• Latest

Петровска: Се залагаме за дипломатско решавање на украинското прашање

January 24, 2022
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Петровска: Се залагаме за дипломатско решавање на украинското прашање

Имаме исклучително добри билетерални релации, но сепак како држава нашите институции се задолжени и се должни да ги штитат интересите, пред сѐ, на нашата држава, односно националните безбедносни интереси. Во таа насока беше и протерувањето на дипломати кои очигледно е дека по сознанијата кои нашите институции ги имале, ја преминале границата, односно обавувале дејствија кои не се во согласност со прописите и процедурите, изјави Министерката за одбрана, Славјанка Петровска за ТВ Телма

January 24, 2022 21:43
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Позициите на нашата држава по однос на проблемот што го имаат Руската Федерација и Република Украина е дека целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Како земја членка на НАТО, ја поддржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, вклучително и Украина, за самоопределување, истакна вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју на ТВ Телма.

– Од она што и ние по нашите канали на комуникација во рамки на НАТО структурите го добиваме и од она што се информира јавноста, е дека во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на овој спор. И апсолутно како држава таквиот тек на настаните го поддржуваме, односно се залагаме за дипломатско решавање на овој спор, потенцира Петровска.

Министерката за одбрана, Петровска, изјави дека нашата држава до сега од Русија нема добиено никакви барања како што побара од НАТО да се повлече од Бугарија и Романија. Во однос на релациите со Федерацијата, Петровска рече дека како држава негуваме добри дипломатски и пријателски односи со сите држави.

– Имаме исклучително добри билетерални релации, но сепак како држава нашите институции се задолжени и се должни да ги штитат интересите, пред сѐ, на нашата држава, односно националните безбедносни интереси. Во таа насока беше и протерувањето на дипломати кои очигледно е дека по сознанијата кои нашите институции ги имале, ја преминале границата, односно обавувале дејствија кои не се во согласност со прописите и процедурите, изјави Петровска. 

Во однос на обврските на македонската армија како членка на НАТО, во случај на руска инвазија на Украина, министерката рече дека ангажманот на нашата армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск.

– На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука се уште не е донесена, истакна Петровска. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ