• Latest

Каде сте архитекти?

June 22, 2016
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Каде сте архитекти?

June 22, 2016 14:54
in Uncategorized, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Архитекти, не ве боли тоа што му го прават на вашиот град? Тоа што по наместени конкурси, некој друг проектира наместо вас? Просечниот проектант заработува 200-300 евра!? Архитектите молчат. Наместо нас, архитектите, градежната мафија контролира колку чиниме на пазарот. Всушност, нема пазар, има само неколку фирми кои го делат шлагот. Па, дури, и тие мораат половина од кајмакот да дадат за рекет!

костадин
Пишува: Костадин Героски

Ако не се лажам, нашата молчелива Комора брои барем 4.000 архитекти. И од нив, не се најде речиси никој да каже нешто, со една реченица да го искритикува „Скопје 2014“. Секоја чест на исклучоците и на студентите, но сепак, каде се професионалните архитекти? Не само што немаат ‘рбет, архитектите во Македонија се согласуваат на секакви работни услови. Градежниците се стопати попочитувани од нас, правниците во нашите фирми се ем попочитувани, ем заработуваат повеќе…

Архитектите во Македонија немаат креативен интегритет: тие би проектирале било каков проект за било каква куќичка, само за да земат некој денар. Од таа причина, во последните 10 години, продукцијата се сведува на безлични станбени згради кои никнуваат по населбите во Скопје. Нивната безличност е во фактот што тие немаат никаков однос кон фасадата, па мораат да надоместат за тоа со боја (фасадите се бојат со дречливи бои), или со толку употребуваната мансарда. Проектирањето на мансардни покриви стана мода, што од незнаење, што од немање други идеи.

Проектите немаат никаков однос ни кон функционалноста на објектите. Шематски згради или куќи со шема која не мрднала од 60-тите гоини на минатиот век. Ако ние се жалиме, драги колеги, дека сме живееле во социјалистичко Скопје, треба да знаете дека се што моментално се проектира е повторно врз база на таа социјалистичка шема. Луѓето всушност, не знаат ни за форма, ни за функција, нив најчесто им е битно да имаат што поголема квадратура, да се искористи секој квадрат и да се направи соба, а како тоа ќе изгледа – не е битно.

Македонските архитекти не знаат што се случува во светот. Но, за тоа се виновни и инвеститорите. Кога ќе им спомнете дека сакате стаклена фасада, тоа е се уште мисловна именка за нив. Да не зборуваме за зелена тераса или за некој моментален тренд во архитектурата: кај нас одамна не се користи челикот, дрвото уште помалку, бетонот од 70-тите уште е во мода, како единствен конструктивен систем. Во оваа некреативност учествуваат и самите општини: научени да работат шематски, тие сакаат да им дадете шематски проекти. Ако случајно ставите пластика на објектот, некаков детал, некаков еркер кој им е сомнителен, веднаш ќе бидете одбиени. И ќе бидете обвинети дека сонувате работи кои не постојат. Ете, како стојат работите кај нас.

Секако, многу од тие работи ние не ни знаеме како да ги изведеме, но најточно е да се каже дека фирмите не се осмелуваат да проектираат нешто покомплексно, туку сакаат да биде едноставно, до таа мера просто, што на крајот, станува простачко. Прост транзициски кич без свои обележја. Патем, шарените фасади сум ги видел и на друго место и се како една општа одлика на балканската архитектура.

Значи, зградите ни се кич. Остануваат уште куќите. Таму има повеќе креативност, бидејќи можете да го убедите инвеститорот, како архитект да изведете нешто поинтересно. Сепак, нашите ексклузивни викенд-куќи повеќе се доближуваат до барок и нео-класицизам, отколку до некаква авангарда на 21 век. Мораме да созрееме и како општество ако сакаме подобра архитектура. На архитектите мора да им се објасни дека бетонот како материјал си оди од сцената и е заменуван со нови композитни материјали. Дека дрвото никогаш не излегува од мода. Дека не е срамно да градиш од полна тула. Архитектите треба да избегнуваат да градат со YTONG блокови, со евтин сипорекс, да избегнуваат да ставаат пластифициран лим наместо ќерамида на куќите…

Архитектите, исто така, треба да избегнуваат да им ја вршат работата на другите фазисти. Не сме ние водоводџии, електричари или машинци, па да го цртаме тоа што тие треба да го исцртаат. Не сме статичари да означуваме плочи. На крајот на краиштата, не сме ни градежници за да не праќаат по секакви терени за да проверуваме која е марката на бетонот. Не сме ни правници, за да средуваме документи за фирмите.

Колеги архитекти и архитектки, време е да го дигнеме својот глас.

 

Tags: „Скопје 2014“архитектуракичМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ