• Latest

Европскиот парламент им забрани влез на руските дипломати, Зеленски за високата цена што ќе ја плати агресорот, мулти-култи бриф на ЦИВИЛ

March 18, 2022

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Европскиот парламент им забрани влез на руските дипломати, Зеленски за високата цена што ќе ја плати агресорот, мулти-култи бриф на ЦИВИЛ

March 18, 2022 17:07
in Uncategorized, ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Европскиот парламент им забрани влез на руските дипломати во своите простории

Европскиот парламент од денеска им забрани на дипломатите од Русија и од Белорусија  да влезат во просториите. „Од денеска на дипломатскиот и владиниот персонал на Русија и Белорусија им е забранет влез во просториите на Европскиот парламент“, напиша Роберта Мецола на Твитер. „Во Домот на демократијата нема место за оние кои бараат да го уништат демократскиот поредок“, додаде претседателката на Европскиот парламент.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Зеленски: Неправедната и агресивна војна секогаш има висока цена за агресорот

Неправедната и агресивна војна секогаш има висока цена за агресорот. Но, што и да им се случи, тоа не може да не утеши. Не ги воскреснувајте нашите мртви луѓе. Нема да ги обнови нашите градови. Нема да ја излечи емоционалната рана што ќе остане со нас засекогаш. Ќе обновиме сè – не се сомневам во тоа. Ќе станеме полноправна членка на ЕУ – секој претставник на нашата држава работи за ова 24/7. Но, животот ќе биде поинаков, и за многумина – без илјадниците срца запрени од оваа војна. Вечен спомен на сите што го дадоа животот за Украина!

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на 16 февруари 2022, 8 дена пред руската агресија.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

109 празни колички за бебиња се оставени на плоштадот во центарот на Лавов. Ова е бројот на убиени деца од руските агресори во војнатадеца во Украина поради руската агресија, објави на Твитер Франак Виачорка,  белоруски политичар и новинар, поборник за демократија и лична слобода.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека шефот на државата, Володимир Зеленски, е подготвен за средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 816 цивили се убиени, а 1,333 се повредени во Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари. Вистинскиот број на загинати е веројатно значително поголем. ОХЦХР, која има голем мониторинг тим во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од тешко погодените градови како Мариупол.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА Нула толеранција за корупцијата за општество еднакво за сите, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната тркалезна маса „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“, нагласувајќи дека  политичката волја е клучна во борбата против корупцијата.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува незадоволство и разочарување од пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која е изречена условна осуда од 6 месеци затвор за обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски, кои воедно се задолжени солидарно да платат износ од половина милион денари за материјалната штета предизвикана од кршењето на претседателската канцеларија за време на протестите на Шарената револуција

ПОМИЛУВАЊЕ Поради поголем интерес во јавноста за помилувањата што беа објавени вчера, Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски појаснува дека лицето Абдулфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса.

ЗДРАВСТВО Министерството за здравство соопшти дека со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата.

ПОПРЕЧЕНОСТ На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ од 1 март ги интензивира своите акции со кои ги промовира почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во општеството.

ЦИВИЛ во изминатата недела имаше интензивни активности во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

Преставници на ЦИВИЛ остварија средба со Претседателот Стево Пендаровски по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

ФОТО НА ДЕНОТ

 

СЛОБОДНА ЗОНА

 

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

За само 20 дена од рускиот „блицкриг“, Украина стана гигантска гробница за руската воена сила, за војниците и за огромниот број тенкови, оклопни и други воени возила, најголеми губитоци на воена техника и оружје од Втората светска војна наваму. Тоа го избезуми Путин, па затоа и ги стави шефот на оддлелот за разузнавање при ФСБ, поранешно КГБ (сајтот им е хакнат во моментов, затоа линкот е од Енциклопедија Британика), Сергеј Беседа и неговиот заменик во домашен притвор. Дваесетина претреси биле извршени во становите на врвни руски шпиони во изминатите три недели, затоа што не се оствариле нивните прогнози за војната на Путин, јавуваат руски извори од Москва и од емиграцијата, , читајте во колумната на Џабир Дерала „Толку од блицкригот на Лудакот“

 

 

Проф. Мирјана Најчевска

Мислам дека треба сериозно да се размисли за примена на членот 407-а од Кривичниот законик: “Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“, во врска со средбата на лидерот и членови на политичката партија Левица со актуелниот амбасадор на Руската Федерација во Северна Македонија., пишува Мирјана Најчевска во колумната „Поддршката на кривични дела против човечноста не е слобода на говор“

 

 

 

Марин Гавриловски

Владеј Британијо, Британија владее со брановите, Британците никогаш, никогаш, никогаш нема да се робови („Rule Britannia! Britannia rule the waves, Britons never, never, never shall be slaves“). Секој што имал можност да ја чуе изведбата на ова познато дело, не останал рамнодушен од силното чувство на гордост и патриотизам, кои секој жител на островот ги манифестира кога ја пее оваа песна. Таа е одраз на британското чувство за надмоќ како последица на илјадагодишната традиција и големата експанзија на империјата, која, во еден период од историјата на човештвото, била распространета на сите континенти и во неа сонцето никогаш не заоѓало, пишува Марин Гавриловски во колумната „ А, бре, Македонче, Британија владее!“

 

Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ