на емисии на гасови од стационарни извори на загадување. Новиот уред на лабораторијата, според информациите од јавната набавка, ќе мери присуство на азотни оксиди, сулфур диоксид, јаглероден моноксид и диоксид и кислород во отпадните гасови од стационирани извори, пренесува МЕТА.

ПОПИС Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, а само во текот на вчерашниот ден 111 186 лица, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.

СПОР За Владата на Северна Македонија единствениот официјален предлогот за решевање на спорот помеѓу Северна Македенија и Бугарија е претставен за време на претседателството на Португалија со Европската Унија. Сметаме дека тој предлог овозможува решенија прифатливи за сите страни.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска (13 септември), пристигна серверот потребен за користење на системот со кој на претстојните локални избори гласачите ќе се идентификуваат со отпечатоци од прст. Вчера (12 септември) ДИК објави дека вкупно 297 кандидати за градоначалници и кандидатите на 546 листи за советници ќе влезат во изборна трка во 80 општини и Град Скопје на локалните избори, закажани за 17 октомври.

И денеска политичките партии продолжија да се препукуваат за тоа кој е виновен и кој треба да даде оставка за трагедијата во Тетово…

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во историјатот на македонските оставки – покрај рецентните на Илир Хасани, заменикот министер за здравство, и двајцата директори на Тетовската болница – уште се бележи и онаа на Агрон Буџаку, тогашниот потпретседател на ДУИ, кој самиот во декември 2004 година одби повторно да биде министер и во новата влада на Бучковски, по премиерската оставка на Костов, кога своето повлекување го образложи со зборовите дека се работи за „бескрупулозна кампања на бившиот премиер Хари Костов поддржана од медиумите на македонски јазик“ што „создаде една ситуација во која јас станав објект на напади и деградирање“ (во врска со аферата „Парцела на плоштадот Македонија“), како и за да овозможи „на органите на правдата да ја осветлат до крај вистината, за да не се кријам преку формалниот имунитет како член на влада, за да ги ослободам од монтираната хипотека посебно членовите на извршната власт на ДУИ и воопшто ДУИ како партија“. Патем, барања за оставка на Буџаку, како министер за транспорт и врски, се спомнуваа и по трагедијата кај Мостарскиот аеродром со авионот на претседателот Трајковски, во која загинаа тој и уште осум сопатници, но ни министерот, ниту некој друг висок службеник на државата, тогаш се повлекоа од функција.

Последна што треба да се спомне од списокот на оставки е онаа на пратеникот Павле Богоевски во мај 2019 година кога тој покажа доблест да си замине од Собранието и владејачката коалиција на СДСМ, поради компромитирачка снимка од телефонски разговор во такси“, пишува Сашо Орданоски во колумнта „Куса историја на македонскиот политички (не)морал“.

„Советот има три комисии кои со закон се задолжителни, но има право да формира дополнителни тела кои ќе помагаат во донесувањето на одлуките. Тоа значи дека за успешно работење на Советот треба да се предлагаат кандидати, кои за областа за која ќе донесуваат одлуки треба да имаат елементарни познавања. Затоа и одлуките на комисиите на пленарните седници скоро и без исклучок се прифаќаат. Има комисија за здравство во Советот на Штип и сега ќе изгледа како семинар по зададена медицинска тема. Нашиот менталитет нашол излез и за таква состојба, лекарите во комисија за урбанизам, а музичарите во комисија за финансии и сѐ така по испробан метод. Одлуките остануваат на администрацијата каде се употребува истиот термин „советник“, пишува Војо Маневски во колумната – Советничката листа како „Мој термин“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ