Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи преку Фејсбук им се заблагодари на пријателите и семејството, независно од нивните политички убедувања, за грижата и поддршката што му ја даваат.
„Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за сè.
Што се однесува до медиумите и големиот интерес, што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес конференција.
За крај, апелирам до раководството на Движењето Беса да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Емоциите треба да се остават настрана, а постапките да се прават разумно“, истакна Реџепи.
Инаку, тој вчера не се појави во Собранието каде требаше да се изгласа недоверба на Владата.