• Latest

Зелен поимник: Што е еколошка правда?

September 23, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Што е еколошка правда?

Еколошката правда е неразделно поврзана со социјалната правда, а со тоа и со фундаменталните права и слободи на граѓаните. Таа се однесува на правична распределба на придобивките и штетите во однос на животната средина (загадување на воздухот, истребување на видовите, ерозија, јонизирачко зрачење), бидејќи тие се однесуваат и на оние што ги создаваат, и на оние кои ги сносат последиците од нив

September 23, 2021 11:06
in ЗЕЛЕНИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Многу често, во секојдевниот говор, поимот правда се употребува како синоним за поимот право. Правото (на нешто), всушност претставува еден од двата сегменти на правдата како вредносен принцип, според кој се определува колку права, но и колку обврски (должности) имаат субјектите во општествените односи. Во современите општества, таа претставува една од врвните цивилизациски вредности и придобивки.

Кога зборуваме пак, за еколошката правда, таа е неразделно поврзана со социјалната правда, а со тоа и со фундаменталните права и слободи на граѓаните во заедницата. Таа се однесува на правична распределба на придобивките и штетите во однос на животната средина (загадување на воздухот, истребување на видовите, ерозија, јонизирачко зрачење), бидејќи тие се однесуваат и на оние што ги создаваат, и на оние кои ги сносат последиците од нив.

Главните обележја на XXI век на човештвото се глобалните кризи, промени и предизвици од различен карактер, од кои добар дел се однесуваат на животната средина. Но и историски гледано, секогаш било евидентно влијанието на човекот врз животната средина, кое во раните периоди било од локален карактер.

Од времето на индустриската револуција, со забрзаната урбанизација, зголемените лични и заеднички интереси и се поголемото оттуѓување на човекот од природата, се забележувал се поголемиот интензитет и глобализација на еколошката криза. Таа се појавила како резултат на сериозното намалување на природните ресурси и пореметување на eколошката рамнотежа.

Нерамномерниот развој на државите и регионите во светот, во дел од нив доведува до недостаток на храна и раст на сиромаштијата. Сиромашните земји имаат ограничени можности за справување со проблемите и се во неможност за ефикасно решавање на еколошките проблеми, но и за реализирање на еколошките права и правда.

Во општествените заедници, како и глобално помеѓу државите, еколошката правда може да се реализира единствено преку концептот за одржлив развој, на кој почиваат современата стратегија и правната рамка за заштита на животната средина.

Еколошката правда и понатаму се развива како движење и концепт, со акцент на редефинирање на суштината на законодавството во остварување на судската заштита на граѓанските права, а во врска со заштитата на животната средина.

Еколошката и социјалната правда, подразбираат ефикасен пристап кон административниот и правниот систем, со цел да се заштитат правата на граѓаните, како и да се применат законите од областа на здравјето и заштитата на животната средина.

За да може населението да се однесува во согласност со планот за одржлив развој, потребно е да има пристап до точни информации за состојбите во своето животно опкружување. Ова значи дека секој граѓанин има право на информација за тоа каков воздух дише, каква вода користи и какви производи купува, како и за сè останато што влијае врз квалитетот на неговото живеење.

За таа цел (на глобално ниво), на 25 јуни 1998 година, во градот Архус (Данска), од страна на министрите за животна средина, на 49 европски земји потпишан е договор, Архуска конвенција, која им гарантира на граѓаните право на слободен пристап до информации за животната средина. Договорот стапи на сила на 30 октомври 2001 година.

Архуската конвенција е меѓународен договор со кој се воспоставуваат правата во врска со животната средина, што претставува сигурна основа за вклучување на граѓаните во политиките за животна средина, но ги потврдува и обврските кон идните генерации.

 

 

Линкови:

https://www.academia.edu/3130560/Ecological_justice

https://study.com/academy/lesson/what-is-environmental-justice-definition-principles-examples-issues.html

https://www.devp.org/sites/www.devp.org/files/documents/materials/devpeace_backgrounder_2011-2016_ecological_justice.pdf

https://sustainability.ucsb.edu/ecological-justice-is-social-justice-too/

https://spsmw.org/2017/04/26/what-is-eco-justice/

https://www.sciencedirect.com/topics/earth-and-planetary-sciences/environmental-justice

http://ekoloskapravda.mk/

https://www.ips.ac.rs/publications/ekoloska-pravda-izazov-savremenog-doba/

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ