• Latest
Photo by Centers for Disease Control and Prevention (CDC) on Unsplash

Кај нас целосно вакцинирани само 5.500 малолетници, во светот се вакцинираат и тригодишни деца

December 14, 2021
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Кај нас целосно вакцинирани само 5.500 малолетници, во светот се вакцинираат и тригодишни деца

Министерството за здравство засега не планира да воведе вакцинација и кај деца помали од 12 години, како што тоа го направија повеќе земји во светот. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, заклучно со 10 декември 2021 година, во европските земји целосно се вакцинирале вкупно 16,5 отсто од младите луѓе под 18 години. Во јуни годинава Кина ги одобри за итна употреба вакцините „Синовак“ и „Синофарм“ за деца и млади на возраст од 3 до 17 години, со што стана првата земја во светот која дозволи вакцинација против ковид-19 за мали деца

December 14, 2021 06:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, ТОП 5
Photo by Centers for Disease Control and Prevention (CDC) on Unsplash

Photo by Centers for Disease Control and Prevention (CDC) on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

СИМОНА АТАНАСОВА / ВИСТИНОМЕР

За да се спречи создавањето на нови соеви, ширењето на постоечките и за да се постигне колективен имунитет, здравствените власти ширум светот апелираат граѓаните масовно да се вакцинираат против коронавирусот, а тоа ги вклучува и децата.

Од Министерството за здравство за „Вистиномер“ информираат дека досега (11.12.2021 г.), прва доза вакцина примиле 6.204 малолетни лица  а ревакцинирани се 5.495 деца.

Вакцинацијата на малолетници на возраст од 12 до 17 години кај нас започна да се применува на 19 јули оваа година. Вакцината не е обврзувачка, се аплицира на доброволна основа во согласност со родителите. Вакцината „Фајзер“ е единствената вакцина која е дозволена за вакцинација за оваа возрасна група.

Единствен начин да стигнеме до колективен имунитет е и децата да се вакцинираат, изјави летото министерот за здравство, Венко Филипче.

Младите и адолесцентите се изложени на мал ризик од тешка болест, хоспитализација и смрт како директен резултат на инфекцијата, но придонесуваат во ширењето на болеста кај другите возрасни категории.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (за период 29.11.2021 – 05.12.2021),  со коронавирус биле заболени 14.052 лица на возраст од 10 до 19 години лица. Кај децата од 0 до 9 години досега е регистрирани 4.791 случај на заболување.

Дистрибуција на заболените од ковид-19 според возрасна група
Извор: ИЈЗ

Досега во нашата држава починати се три малолетни лица заболени со ковид-19, сите три лица се невакцинирани, велат од ресорното министерство за „Вистиномер“.

На прашањето дали Министерството за здравство размислува да воведе вакцинација и кај деца помали од 12 години, односно кај возрасната група од 5 до 12 години, како што тоа го направија повеќе земји во светот, од здравство велат дека засега не е планирано такво нешто.

Националната комисија за имунизација ги следи препораките и засега нема измена на препораката за вакцинација на малолетни лица во нашата земја, велат од МЗ.

ДЕЦАТА И АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ПОМИНУВААТ СО ПОБЛАГИ СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Смртните случаи кај лица помали од 25 години претставуваат помалку од 0,5 отсто од пријавените глобални смртни случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Децата и адолесцентите најчесто развиваат помалку и поблаги симптоми на инфекција со САРС-КоВ-2 во споредба со возрасните и имаат помала веројатност од возрасните да доживеат тежок ковид-19. Постојат неколку фактори на ризик за тежок ковид-19 кај децата, вклучувајќи постара возраст, дебелина и веќе постоечки здравствени состојби како дијабетес, астма, срцеви и белодробни заболувања и невролошки, невро-развојни (особено Даунов синдром) и невромускулни состојби.

Земјите треба да ги земат предвид индивидуалните и популациските придобивки од имунизацијата на децата и адолесцентите во нивниот специфичен епидемиолошки и социјален контекст кога ги развиваат нивните политики и програми за имунизација против ковид-19. Бидејќи децата и адолесцентите имаат тенденција да бидат со поблаги симптоми во споредба со возрасните, освен ако не се во група со поголем ризик од тежок ковид-19, помалку е итно да се вакцинираат од постарите луѓе, оние со хронични здравствени состојби и здравствените работници, велат од СЗО.

НАД 100 ЗЕМЈИ  ГО ВАКЦИНИРААТ МАЛОЛЕТНОТО НАСЕЛЕНИЕ ПРОТИВ КОВИД

Европската агенција за лекови (ЕМА) кон крајот на мај дозволи вакцинација на деца над 12 години со вакцината на „Бионтек“/ „Фајзер“, а од 13 декември и за оние на возраст од пет до 11 години. Пред околу еден месец во САД започна вакцинацијата на децата на возраст од 5 до 11 години.

Повеќе од 100 земји го вакцинираат своето малолетно население против ковид-19. Според извештајот на УНИЦЕФ, кој анализирал 115 милиони потврдени случаи на ковид-19 од 105 земји, лицата под 20 години сочинуваат 16 отсто од пријавените заболени случаи.

Во Франција од средината на јуни се вакцинираат деца од 12 до 17 години, а деца од 5 до 11 години само ако се во ризична група или живеат со ранливи категории на граѓани. Се вакцинираат со вакцинате на „Фајзер„, а предуслов за вакцинација на децата против корона е да има официјална согласност и од детето и од родителите. Германија, најверојатно ќе почне со администрација на вакцини на деца под 12 години од почетокот на 2022 година, откако во август одобри за тинејџери.

Во јуни годинава Кина ги одобри за итна употреба вакцините „Синовак“ и „Синофарм“ за деца и млади на возраст од 3 до 17 години, и стана прва земја во светот која дозволи вакцинација против ковид-19 за мали деца.

Од септември Камбоџа започна да ги вакцинира децата на возраст над шест години со кинеската !„Синовак“. Оваа фармацевтска компанија, исто така, започна клинички испитувања кај 14.000 деца на возраст од шест месеци до 17 години во Чиле, Кенија, Малезија, Филипини и во Јужна Африка. Обединетите Арапски Емирати и Бахреин почнаа да ги нудат „Синофарм“ и „Фајзер“ на деца на возраст од три до 17 години.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), заклучно со 10 декември 2021 година, во европските земји целосно се вакцинирале вкупно 16,5 отсто од младите луѓе под 18 години, а 21 отсто примиле една доза. Од европските земји, Португалија има најголем процент на вакцинирани малолетници 29,4 отсто, потоа следуваат Данска, Шпанија, Исланд и Малта со 26 отсто. Последна на листата се соседна Бугарија со 1,3 отсто вакцинирано малолетно население и Хрватска со 2,3 отсто вакцинирани од оваа возрасна група.

Широко распространетата вакцинација против ковид-19 е клучна алатка за сите најдобро да се заштитат сите од болеста и компликации поврзани заразувањето, смета американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Децата и тинејџерите кои се целосно вакцинирани можат безбедно да продолжат со многу активности што ги правеле пред пандемијата.

Од Универзитетот Џон Хопкинс сметаат дека вакцинирањето на децата освен што може да помогне да се заштитат оние кои се поподложни на тешки последици од инфекцијата, може да помогне да се спречи појавата на други варијанти.

Намалувањето на преносот на вируси со вакцинирање ја намалува и шансата на вирусот да мутира во нови варијанти кои може да бидат уште поопасни, велат оттаму.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ