Мониторинг тимот на ЦИВИЛ го забележа Фејсбук профилот на мразачот Васил Еребичевски, од кој коментира со говор на омраза на вест за трагичната автобуска несреќа во Бугарија, во којашто 45 македонски граѓани ги загубија животитe.
Мразачот Еребичевски во својот коментар на веста вели: „Помалку шиптари“, а се однесува на етничката припадност на жртвите од трагедијата која нè погоди сите како општество, но и цел Балкан.


Човекот е верник и сака животни, а во слободно време мрази припадници на друга етничка заедница.
ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на вакви и провокации и на говорот на омраза да возвраќаат со говор на омраза и закани.
Затоа ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува надлежните институции да преземат мерки и соодветни постапки за лицата што шират говор на омраза по секаков основ.














































