• Latest
Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Шекеринска: Северна Македонија е карактеристична со различностите и затоа мора да работи многу повеќе на својата внатрешна интеграција за да се справи со насилниот екстремизам или тероризам

January 3, 2022

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Шекеринска: Северна Македонија е карактеристична со различностите и затоа мора да работи многу повеќе на својата внатрешна интеграција за да се справи со насилниот екстремизам или тероризам

Што се однесува до политиките на градење на структурата на Одбраната, начините и пристапот во доменот на создавањето на општествената кохезија, што е важен фактор во градење на отпорноста на општеството кон екстремизмот и тероризмот, Министерката Шекеринска вели дека „Армијата е една од институциите која мора да биде симбол за интеграција, мора да биде симбол на кохезија, бидејќи е присутна на различни места“

January 3, 2022 11:57
in ИЗЈАВИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, зборува за учеството на Армијата и на Министерството за одбрана учествува во доменот на контролата на оружјето и спречувањето на тероризмот и екстремизмот.

Разговорот со Министерката Шекеринска (13 декември 2021) е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд. 

„Контролата на оружјето, радикализацијата, насилниот екстремизам или тероризам, се процеси кои меѓусебно се хранат, и затоа, борбата против нив треба да биде и добро координирана, мора да биде логична. Министерството за одбрана не е првата институција која се занимава со оваа борба, но како дел од Националниот комитет за спречување на националниот екстремизам и борба против тероризмот, учествуваме во напорите државата да се справи со опасноста која што станува глобална и којашто е стандардна тема на сите состаноци на министри за одбрана, министри за внатрешни работи, и во рамки на НАТО“ – вели Министерката Шекеринска.

Сите сојузници на НАТО, каде што спаѓа и нашата земја, Република Северна Македонија, се повикани да учествуваат во Програмата за акција на ОН за спречување, борба и искоренување на недозволената трговија со мало и лесно оружје (МЛО) во сите нејзини аспекти, која се стреми да го подобри националното законодавство и контролата врз недозволеното мало и лесно оружје. Во таа смисла, и Министерката за одбрана, Шекеринска, нагласува дека тероризмот е една од клучните опасности која НАТО ја дефинира како главен предизвик во сферата на безбедноста.

Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

„Затоа, голем дел од нашите армиски припадници се обучуваат за борба против екстремизмот и тероризмот. Тие учествуваат и во изработка на стандардните оперативни процедури, заедно со другите институции. Еден дел од нашите специјални единици, имаат фокус во обуката за борба против тероризмот. Тоа значи дека Армијата, заедно со Службата за воено разузнавање во Одбраната, се главните елементи коишто би требало да ни ги обезбедат сите информации и инструментите како да се бориме против овие современи зла“ – објасни Шекеринска.

Што се однесува до политиките на градење на структурата на Одбраната, начините и пристапот во доменот на создавањето на општествената кохезија, што е важен фактор во градење на отпорноста на општеството кон екстремизмот и тероризмот, Министерката Шекеринска вели дека „Армијата е една од институциите која мора да биде симбол за интеграција, мора да биде симбол на кохезија, бидејќи е присутна на различни места“.

Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

„Припадниците на армијата доаѓаат од сите села и градови низ државата. Таа е многу корисна институција за создавање на тој тип на општествена кохезија. Правичната застапеност уште од самиот почеток, прво се промовираше во армиските и полициските редови. Така се намалуваат шансите за радикализација внатре во структурите, така се влијае на намалување на говорот на омраза, така се работи исто и на кршење на стереотипите“ – вели Шекеринска.

Ваквиот пристап има силно влијание врз градењето на системот на безбедноста, за можностите земјата да се одбрани од современото зло на екстремизмот и тероризмот.

„Држава како Северна Македонија којашто е навистина карактеристична со етничките, јазичните, религиските разлики, мора да работи многу повеќе на својата внатрешна интеграција, за да се справи со злото наречено насилен екстремизам или тероризам. Мислам дека тоа и во армијата, и во безбедносните структури го сфативме и го работиме многу сериозно“ – заклучи Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Џабир Дерала
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Транскрипт: Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ