• Latest

Разузнавачки извори: Руските окупациони сили во Украина со засилена фортификација и пропагандни операции

January 30, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Разузнавачки извори: Руските окупациони сили во Украина со засилена фортификација и пропагандни операции

Најнови информации од окупираните подрачја, Доњецката и Луганската област, во Украина

January 30, 2022 20:20
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата во окупираните територии во источниот дел на Украина и на полуостровот Крим е прилично напната. Главната разузнавачка агенција при Министерството за одбрана на Украина неодамна информираше дека во единиците на оперативното групирање на руските окупациски сили на привремено окупираната територија во Доњецката и Луганската област продолжуваат активни дејствија за воена подготовка.

Изминатава недела, единиците на првиот (Доњецк) и вториот (Луганск) армиски кор одржуваат часови за тактичка и огнена обука, како и обука за контрола на огнот на артилериските единици во рамки на таканаречениот „Обединет ден на огнот“.

Разнузнавачките извори јавуваат дека командантите на вооружените сили на Руската Федерација постојано ги засилуваат пропагандните дејствија и го зголемиле бројот на агитациони тимови за регрутирање меѓу населението на привремено окупираните територии во Доњецката и Луганската област.

Воените комесаријати на руските окупациони администрации во двете области ја интензивираат својата работа. Тие на ангажираниот персонал му ја соопштиле потребата да се пријават за воена служба, а на поранешниот воен персонал на окупаторските сили му наложиле да ја обнови воената служба.

На првите борбени линии, окупаторите вршат инженерски работи за обновување на објекти за фортификација, додека истовремено ги зголемуваат минските полиња. Руските сили на теренот поставуваат противпешадиски мини направени во Русија, а кои се забранети со низа меѓународни конвенции.

Претходно, украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, соопшти дека руската армија во моментов на копно има распоредено 112.000 војници во непосредна близина на украинската граница. Заедно со поморската и воената воздухопловна компонента, руските сили во близина на украинските граници бројат околу 130.000 војници.

Џ. Д.

Tags: разузнавањеруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ