• Latest

Македонија: Преглед на дневни настани (13 јуни 2016)

June 13, 2016
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на дневни настани (13 јуни 2016)

June 13, 2016 22:00
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (13 јуни 2016 година): Нема притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески || Неуспешно барањето на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци || Има минимум услови за избори наесен ||  Шарената револуција продолжува да одбројува ||Расправа за тоа дали СЈО е надлежно за случајот “Тврдина” || Судот одлучува за импичмнет за Иванов

timeline

Нема притвор за градоначалникот на Битола, Судот му го одзеде пасошот

13268363_969288853189584_4639187386465923789_o

По речиси два часа распит кај судија на претходна постапка, градоначалникот на Битола Владимир Талески, го напушти Кривичиот суд од задната страна. Талески беше придружуван од адвокатот Никола Додовски кој воедно е и адвокат на Никола Груевски. Иако обвинителите на Специјалното Јавно обвинителство донесоа кутии со докази, судот не одреди мерка – притвор за битолскиот градоначалник. Сепак, според соопштението на Судот, како мерка за претпазливост на Талески му е одземен пасошот.

Неуспешно барањето на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци

13410836_1138520479502201_1735303701_o

И покрај тоа што уште пред неколку месеци Специјалното Јавно обвинителство побара измени на Законот за заштита на сведоци од Собранието, засега партиите немаат голем интерес за изгласување на иницијативата. Од СДСМ велат дека тие и да ја покренат процедурата, не може да постигнат ништо без гласовите на ДУИ и ДПА. СЈО побара уредување на нивната надлежност во постапката за заштита на сведоци заради елиминирање на можноста за поставување на бројни пречки во работата.

Има минимум услови за избори наесен 

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори. Ако почнеме денеска и ако имаме минимум политичка волја, нема зошто до октомври да не се создадат услови за веродостојни избори“, рече Шилегов.

Шарената револуција продолжува да одбројува
dsc_0142-470x246

По синоќешната герила-акција на Мостот на цивилизациите, денеска „шарените револуционери“ беа во слична акција и на просторот пред Уставниот суд. Шарената револуција со бои напиша голем број „5“, за да покажат уште колку денови остануваат до испорачаниот рок до 18-ти јуни, а истовремено во круг впишаа – „СЈО е уставно“.  Со ова, демонстрантите продолжуваат да одбројуваат и потсетуваат на двете клучни барања – Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, а бараат да престане и прогонот за сите учесници во протестите на Шарената револуција.

Расправа за тоа дали СЈО е надлежно за случајот “Тврдина”

Во образложението на судот на барањето на СЈО, од тимот на Катица Јанева гледаат други мотиви освен доуредување на документацијата, а тоа е проблематизирање на надлежноста на Обвинителството, и тоа само за еден предмет – во кој еден од осомничените е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Судот случајот „Пуч“ го враќа онаму каде што застана и бара осуденик да се врати во затвор, а за предметот со опремата за прислушкување, Судот бара Јанева да се оправда зошто го зела.

Собранието одлучува за импичмент за Иванов

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o-470x246

Собранието денес започна расправа за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Пратениците со различни мислења. Претседателот Иванов ги прекрши Уставот и законите и стана симбол на „груевизмот“, со одлуката за 107 помилувања на 56 лица донесени во еден ден, обвинија од опозицијата. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ  сметаат дека Иванов  постапувал во согласност со Уставот и законот за помилување. Иванов не присуствуваше на денешната седница. Одлуката за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорност на претседателот, треба да ја донесат  две третини од вкупиот број пратеници, односно најмалку 82 пратеника.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

Tags: избориимпичментМакедонијаПреговориСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ