ВЕСТ НА ДЕНОТ
МНР го одложува испраќањето на новиот амбасадор во Москва
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека упатувањето на нашиот амбасадор во Москва, предходно планирано за 15 март, се одложува на неодредено време.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки.
Ова го потенцираше министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“. Таа додаде дека досега земјава се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ.
ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕН ШЕСТИ
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја повика меѓународната заедница да воведе дополнителни санкции против Русија по, како што напиша на Твитер, варварскиот напад врз Харков.
-Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад на слободата и станбениот кварт Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Тој од бес прави повеќе воени злосторства, убива невини цивили – напиша Кулеба на социјалните мрежи.
„Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, Целосно изолирајте ја Русија!“, напиша тој.
https://twitter.com/DmytroKuleba/status/1498569115950272517
Генерал-полковник Валериј Залужниј ,врховниот командант на вооружените сили на Украина, излезе со изјава на официјалниот Фејсбук профил на Генералштабот на украинската војска. Генералот Залужниј вели:
„Од почетокот на отворената инвазија, Русија лансираше 113 оперативно-тактички проектили од копнените и поморските база , од типови „Искандер“ и „Калибар“ врз мирните градови и села во Украина.
Ова крваво злосторство на режимот на Путин е очигледно кршење на меѓународното хуманитарно право и бара истрага од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации.
Задорожњук: Шести ден од војната на фашистичкиот руски режим против Украина, блицкригот на Путин не успеа
Изјавата на Владимир Путин од 27 февруари да ги доведе силите за одвраќање, вклучително и нуклеарните сили, во „специјален режим“ укажува на неуспехот на Русија да оствари блицкриг против Украина, рече на денешниот брифинг украинската амбасадорка, Н.Е. Наталија Задорожњук.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВАКУАЦИЈА Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме.
БЕГАЛЦИ Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштија Украина откако Русија ја почна инвазијата на таа земја, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
– Сега имаме над 660.000 бегалци кои избегаа од Украина во соседните земји само во последните шест дена, рече портпаролката на УНХЦР Шабија Манто.
САНКЦИИ „Виза“ и „Мастеркард“ блокираа неколку руски финансиски институции од нивната мрежа по санкциите воведени поради руската инвазија на Украина.
ЕУ ЧЛЕНСТВО Европската Унија треба ургетно да го деблокира почетокот на преговори со Северна Македонија и со Албанија и не смее да дозволи Западен Балкан да го остави како отворено прашање и отворена рана, рече денеска на брифингот со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи, во однос на тоа колку е реално ситуацијата со Украина да се прелее на Балканот.
ИНТЕГРАЦИИ Членот на Австриската народна партија во Европскиот Парламент, Лукас Мандл, оцени дека се разбирливи размислувањата за членство на Украина во Европската унија. Но, според него, пред да дојде до тоа, треба да бидат примени сите земји од Западен Балкан.
МЕДИУМИ Видео хостингот на YouTube во сопственост на Гугл блокираше голем број канали поврзани со руските пропагандни медиуми РТ и Спутник низ Европа поради тековната руска инвазија на Украина, пренесува украински Укринформ.
ЕКОНОМИЈА Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ Обраќањето на амбасадорот Баздникин, може да се оцени како наратив преполн со спинови и во поддршка на актуелната офанзивна и заканувачка надворешна политика на Руската Федерација, во која аргументите и фактите сè почесто заминуваат на задно седиште и заради засиленото и сè погласно ѕвецкање на оружјето, но и заради опасните спинови, чија цел е да се оправда сè поверојатното насилство во блиска иднина.
ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ – Изборниот систем и реформите
ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, среда, 02 март, со почеток во 13.30 часот. „Во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти за изборниот систем.
Една изборна единица е најновата играчка во македонската политичка игротека. Истовремено, дел од политичарите во земјата бараат предвремени избори. Изборниот систем, изборната регулатива и самите изборни процеси се спроведуваат, за граѓанките и граѓаните! Не за политичките партии, туку за луѓето да донесат информирана одлука и да изберат кој најмногу им одговара да им служи.
За ова, и за многу други аспекти на прашањата поврзани со изборните процеси, ЦИВИЛ напиша и објави публикации на неколку илјади страници.
ИНИЦИЈАТИВА НА ЦИВИЛ: ЧЕКОР НАПРЕД КОН МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО
Во услови на нестабилност во регионот и исклучително тешка ситуација за целиот свет, ЦИВИЛ ги интензивира активностите за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во нашата земја. Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ ќе продолжи со своите акции со кои ќе придонесе кон почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во нашето општество.
КОНТЕКСТ

„Додека руската воена машинерија силно удира на Украина во најголемата инвазија што Европа ја видела од Втората светска војна, една група Европејци се чувствува особено непријатно – бранителите и навивачите на Владимир Путин. Додека Русија собираше војници околу границите на Украина, некои од овие пријатели на Путин ја минимизираа заканата или го обвинија Западот дека ги зголемува тензиите. Но, како што Путин му објави војна на Киев и балистичките проектили паѓаа врз украинските цели, таа позиција стана потешка за задржување во оваа група, што ги натера многумина да се повлечат од нивната поврзаност со Кремљ и да избрзаат со изјави за осуда на нападот“, пишува Драган Мишев во „Европските пријатели му свртеа грб на Путин“
АНАЛИЗИ
„Тој ја нарече Украина вештачка креација на Ленин. „Како резултат на болшевичката политика се појави советска Украина, која и денес со добра причина може да се нарече „Украина на Владимир Илич Ленин“. Тој е нејзин автор и архитект. Ова е целосно потврдено од архивите. И сега неговите благодарни наследници ги уништуваат спомениците на Ленин во Украина“ – истакна тој.“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Путин ја враќа империјалната логика во Русија и го руши споменикот на националната слобода“
СЛОБОДНА ЗОНА

Познат е по подземното финансирање на хибридната и медиумската војна низ светот. Има врски со моќното руско подземје. Корумпира високи функционери низ светот. Се меша во внатрешната политика на независни и суверени држави. На власт е повеќе од 20 години со тешки изборни манипулации и кражби. Ги убива своите политички опоненти на различни начини – со труење, „самоубиства“ и улични егзекуции во мафијашки стил…“, пишува Џабир Дерала во БЛИЦ коментарот под наслов „Путлер“.
„Тоа се однесува и на изречените ставови за војната во Украина. Уште долго ќе „пече“ кафеанската забелешка на „громовникот“ Стевчо Јакимовски по повод руската агресија врз Украина („Кој бира комичар за претседател, ќе јаде гранати за појадок“) што е изречена од претседател на партија, избран за градоначалник со илјадници гласови на локални избори. Не знам за што го гласале граѓаните на Карпош, но не верувам дека го избрале заради ваквите „гастрономски“ коментари со кои се потсмева на маката на милиони Украинци., прочитајте во колумната на Сашо Орданоски „Освен Апасиев и Стевчо, сите други се согласни дека ѓаволот ја однесе шегата!“

Сè на сѐ, се работи за досега невидени санкции. Светот станува се пообединет во осудата и санкциите кон Русија и во желбата да и се помогне на Украина. Претседателите на неколкудржави членки на ЕУ, Бугарија, Полска, Латвија, Литванија, Чешка, Словачка, Естонија и Словенија со писмо побараа и поддржаа итен прием на Украина во ЕУ. Поради сомневање за сторени сериозни злосторства Меѓународниот кривичен суд од Хаг отвара истражни дејствија за случувањата во Украина. Едноставно Русија станува сѐ повеќе изолирана, народот сѐ погладен, а руските бизнисмени сѐ по огорчени на авантурата на Путин, Јове Кекеновски во колумната „Цар или мегаломан“.
Д.Мишев













