• Latest

Османи: Никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада

March 3, 2022

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Османи: Никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада

March 3, 2022 12:19
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава изутрината влезе семејството со новороденчето, има уште седум граѓани кои се во активна евакуација од Украина, се мобилизираме, ќе пратиме и транспортни комбиња. Последната бројка е 77 наши државјани, со нив има и членови на семејства кои се Украинци, за кои имаме преземено обврска за евакуација. Околностите стануваат се потешки, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во изјава за ТВ 24, Османи кажа дека дал предлог на Влада за прием на бегалци, за ослободување од обврската за ПЦР тестови и оти се предвидени сите чекори за да има непречено прифаќање бегалци од Украина.

Додава дека тенденцијата е бегалците да се движат кон Полска и Романија, во Грција и Хрватска веќе пристигнале бегалци, а кај нас се уште нема.

За поддршката што и ја даваме на Укараина, рече дека Северна Македонија застанува во заштита на меѓунаордното право и принципите на почитување на суверенитетот и територијалниот интегрит на државите.

– Ние сме членка на НАТО и тоа менува се. Тоа е квалитативно суштинска разлика. Првпат почувствувавме како е да си дел од Алијансата. Ги повикувавме порано граѓаните да ја напуштат Украина затоа што имавме информации, НАТО гарантира безбедност. Напад врз наша територија ќе е напад врз сите 29 членки. Членството во НАТО носи и обврски. Имаме обврска да ја заштитиме територијата на НАТО, истакнува Османи.

Вели дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада.

-Нема народ кој прави агресија, тоа обично е влада која го заврдува својот народ, мора да имаме јасен став околу руската влада. Со поддршката на Украина ја поддржуваме нашата држава, правото секоја држава сама да си ги одбира приоритетите, вели Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека исмејувањето на државни претставници и институции за време на руската агресија во Украина е вид на хибридна закана.

– Кога ги дефиниравме хибридните закани, една од хибридните закани дефиниравме дека е исмејување на институциите. Кога вели МНР напуштете една држава, вие мора да верувате во тоа. Несвесно граѓаните влегуваат во такви инструменти на наштетување на државата, затоа бараме многу внимателност во овој дел, рече Османи.

Министерот додава дека ваквиот феномен делумно го разбира и дека постојат објективни причини за тоа, меѓу кои и фрустарциите од долгото чекање за започнување преговори со ЕУ.

– Има одредени објективни елементи како што е чувство на измаменост од ЕУ кое се манифестира како антизападна политика. Тоа е емоција која ја ослабува довербата на граѓаните во институциите. Ние се обидуваме максимално да ги направиме институциите поотпорни и по однос на напад на дигиталната инфраструктура и по однос на овие хибридни закани, рече Османи.

Говорејќи за проширувањето на ЕУ во конетекст на актуелната ситуација со Украина, тој рече деа дека Западен Балкан е слаба точка на ЕУ и дупка во нејзиното тело и оти сега е момент тоа да се смени.
– Проширувањето на ЕУ е пред се безбедносна политика и важна безбедносна компонента. Се надеваме дека ЕУ ќе смогне сили и ќе направи веднаш брзи чекори, а најлесниот пат е веднаш да почне преговори со Северна Македонија. ЕУ мора да ја смени динамиката во регионот. Од четирите отворени прашања во регионоот, БиХ, Косово, РСМ и Албанија, со започнувањето на преговорите со Скопје и Тирана ќе реши веднаш две и тоа ќе помогне за затворање и на другите две, истакна Омсани.
Посочи дека продолжува процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и се надева дека и Софија ќе го сфати моментот дека проширувањето на ЕУ е дел од безбедносната политика. Очекува да продолжи и ангажманот на САД за надминување на проблемот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ