• Latest

Децата наспроти војната и дезинформациите

March 4, 2022
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Децата наспроти војната и дезинформациите

Како влијае војната во Украина врз децата, кога постојано во медиумите, на социјалните мрежи, на училиште, на улица сите зборуваат за тоа? Како да се заштитат децата да не им останат трауми или некои други последици од тоа што гледаат и слушаат за војната?

March 4, 2022 10:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата задача на возрасните е да направат децата и младите луѓе да се чуствуваат безбедно и сакано и дека нивното ментално здравје е зачувано. Мораме исто така во овие моменти да размислуваме за оние кои се најранливи во оваа криза, а тоа се децата и младите луѓе, вели Андријана Паскоска, магистер по психологија во социјалната заштита и професорка по филозофија, за ЦИВИЛ Медиа, одговарајќи на прашањето како влијае војната во Украина врз децата.

„Повеќе од две години справување со епидемијата и справување со нејзините последици, пред родителите, наставниците и професорите, пред сите возрасни, уште една потешка задача, да ги поддржиме и зачуваме воедно децата и младите луѓе дури и во оваа тешка ситуација. Се случи, мораме да признаеме дека војната дојде во нашето соседство. Децата треба да ги избегнуваат вестите и извештаите.

Од друга страна, децата имаат право да знаат што се случува, но тие вести мора да бидат приспособени и објаснети на начин на кој се соодветни на нивната возраст. Родителите треба да разговараат со детето за тоа што ги интересира што виделе и како се чуствуваат. Може да го прашате – Што слушна? Што виде? Како се чуствуваш? Треба да имаме разбирање дури и ако не ги интересираат вестите, но во овие ситуации треба да бидат инфорирани дека може со вас да разговараат за тоа што се случува. Децата треба да се слушаат и да се разговара со нив“, вели Паскоска.

Андријана Паскоска, магистер по психологија во социјалната заштита и професорка по филозофија

Таа додава дека поради сè што се случува и она што го слушаат и гледаат, децата може да почуствуваат страв, збунетост и загриженост или дури и гнев, особено ако сето тоа потсетува на насилство или траумата што ја доживеале. Може да има ненадејни промени на расположението, агресија или повлекување, тоа може да биде знак дека имаат потешкотии во обработката на информациите што ги добиле или виделе. Затоа на децата и на младите треба да им се испрати недвосмислена порака дека е сосема нормално да се чуствуваат тажни, исплашени или лути.

„Ајде дајте им до знаење дека сте таму за да ги поддржите и помогнете. Разговарајте за вести и извори на информации, децата им пристапуваат на вестите на поинаков начин од ворасните. Колку помалку ги интересира, толку помалку следат, но кога го прават тоа е најчесто преку кратки клипови на социјалните мрежи чиј автор е често непознат, кои не даваат одговори на сите прашања и да се разбере што бара познавање на контекстот кој многу често се изоставува. Треба да се биде особено свесен за компјутерските измами кои ја зголемуваат изложеноста на популарни матријали. Овие алогоритми можат изложувајќи ги децата и мадите на овие содржини дури иако не се заинтересирани за темата.

Затоа неопходно е да се разговара со нив, за тоа што виделе каков е контекстот, кои факти се презентирани, кој е изворот од наведениот матријал, дали авторот на матријалот е познат и веродостоен, и какви коментари се прикачени на тој матријал“, вели Паскоска.

Таа додава дека треба да се фокусираме и на намалување на штетата што може да ја имаат дезинформациите и насилните слики врз децата.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ