• Latest

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски, ЦИВИЛ ја прослави различнста, судска пресуда за коментар на Фејсбук, „Брза пошта“ – нова рубрика на Цивилмедиа

December 29, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски, ЦИВИЛ ја прослави различнста, судска пресуда за коментар на Фејсбук, „Брза пошта“ – нова рубрика на Цивилмедиа

December 29, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски за состав на нова влада

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатар доставено од СДСМ, а поддржано од политичките партии во состав на коалцијата кои заедно го имаат мнозинството пропишано со Уставот во Собранието, за мандатар за состав на владата го определувам Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ, рече претседателот Пенадровски во вила „Водно“.

Лидерот на СДСМ Ковачевски изјави дека доделениот мандат за него преставува чест и одговорност.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Трагикомично е да ме напаѓаат за влијание врз судството луѓе кои беа симбол за заробено судство

– Трагикомично е Вангеловски и Маневски мене да ме обвинуваат за влијание врз судството, а тие беа симбол на заробено судство. Сега толку многу е различно судството и апсолутно е смешно да се споредува. Маневски е причина зошто Европската комисија и Венецијанската комисија препорача министерот да не присуствува на сесисите на Судскиот совет. Има шест разрешувања на судии од Маневски кои паднаа во Стразбур и за кои државата плаќа оштета… Вангеловски за претседател на Врховен суд беше избран без ден искуство како судија, а беше разрешен за нестручно и несовесно работење и има и кривична пријава за манипулации со еден притворски случај. Сакав да објаснам на јавноста кои се ударна тупаница против мене за еден мој фејсбук статус, рече Маричиќ.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕСУДА Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело, соопштуваат од ЗНМ.

ОБВИНЕНИЕ Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека обвинението против седум лица за нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, е оценет и одобрен во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт.

ЈАВНА СОБА Полицијата спроведе брза истрага за случајот со групата „Јавна соба“ која по трет пат беше отворена на социјалната мрежа Телеграм, а доказите се испратени до Основното јавно обвинителство (ОЈО). Во новата група „Јавна соба“ која за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатирала дека за организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година, на која настапи пејачот Дино Мерлин и други групи, прекршен е Законот за јавни набавки, поради основано сомневање дека Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот и не спровел постапка за јавна набавка, туку распишал јавен оглас за организирање на новогодишната прослава.

ДЕМАНТ Семејството Рашковски, преку своите правни застапници, до ДКСК и медиумите  испрати демант на објавите на  сајтовите и социјални мрежи кои се однесуваат на семејството Рашковски и иницираната истрага од ДКСК во однос за незаконито постапување со цел примање награда – возило.

НАДВОРЕШНИ Надминувањето на разликите со Бугарија ќе биде едно од клучните прашања за Министерството за надворешни работи и во наредната година. На тоа, како што рече на денешниот годишен брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи ќе се фокусираме со цел надминување на разликите, започнување на преговорите, меѓутоа, посочи, МНР има и многу други приоритети. 

РУБРИКА Од денеска, на Цивилмедиа.мк се воведува нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ ја прослави различноста

ЦИВИЛ денеска одржа мултимедијален настан на кој се промовираше документарниот  филм во кој се сместени активностите од иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“.

Документарниот филм содржи пораки за почитување на различностите ипромовирање на мултикултурализмот  и европските вредности во нашето општество, од јавни личности кои беа дел од овој проект. На настанот присуствуваа дел од учесниците во  оваа извонредно позитивна иницијатива, како и соработници  и активисти на ЦИВИЛ.

Направи разлика, почитувај ги различностите е продолжение на извонредно успешната иницијатива  „Обединети во различностите“, која тимот на ЦИВИЛ ја спроведе со  поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Сафит Зеќири, политиколог, магистер по дипломатија, аналитичар…

Тој зборува за: Македонското општество денес, меѓуетничките односи, партиите и клиентелизмот, новите коалициски трендови, изборниот модел.

СЛОБОДНА ЗОНА

Се сеќавам овие денови, како со преносот на текстот на аналитичарот Тим Џуда од лондонски „Економист“, на крајот на летото 2010 година, за прв пат во животот заинтересирав некои службеници на Владата за објавен напис. Се јавија на редакцискиот телефон од МНР и прашаа дали преносот е веродостоен, не сакајќи, очевидно, да веруваат дека некој сакал „да ја возобнови Југославија“. Така барем се читаше таа реакција од владина страна. Факт е дека не бев некој што го следи „Економист“ и дека до тој текст стигнав преку паничните реакции што се јавија во хрватскиот печат. Во нив стоеја емотивни содржини со кои се тврдеше  дека, ете, се настојува да се „воскресне Тито“ преку идеја да се создаде лабава заедница во форма на пазарна унија, во која, би постоел слободен проток на луѓе и стоки. А ова би бил предтекс за влез на државите од Западен Балкан во Унијата, пишува Љубомир Костовски во колумната „Беше Југо-сфера, а стана Отворен Балкан“

Инспирација за мојов денешен текст се неодамнешните трагикомични и недолични случувања на релација адвокати-судии-обвинители во врска со пуштањето од притвор и повторното изрекување нова мерка притвор на поранешниот директор на УБК. Добив чувство дека и едните и другите и третите како да живееле, учеле и како да работат секој во свој сопствен систем на правда. Наместо сите заедно да го унапредуваат тие неодговорно и ,,крвнички” го доразградуваат и онака неефикасниот и неправичен правосуден систем во нашата држава. Судиите и обвинителите по којзнае кој пат ја покажаа својата недоследност и подложност на надворешни и внатрешни влијанија, а додека адвокатите се чини дека сериозно „забегаа во бранењето“ на нивниот клиент (посебно во делот на оправдувањето на потеклото на милионски дадената гаранција), пишува Јове Кекеновски во „Адвокатско-судско-обвинителска папазјанија“

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ