• Latest
Добро утро со Орданоски

Нешто е гнило, но нешто е и заздравено во оваа држава Данска

April 11, 2022
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нешто е гнило, но нешто е и заздравено во оваа држава Данска

Ако е Ковачевски „пионот на Заев“, што прави сегашниот премиер на 80 дена од преземањето на извршната власт кога „дозволува“ Обвинителството да го гони кумашинот на претходниот премиер кој, според власта, сѐ уште „од (струмичката) сенка“ ја контролира Владата?! Ваква нелогичност на едно владејачко ВМРО-ДПМНЕ сигурно никогаш не би му се случила

April 11, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Нешто мора да е гнило во оваа држава Данска штом тројца последователни генерални секретари на владите се наоѓаат во ситуација да се бранат од обвиненија за сторени кривични дела поврзани со нивното службување. Во принцип, генералните владини секретари се „гејт-киперите“ на оперативното и правно функционирање на владите и нивните највисоки административни службеници. На челото на таа оптоварена владина „крстосница“ секогаш се ставале доверливи луѓе на премиерите, често и високи партиски функционери на владејачките номенклатури. Тие се „уредниците“ на „службениот весник“ на власта, тие се правната и функционална „инка“ на сите политички договори, па и пазарења во власта, особено за да се спречат злоупотребите на службените овластувања и положби во самиот владин кабинет.

ВРВОТ ОД „САНТАТА МРАЗ“?

Од истите причини, нешто мора и да заздравува од гнилежот во оваа држава Данска: никогаш порано не се случило во „седечка“ влада дури двајца нејзини „тековни“ генерални секретари да бидат предмет на истрага и покренување кривични обвиненија од страна на Обвинителството. Фер е тоа да се констатира, бидејќи и обвинетите Рашковски и Зеќири не се (или не беа) случајни луѓе во СДСМ, туку лично одбрани и назначени од самиот некогашен претседател на партијата и владата, Зоран Заев. Тој на власт дојде со паролата дека „никој не е над Законот“ и дека, без разлика што мисли лично за своите први соработници (на пример, за делата со кои Обвинителството го товари Рашковски и денеска е убеден дека нема кривична одговорност), отсекогаш се залагал сите сомнежи да се проверат низ фер судска постапка. Но, доколку тие постапки правосилно завршат со осудителни одлуки, Заев нема да може да се изземе макар од политичката одговорност за своите кадровски решенија.

На страна легитимните прашања дали судењата на двајцата генерални владини секретари од оваа власт – како што тоа веќе во бројни завршни судски фази се констатира за претходното владеење на Груевски – не се само врвот од „сантата мраз“ на злоупотреби на службени положби и овластувања во последните неколку години од владеењето на СДСМ и ДУИ? Ако за функционерите од ДУИ знаеме дека не се и не можат да бидат фатени во какви било кршења на законот, што станува со други функционери во СДСМ? Владеат во неколку последователни објективно кризни години кога одлуките се носат, иако законски, по скратени постапки, „во четири очи“, без вообичаените долги тендерски наддавања и на работ од можноста да се провери нивната процедурална (и содржинска!) коректност. А, за беља, најголемите буџети во државава отсекогаш биле во здравството и енергијата, токму двете централни кризи низ кои поминува светот…

ЗБУНЕТОСТА НА ОПОЗИЦИЈАТА

Она што е сигурно е дека во Македонија во последните години се зацврстија две битни демократски придобивки, од кои нема враќање назад: транспарентноста во објавувањето на сите трошоци на власта и бескомпромисната критичност на јавноста кога тие трошоци се во прашање. Тоа е стандард што ќе ја следи секоја демократска власт по падот на Груевски, ѝ се допаѓало тоа на власта или не.

Сепак, дури и опозицијата е збунета. Таа постојано тврди дека, откако тие паднаа од власт, со земјата завладеал криминалот и тотално партизираното правосудство на власта која врши тортура и терор врз целокупното нивно поранешно раководство, но истовремено тешко си објаснуваат како е можно, сега, една власт да се гони „самата себе“?! „Ловот“ на државни функционери е секогаш работа на идната власт, доколку претходната падне од власт, помогнато и со ветувањата дека претходната власт ќе се гони од идната. Дополнително, ако е Ковачевски „пионот на Заев“, што прави сегашниот премиер на 80 дена од преземањето на извршната власт кога „дозволува“ Обвинителството да го гони кумашинот на претходниот премиер кој, според власта, сѐ уште „од (струмичката) сенка“ ја контролира Владата?! Ваква нелогичност на едно владејачко ВМРО-ДПМНЕ сигурно никогаш не би му паднала ни на памет.

НАБИЕНА ПРАВОСУДНА НЕДЕЛА

И сето ова се случува во неделата кога на Боки 13 (алијас Бојан Јовановски) судот му „отсече“ уште една драконска казна и во случајот „Меѓународен сојуз“, со што по својата „кумулативна“ криминална закана по моралот, безбедноста и стабилноста на општеството Боки 13 ги надмина сите оние кои се судеа за неуспешниот државен удар со нападот на Собранието во случајот „27 април“ (само со Чавков се пата-пата), па и на докажано суровите убијци кои лежат во Идризово Боки им „бега“ за по неколку години досудена робија. Разделувањето на правдата во овој случај е апсолутно гротескно, да, каква што е и контроверзноста на „оперетската“ личност на Боки 13, и тоа во случај кој ги има сите карактеристики на нерасчистени облигациони околности за во класичен граѓански судски спор. Боки 13 ни приближно не е најголемиот криминалец во државава, за врз него да се „вежба“ строгоста на македонскиот правосуден систем.

Конечно, сето ова се случува и во неделата кога министерот за правда Никола Тупанчевски, барем од аспект на пошироката јавност, неуспешно се обидува да ја објасни повеќе својата глупава, одошто корумпирана постапка за платено-неплатениот фудбалски престој во Палермо. Па, мора да е глупава непромисленост во прашање, кога сумата на „корумпирањето“ не еден министер (а и на двајца други негови правосудни колеги) се сведува на неколку стотици евра – но, принципот е во прашање, а не сумата, заради што попаметно ќе му беше на Тупанчевски веднаш да се извини за сопствената постапка, наместо и понатаму да инсистира дебатата за неговата обична човечка глупост да се продолжува во дебата за неговата наводна корумпираност. Не дека и глупоста кај политичарите не „повлеквит“ политичка одговорност, но корумпираноста секако.

Заради сето ова, по минатата недела во македонскиот правно-политички систем можеби ништо нема да е исто како пред неа. Велам „можеби“ не затоа што ни недостасувале интензивни правни драми и во годините зад нас, туку затоа што сега новиот премиер Ковачевски има политичка можност поинаку да ги адресира. Со оглед на неизвесноста во ЕУ-разрешницата на спорот со Бугарија, менаџирањето и на овие политички предизвици (а не само економско-социјалните со кои, за сега, добро се носат) ќе ја одреди долгорочноста на оваа владина гарнитура.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ