• Latest
Добро утро со Орданоски

Украина ќе биде окупирана од Русите. Што потоа?

March 4, 2022

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Украина ќе биде окупирана од Русите. Што потоа?

March 4, 2022 06:30
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

„Поплавата“ од емотивно силно набиените вести за воените, политичките и хуманитарните случувања на боиштата во Украина и вистинскиот земјотрес што глобално го погоди светот поради воената агресија на Русија, не ја менува суштината на работите на терен: Русија е пресилен противник за украинската одбрана и, без разлика на херојството и жртвите на кои се подготвени Украинците или на почетното тактичко неснаоѓање (како што тврдат голем број западни воени аналитичари) на руската воена офанзива, треба да се претпостави дека, порано или подоцна, воената надмоќ на Русија ќе резултира со окупација на Украина. Во трагичните, разурнувачки детали, таа операција допрва ќе биде страшна, можеби ќе трае и со недели, но резултатот од таа нерамноправна борба е тажно предвидлив.

Но, тоа е можеби и полесниот дел од диаболичниот план на Путин. Вистинското прашање е што потоа? Што ќе прави Русија откако воено ќе ја пороби Украина?

Окупациите на земји од географска и популациска големина на Украина која, дополнително, е лоцирана на Европскиот континент, е голем „залак“ дури и за империјалните амбиции на една, историски погледнато, амбициозна окупаторска сила каква што е Русија. Таа е сега политички и дипломатски, а со извонредна брзина и економски најизолираната земја на светот. Овојпат, нејзината освојувачка амбиција не предизвикува никакво идеолошко воодушевување во светот, а во најдобар случај произведе воздржаност и резерви дури и кај нејзините најтрадиционални глобални сојузници, ако во тоа не се вбројат земји како Белорусија, Северна Кореја и Сирија. Ужасно е тоа друштво, по сите објективни критериуми. Дури и балканските проруски „џебови“ се бројат на занемарливи радикални антизападни групации, со целиот кафеански фејсбук-сеир што наскоро ќе спласне, откако ќе дојдат вестите за илјадници човечки драми што веќе ги произведува Путиновата воена машинерија.

А и што ќе прават Русите со самите Украинци? Нивното сегашно политичко раководство ќе мораат по кратка постапка да го ликвидираат или по импровизирани судења да го префрлат во некој Сибир, што само ќе ја ескалира омразата кон агресорот. Се разбира, Русија ќе најде локални колаборационисти кои ќе ја преземат власта во нејзино име, но раководењето со окупираните модерни украински милионски градови и стотици помали гратчиња и села, да не зборуваме за економијата и другите големи општествени сектори, ќе бара германска ефикасност, британска административна колонијална совршеност, американски финансиски ресурси и кинеска упорност и трпеливост. Русија не поседува ниту еден од овие критични квалитети.

Напротив, ефектите од оваа непростлива милитантна кампања на Путин наскоро силно ќе се почувствуваат и кај него, дома. Да, неговиот домашен политички рејтинг сега е пораснат за десетина отсто, но, што мислите, колку долго ќе трае таа поддршка? И самите Руси се во потполн шок, таа вознемиреност и незадоволство само ќе расте, особено кај младите Руси, без разлика како ќе ја „дроби“ руската пропаганда сопствената јавност.

Украинците се и ќе бидат главните жртви од сегашното лудило, но наскоро блиску ќе им се приближат самите Руси.

Путин и неговото тесно окружување од десетина луѓе – во кое, буквално, нема помлад од 70 години, а 90% од сите нив се стари воено-полициско-разузнавачки кадри – би требало да се свесни за ова. Ако тие не се, тогаш сигурно им е јасно на десетината милијардери, другарите на Путин, сите олигарси од епохалните криминали на пост-советската ера, кои нагло осиромашуваат. Тие украденото си го сметаат за свое и мора да е многу вознемирувачка и самата помисла дека губат по милијарда долари неделно.

Затоа и мислам дека – можеби и побрзо одошто се надеваме, а предоцна за илјадници луѓе во Украина – преговорите за завршувањето на оваа потполно ирационална операција на Путин ќе мора да дадат некаков резултат. Којзнае како ќе се формулира испреговараната завршница и во колку и какви фази ќе се спроведува „спасувањето на образот“ на Путин, но ако во Москва е останата и трошка разум, таков треба да биде крајот на овој воен конфликт.

Потоа следува почетокот на падот на Путин во Русија. Тој ќе биде побрз одошто се надева сегашната постава во Кремљ. А може да трае и со години. Дотолку полошо по Русите.

Она, пак, што ќе трае со децении и векови е дамката што останува врз Русија за оваа маестрална грешка на нивниот омилен диктатор. Историски паралели со други слични национални и меѓународни трагедии не се потребни, а сите се точни.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ