• Latest

Рентгенска снимка на пописот, НЕ за корупција, бугарските граѓани сакаат да се средат односите со Северна Македонија

December 9, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рентгенска снимка на пописот, НЕ за корупција, бугарските граѓани сакаат да се средат односите со Северна Македонија

December 9, 2021 16:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Рентгенска снимка на Пописот

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Рентгенска снимка на Пописот“, на која учествуваа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, потпретседателката на Сојузот на стопански комори, Габриела Кулебанова, и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Пописот што требаше да се одржи во април се одложи поради закажаните предвремени избори и поради пандемијата. Само 8 попишувачи се заразиле, и само еден државен инструктор се заболе во домашни услови. Имавме 5.000 попишувачи и ги следевме протоколите. Пандемијата за жал се уште трае, и тврдам дека пандемијата можеше да се одржи и во април без да се одложи.“, изјави Симовски на панелот.

„Статистиката е алатка за бизнис секторот за правење планови во економскиот дел. Не смееме во иднина да дозволиме да немаме попис толку долго време бидејќи многу губиме како бизнис сектор“, вели Кулебанова.

„На моите колеги од странство тешко им беше да сфатат дека пописот во нашата држава не е само статистичка операција, туку има и политичка позадина. Дел од политичките партии јавно и тајно го попречуваа пописот, за да ја разнишаат довербата на институциите. Нападот на статистичкиот процес е всушност да се разнишува довербата во институциите, безбедноста на државата како и меѓуетничката толеранција и соживот.“, посочи меѓу другото претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на панелот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција!“

„Меѓународниот ден за борба против корупцијата е ден кога владите, стопанството, граѓанските организации и целото општество треба да ја потврдат својата посветеност да работат заедно за да стават крај на разорното влијание на корупцијата врз животите на луѓето, изјави заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски.

„ Да ставиме крај на корупцијата! Да создадеме подобро утре за сите нас. Да го симнеме превезот на тајноста и да ги расветлиме криминалните дејности! Само така ќе има правда !Сега се е јавно! Корупцијата не се исплати! Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција!“ , порача Николовски преку  неговиот ФБ профил.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Економија Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во најновиот макроекономски извештај.

НАТО Со слетување на Меѓународниот аеродром Скопје на борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС, кои учествуваа во активноста со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија. се одбележа официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.

Правда Нема ништо да биде направено што ќе го загрози нашиот правен систем. За оние предмети што се завршени можеме да побараме од ЕУ да изврши некаков мониторинг, но механизмите за тие случаи повторно да се отворат лежат во домашното право. Доколку тука се исцрпени сите можности, останува странките да се обратат до Судот во Стразбур, објави министерот за правда Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил.

МОНИТОРИНГ

Сè повеќе Бугари сакаат да се средат односите со Северна Македонија

Над 70 отсто од Бугарите сметаат дека најважно е решавањето на односите на Бугарија со Република Северна Македонија, а не дали нашата земја ќе стане членка на Европската Унија. Ова го покажува истражувањето на Gallup International Balkan, спроведено меѓу 25 ноември и 3 декември меѓу 803 возрасни Бугари.

Порталот Exspres.mk излезе со манипулативен наслов „Дури 70% Бугари со став да не се укинува ветото за Скопје“, а во самиот текст не е наведен ниту еден доказ од каде е тој податок, односно се повикуваат на натписите на одредени бугарски медиуми.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија на тема „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“, на 10 декември (утре), со почеток во 11 часот во студиото на ЦИВИЛ во Бизнис центарот „Палома Бјанка“ во Скопје.

Дали жените си ги знаат своите права, колку се заштитени жените во семејствата, општеството, работните места, во брачните заедници, што се прави за  намалување на нееднаквоста во однос на правата на жените во земјава, за трајни решенија во однос на дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво, се дел од темите на кои ќе се дискутира на овој панел.

Учеснички на панелот ќе бидат Драгана Стојчевска, режисерка, Весна Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените, Нора Калиќи -Ајо, Алмира Фазли – Иницијатива на жени Шуто Оризари, Николина Кениг – професорка на Филозофски факултет, деканка на Правен факултет, Весна Попоска , Рита Бехадини  од Mollëkuqja ( Бубамара), Стојна Митева од Скај плус Струмица. Панелот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не е спорно мислењето на техничката влада на Бугарија, како Пигмалион кој постојано прави политички кипчиња на претседателот Радев, дека нема да дозволи почеток на преговори со ЕУ на Македонија а дека ќе дозволи тоа да го направи Албанија. Ние и до сега не сме чуле дека дека Софија се противи кон напредокот на Тирана, туку на врзан прогрес на двете земји притиснуваше Макрон, кога работите стоеја поинаку, особено во очите на нациите од северот на континентот.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Ново бугарско вето за Северна Македонија: Кукавично јајце на политиката на Радев?“.

„Зошто, после години штитење на Груевски со сопствениот молк, сега баш во судница се расприкажаа ликови како Мартин Протуѓер и Гордана Јанкулоска, најлојалните од сите лојални на режимот на нивниот партиски шеф, кој се темелеше на беспоговорна лојалност?“, Сашо Орданоски во колумната „Шепотења на перница“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ