• Latest

ЦИВИЛ, 22 години бескомпромисна заложба за човекови права, слобода и демократија, продолжува истрагата за трагедијата, има решенија за отворените прашања со Бугарија

November 26, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ, 22 години бескомпромисна заложба за човекови права, слобода и демократија, продолжува истрагата за трагедијата, има решенија за отворените прашања со Бугарија

November 26, 2021 16:45
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одбележува 22 години од основањето

На 25 ноември 1999 година, една група македонски граѓанки и граѓани и една Македонка, американска граѓанка, ги удрија темелите на една од најпознатите организации на граѓанското општество во Република Северна Македонија, ЦИВИЛ – Центар за слобода. Групата основачи беше составена од интелектуалци, уметници, новинари, еден бизнисмен и еден работник.

За дваесет и две години, организацијата спроведе повеќе од 100 проекти во повеќе критични области од општествено-политичките процеси во земјата. Беше пионер на процесот за мир и помирување во 2001 година, една од најпознатите организации која се бореше против нелегалното оружје, водеше големи национални кампањи посветени на мултикултурализмот, човековите права, слободата и демократијата. Популарноста на ЦИВИЛ далеку ги надминува границите на нашата земја и во моментов е една од најреспектабилните граѓански организации на Балканот.

Претседателот и еден од основачите на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, им ја честита годишнината од основањето на организацијата на основачите, членовите на Собранието на ЦИВИЛ и на сите тела и организациски единици, на сите членови и поддржувачи.

„Секој 25-ти ноември е голем ден за нас. Тоа е потсетник за нашата посветеност, доследност и цврстина. Другарки и другари, ви посакувам уште многу успеси во работата и во граѓанскиот ангажман за јакнење на демократијата, владеењето на правото, европските и зелените вредности, мултикултурализмот, социјалната правда, мирот, безбедноста и човековите права и слободи во земјата и во светот. Благодарни сме за несебичната поддршка и огромната доверба која ни ја подаруваат граѓанките и граѓаните. Во името на ЦИВИЛ и во свое име, им благодарам и на сите донатори во текот на овие 22 години. Нивната помош е драгоцен придонес кон нашите заложби за подобро утре на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на целиот свет“ – напиша Дерала во својата порака.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бучковски: Заедничка историја и посебност на двата народа се единствените отворени прашања со Бугарија за кои има решенија

„Од 2017-та наваму, нашите релации со соседна Бугарија, требаше да кулминираат во искрено пријателство и во поддршка од страна на Бугарија како членка на НАТО и на ЕУ. За жал, по блокадата, по ветото од минатиот ноември, влеговме во една фаза во која наместо да градиме пријателство, сведоци сме на исклучително нарушени билатерални односи. Ситуација која налага потреба да се преиспитаат сите наши чекори што ги правевме од потпишувањето на Договорот за пријателство до денес и да согледаме има ли грешка кај нас. Да видиме која беше причината периодот кој требаше да значи завршување на стагнацијата на односите меѓу двете држави, да се претвори во некаква спротивност“, вели Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер, Владо Бучковски, за ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА При дополнителен преглед на македонскиот туристички автобус кој изгоре на автопат во Бугарија било пронајдено уште едно тело. Со тоа бројот на жртви се искачи на 45. Оваа информација ја потврди бугарскиот заменик главен обвинител и раководител на Националната истражна служба Борислав Сарафов, објави Бугарското национално радио.

ИСТРАГА Претставниците на Јавното обвинителство на Бугарија денеска пристигнаа во Јавното обвинителство на РСМ и во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс“ и податоци од Министерството за транспорт и врски, информираше денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

ОДЛУКА Претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска.

МЕДИУМИ Денес во Собранието на РСМ се одржа регионалната конференција на тема ,,Унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” која беше во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

ИСТРАЖУВАЊЕ На пазарот на труд има недостиг на квалификувана работна сила, драстично поголема понуда од побарувачката за одредени занимања и дефицит на работна сила со средни вештини, покажува истражувањето на Меѓународната организација на трудот и „Finance Think“ спроведено во девет општини во земјава и тоа во Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Столе Наумов, новинар, уредник, автор и водител на децениски популарната радио емисја „Стадион“ за себе и новинарството, репортерите и уредниците, бизнисот и медиумите, интернетот и конкуренцијата, уредувачките политики и медиумскиот клиентелизам и за уште по нешто за и околу актуелното македонско новинарство.

ЖУРНАЛ #2: Арнаудова, Трајков, Димитровска, Таравари, Дерала и Нухиу зборуваат за различностите

Во второто издание на ЖУРНАЛ, за различностите зборуваат: Кристина Арнаудова-музичарка и активистка, Горан Трајков – активист, Благица Димитровска-активистка, Арбен Таравари – градоначалник на Гостивар, Џабир Дерала-новинар и активист, и Гуѕим Нухиу – активист.

МОНИТОРИНГ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ го забележа Фејсбук профилот на мразачот Васил Еребичевски, од кој коментира со говор на омраза на вест за трагичната автобуска несреќа во Бугарија, во којашто 45 македонски граѓани ги загубија животитe.

Мразачот Еребичевски во својот коментар на веста вели: „Помалку шиптари“, а се однесува на етничката припадност на жртвите од трагедијата која нè погоди сите како општество, но и цел Балкан.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ