• Latest

Велковска: Додека ние разговараме, илјадници украинки се борат на првата линија

March 10, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Велковска: Додека ние разговараме, илјадници украинки се борат на првата линија

March 10, 2022 11:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската жена и во догледно минато се залагала за еднаквите права со мажите. Уште на крај на 19 век во Украина се појавиле многу жени кои можат да се наречат борки за женските права, како на пример писателки Олена Пчилка, Лесја Украинка (чиешто име носи и здружението на Украинците во Северна Македонија, Ољга Кобилјанска, Наталија Кобринска и многу други, кои со својата активна позиција и дејност овозможиле жените да застанат на исто ниво со мажите, вели Тамила Велкоска, претставничка на украинската заедница во Северна Македонија на панелот на ЦИВИЛ „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“,како дел од серијата под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“.

Велковска се осврна на улогата на жените украинки во политичката сфера во Украина.

Во последните избори жените имаат освоено 21 отсто од местата во Украинскиот парламент (Врховната Рада), и во текот на последните години имаат направено огромни чекори во затворање на родови  јазови.

Моментално во владата на Украина жените заземаат 5 министерски места, и тоа во многу стратешки прашања за земјата: Свириденко Јулија – прв вице-премиер – Министер за економија, Верешчук Ирина – Вице-премиер за реинтеграција на привремено окупирани територии на Украина, Стефанишина Ољга – Вице-премиерот за европска и евроатланска интеграција, Лазебна Марина – Министер за социјална политика, Лапутина Јулија – Министер за прашања на ветераните. Јулија Тимошенко беше Премиерот на земјата во 2007-2010 години.
Жените масовно заземаат позиции на сите нивоа на извршната и законодавната власт во земјата, ја претставуваат својата земја како амбасадори, посебно, во Република Северна Македонија многу активна амбасадорка е жена – Наталија Задорожњук.

Од 1993 година жените се дел и од украинската војска, но нивната улога и бројност се зголеми кога Русија го анектираше Крим во 2014 година. Поради зголемување на бројност на припадниците на армијата растеше и бројност на борки – жени. На жените им беше дозволени борбени специјалности, вклучително топџии на оклопни возила, снајперисти, пилоти на борбени авиони итн.

Според податоците од 2020 година, повеќе од 30 илјади жени служеле во украинските вооружени сили во тоа време. Тоа е повеќе од 22 отсто. За споредба, во активни вооружени сили на САД жените сочинуваат околу 14 отсто. Поради ескалирање на ситуација во Украина во 2021 година Украина ги обврза жените од мирни специјалности, кои можат да бидат корисни во случај на потреба, да се евидентираат во специјални регрутни центри.

Со оглед на тоа дека Украина е под руска агресија, Велковска посочи дека украинките се клучен дел од борбените сили, но и дека се носечкиот столб на семејствата.

Моменталната војна со Русија им го сменија животот не само на сите жителки на Украина,  но и на тие коишто се наоѓаат вон државата. Од почетокот на војната, безброј Украинки од сите сфери доброволно се пријавиле да служат на првите борбени линии.  Некои се запишаа во територијална одбрана. Стана вирално видео од 79-годишната Украинка од Мариупол која учи да пука.  Илјадници жени во моментов, кога ние со вас разговараме, се борат со непријателот на предната линија,  изнесуваат ранети, лекуваат, се грижат за војниците да бидат сити, се грижат за децата во засолништата за време на бомбардирањата, се обидуваат да ги изнесат од опколените градови.

За мене херои не само тие, но и жени кои без оглед на се продолжуваат да

ја вршат својата секојдневна работа, по продавници, комунални служби, транспорт. И Украинките низ целиот свет, кои спијат по 4 часа дневно и прават се што можат од собирање на хуманитарна помош, сместување на бегалци и организирање протести, посочува Велковска.

 

Првата дама на Украина Олена Зеленска во своето обраќање до Украинките покрај друго им порача: „Нашиот сегашен отпор има особено женско лице. Мојот восхит и поклонување кон вас, неверојатни сонароднички“.

Украинските жени играат централна улога во многу работи, едно е сигурно: нивната силата и храброста не треба да се занемарат. Жените се борат, собират пари за војска, се приклучуваат кон кибер-војската, координираат волонтери, спасуваат луѓе, можам да набројувам уште долго.

Доказ за тоа дека украинската жената без оглед на се не отстапува од својата најприродна и најблагословена улога – улога на жена и мајка – е факт дека само за 13 дена од војната во Украина склучени се 3973 бракови и се родиле 4311 бебиња. Бракови се склучуваат како доказ на храброст и верност на украинските жени, кои сакаат на таков начин да пружат на своите мажи безгранична поддршка.

Денес налетав на една констатација, дека поради војната се испостави дека во Украина не постои понежниот пол. Верувам, дека и жените во Македонија имаат сила да ја докажат својата еднаквост со мажите, но од се срце посакувам никогаш да не бидат принудени да го сторат тоа така како што денес го прават украинските жени!

камера: Дехран Муратов

фотографија: Горан Наумовски

реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ