• Latest

Реџепи од Беса му го расипа „сигурното“ мнозинство на Мицкоски, дезинформации со краток дострел

November 11, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Реџепи од Беса му го расипа „сигурното“ мнозинство на Мицкоски, дезинформации со краток дострел

November 11, 2021 17:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Денеска во 11 часот започна собраниската седница, на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. И покрај најавите за мнозинство за гласање недоверба, неизвесно е како ќе помине гласањето. Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлекоа Апасиев од Левица, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За Собранието да ја изгласа одлуката за недоверба на Владата, потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако биде изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот. Но, останува да ја извршува функцијата до изборот на нова Влада.

Кастриот Реџепи од Беса, иако неговата партија објави дека ќе гласа за недоверба на актуелната влада, денеска не дојде на седницата. Со неговото отсуство, де-факто, нема кворум за гласање во Собранието.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ 

Кастриот Реџепи од Беса: Решив да не учествувам на собраниската седница за доброто и интересот на народот и државата

„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кој припаѓам, е евроатлантската интеграција на РСМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно има големи шанси да добие датум за отпочнување преговори за членство во ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша на својот Фејсбук профил, Кастриот Реџепи од Беса.

Груби: Во Собранието има два табора – еден про-ЕУ и втор кој води во изолација

Во врска со обвинувањата на опозицијата дека „некој од власта му се заканувал“ на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата нa премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби истакна дека тоа не е вистина.

„Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД. Ми беше колега во Холандската амбасада, сме работеле заедно и ги знам неговите убедувања дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел“, изјави Груби за ТВ21.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОМРАЗА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се појави во Собранието, откако опозицијата не успеа да обезбеди кворум за седницата за гласање недоверба на Владата и остана без пратеникот Кастриот Реџепи од Беса. На прашање од новинарите дали ќе се најде друг пратеник на местото на Реџепи, Мицкоски  не одговори, туку го спореди пратеникот со Амди Бајрам, кој своевремено оневозможи да ѝ се изгласа недоверба на некогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската алтернатива и ДПА.

„За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам?“, рече Мицкоски и влезе во собранието.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во текот на денот постојано шири лажни вести и дезинформации. Прво напишал дека Финансиската полиција упаднала во дом на опозициски пратеник кој има имунитет. А потоа, дека е киднапиран пратеник за да не гласа за недоверба на Влада.

ПОВИЦИ Уредниците на „Инфомакс“ и „Лидер“, Александар Митовски и Љупчо Златев, го повикуваат народот да излезе на улица доколку ВМРО-ДПМНЕ, Левица, БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива не успеат да изгласаат недоверба на владата.

Митовски од „Инфомакс“,  покрај тоа што во неговиот пост изнесува дезинформации дека пратеникот на Беса е киднапиран, меѓу другото, пишува: „За вакво дупење во мозок на народот, треба да им се случи и улица“.

Уредникот на Лидер, Златев уште пред два дена ги повика граѓаните да излезат на улица доколку не падне владата предводена од Зоран Заев, при што ги прогласи и насилните методи како легитимни.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) предлага да се креира јавно достапна дигитална апликација која ќе им овозможи на граѓаните непосредна и брза комуникација со локалните власти, како и мониторинг на дадените ветувања и нивната реализација од секој заинтересиран граѓанин, од медиумите, граѓанските организации, бизнис заедницата итн.

ДИСТРИКТ

Во ДИСТРИКТ на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Џељал Незири. Во интервјуто, Незири зборува за: Локалните избори и непредвидливите резултати, нова влада без нови парламентарни избори, актуелните поместувања во албанскиот партиски кампус…

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ајде, ова утро, да ги „прескокнеме“ сите правни и политички контроверзи (стара иницијатива, нова иницијатива, најнова иницијатива… па што ќе каже Џафери за тоа итн. и на тоа сл.) во кои е заглавена опозицијата со обидот да ја сруши сегашната Влада и да тргнеме обратно: да замислиме дека вчера ВЕЌЕ е изгласана недоверба на Кабинетот на Заев (ура-ура, бац-бац, победивме, фиторен, браво, браво, живели, гзуар!) и дека денеска сме се пробудиле со ново владино мнозинствоооо…

И, што сега?

Никој од иницијаторите за рушење на Владата јасно не кажува што мисли да прави „денот потоа“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Нема омлет без кршење јајца“.

„Главните иницијатори, Мицкоски и Апасиев (без формален потпис, но со практично учество во операцијата), не кажуваат дали имаат план што понатаму, по гласањето за недоверба. Но тоа е само навидум така. Од Месечината се гледа дека се работи за добро подготвена и скапо платена операција, со план што не е изработен во Скопје или било каде во Северна Македонија.

Планот е скован во Москва, а логистичкиот центар е во Будимпешта. Ете на која оска се наоѓаат лидерите на трите партии на Албанците, кои својата „борба“ ја портретираат како борба против ДУИ. Малку се споменува Заев во нивниот наратив.

Очигледно, цената да се биде за или против ДУИ е вртоглаво висока. На крајот на краиштата, да се биде играч, макар и руски, не е мала работа. Со или без „фингерпринтот“ на апасиевците“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ„Да се биде руски играч не е мала работа“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ