• Latest

Димитровска: На ТВ дебата нема место ако некој процени дека кандидат(ка) нема да влијае на изборните резултати

October 9, 2021

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Димитровска: На ТВ дебата нема место ако некој процени дека кандидат(ка) нема да влијае на изборните резултати

October 9, 2021 17:12
in ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА разговараше со Теодора Димитровска, кандидатка за градоначалничка на општина Куманово од  редовите на Движењето „Одлучно за промени“ ( ЛДП –ДОМ).

Кандидатката Димитровска пред јавноста стана видлива по нејзината  видео објава на Фејсбук, со изјава дека не е примена на дебата на една од националните телевизии, на која учествувале сите други кандидати за градоначалник на општина Куманово, сите – мажи.

Димитровска во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА посочи дека кога побарала образложение од телевизијата, односно од главниот и одговорен уредник, не добила никаков одговор, но и дека подоцна од телевизијата добила образложение дека не е поканета на дебатата, бидејќи немало технички можности, но и дека можеби нема да влијае на изборните резултати.

„Јас не знаев за таа дебата, претходниот ден, пред дебатата, другите кандидати ме прашуваа дали ќе присуствувам, но јас немав информации дека има некаква дебата. Така што, мојот тим се јави кај главниот одговорен уредник во телевизијата,  но тој не се врати на повикот, па потоа се јавија кај другите уредници, кои одговорија дека немало технички можности, но и дека веројатно нема да влијаам на изборните резултати, така што решиле да не ме поканат“, вели Димитровска.

Димитровска е најмладата кандидатка на овие избори, и втора во историјата кога станува збор а општина Куманово. Таа во својата програма најавува посебен третман кон младите, зелена агенда во која ќе се работи на селските и руралните подрачја, како и ребрендирање на Куманово во  чевларски град.

Теодора Димитровска е апсолвентка на Правниот факултет и само што ги започнала магистерските студии. Таа на жените им порачува дека не треба да бидат исплашени, да бидат обединети и гласно да го кажат своето мислење, повеќе да се ценат себеси, да не забораваат дека се квалитетни личности кои не треба да дозволат да се користат само како бројка.

Разговорот го водеше Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ