• Latest

Започна штрајкот на СОНК, доказ за воените злосторства на руските агресори, на Криволак успешно заврши вежбата „Блесок 22“

April 11, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Започна штрајкот на СОНК, доказ за воените злосторства на руските агресори, на Криволак успешно заврши вежбата „Блесок 22“

April 11, 2022 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

СОНК денеска го започна штрајкот во градинките, основните и средните училишта

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска го почна штрајкот во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта, со неизвршување на работните задачи на работното место, што според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни.

„Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде последен чекор. Социјалниот дијалог ќе продолжи со СОНК за набргу да се најде решение“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири и најави дека денеска или утре ќе закажат средба со синдикатот.

Министерството за труд и социјална политика информира дека утрово утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца- детски градинки, и дека  згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вели дека според нивните сознанија се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките, а и тие што не се членови на СОНК масовно се вклучуваат во штрајкот. Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска на прес-конференција кажа дека околу 25 илјади вработени во училиштата и градинките се вклучиле во штрајкот, а минорен е бројот и не е повеќе од илјада на тие што не учествуваат.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски за Си-Би-Ес: За вредностите што ги штитиме, доказите за воените злосторства на окупаторите и потребата да и се помогне на Украина со оружје

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во 60 минутно интервју за CBS говори  за тоа како светот ја разбира војната и дали Обединетиот Запад би можел да ја спречи.

И, исто така, за вредностите што ги штитиме, доказите за воените злосторства на окупаторите и потребата да и се помогне на Украина со оружје, објави украинскиот претседател Зеленски на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

-Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) соопшти дека од почетокот на руската инвазија врз Украина се убиени 1.793 цивили, а 2.439 се повредени. Меѓу убиените има 458 мажи, 294 жени, 27 девојчиња и 46 момчиња, како и 69 деца и 899 возрасни чиј пол сè уште не е познат.

Меѓу повредените има 279 мажи, 213 жени, 47 девојчиња и 46 момчиња, како и 136 деца и 1.718 возрасни чиј пол сè уште не е познат.

-Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика странските медиуми и политичари да не потпаѓаат на руската кампања за дезинформации, чија цел е да ги поткопа испораките на оружје за Украина, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.

-Украинци ќе ги напуштат опколените источни региони, откако за денеска се договорени девет хуманитарни коридори од украински и руски официјални лица.

Рутите ќе се користат за евакуација на луѓе од Мариупол, како и други југоисточни градови до Запорожје, но и за жители од регионот Луганск до Бахмут.

Знаци на воени злосторства, политичка репресија и геноцид се забележани во акциите на руската армија на територијата на Украина. Покрај разурнувањето и убивањето, руските агресори од градовите во Украина кои се под руска окупација киднапираат цивили, деца, новинари, градоначалници.

Според најновите информации до кои дојде ЦИВИЛ, руските агресори досега киднапирале 12 градоначалници од окупираните украински градови, на кои им се губи секоја трага.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АРМ Денеска на полигонот „Криволак“ заврши вежбата „Блесок 22“ со демонстрација на тактичка вежба на Денот за високи гости.

Лесниот пешадиски баталјон, кој е составен дел на Првата пешадиска бригада е борбено способен да ја извршува својата мисија, е оценката која ја доби армиската единица што ја реализираше вежбата.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање пред заменикот на претседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и военото раководство истакна дека способностите на Армијата не се само зборови на хартија, туку вештини на дело.

ЕКОНОМИЈА За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, Владата на Република Северна Македонија, издвои речиси 615 милиони евра. Минатата година преземени се мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка, соопштуваат од Владата.

ПРАВДА Обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години.

СУДЕЊЕ Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжуца судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Благојче Атанасовски – јавна личност, колумнист, полемичар, историчар, политиколог зборува за неприродната државна сегашност и излезната перспективна проекција на Република Северна Македонија како и за домашната актуелна политичка ситуација, власта и опозицијата, евро блокадата, руската агресијата и за уште по нешто.

МУЛТИКУЛТУРА

Петрунова: Дрвото кога пружа сенка, таа е еднаква за сите

Ива Петрунова, магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки за ЦИВИЛ Медиа говори за мултикултурата од аспект на урбаното живеење.

Максути: Да се најде алтернатива за да се спречи одливот на мозоци од земјава

Мерита Максути, архитектка, активистка за човекови права за ЦИВИЛ Медиа говори за клучните работи што се потребни за едно напредно општество.

СЛОБОДНА ЗОНА

Гудрун Штајнакер, германска дипломатка

„Војната, која избувна во Југославија во 1991 година, првенствено во Словенија и Хрватска, а која доведе до распадот на Југославија, не беше спонтан инцидент. Во Србија, опцијата за војна беше избрана прилично рано за да се присвои што е можно повеќе „српска“ земја од банкротираниот имот. Секаде каде што живееа Срби, дури и како малцинство, беше Србија. Голема Србија, земја за „небескиот народ“ беше целта. Текот на борбите во Словенија и Хрватска во 1991 година можеби беше доста непланиран и хаотичен.“, прочитајте во анализата Босна  „модел“ за Украина од Гудрун Штајнакер, поранешна германска дипломатка.

 

Џабир Дерала

„На едната страна се лажни патриоти кои ги манипулираат своите следбеници во служба на центри на моќта што ништо добро не ѝ мислат на македонската држава. На спротивната страна се „шарените“, сите граѓанки и граѓани кои сакаат да живеат во општество во кое има еднаквост, правда и слобода. На едната страна се тие што сакаат власт по секоја цена за да продолжат со ограбување и со садистичко, мафијашко владеење. На другата страна се оние што прават разлика и мислат со своја глава, гласно критикуваат и учествуваат во промените.“, пишува Џабир Дерала во колумната Зошто лажните патриоти не можат ништо да научат од „шарените“?.

Сашо Орданоски / Фото ЦИВИЛ

„Нешто мора да е гнило во оваа држава Данска штом тројца последователни генерални секретари на владите се наоѓаат во ситуација да се бранат од обвиненија за сторени кривични дела поврзани со нивното службување. Во принцип, генералните владини секретари се „гејт-киперите“ на оперативното и правно функционирање на владите и нивните највисоки административни службеници.“, пишува Сашо Орданоски во колумната Нешто е гнило, но нешто е и заздравено во оваа држава Данска.

 

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ