Лажна вест и дезинформација е вчерашната објава на порталот мкденес.мк и Фејсбук статусот на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески дека премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев е исклучен од протоколот на канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, која денес допатува на еднодневна работна посета на Тирана.


Премиерот Зоран Заев на билатералната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, ги изнесе позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот кој го наметна соседна Бугарија. Како што се наведува во владиното соопштение од средбата, Заев нагласил дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот.


Мониторинг тим на ЦИВИЛ













