• Latest

Босна „модел“ за Украина

April 9, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Босна „модел“ за Украина

April 9, 2022 09:09
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ГУДРУН ШТАЈНАКЕР 

Пред година и пол, имав можност да објавам напис за состојбата на Балканот за Дојче веле насловен “Den korrupten Eliten die Stirn bieten” (Спротивставување на корумпираните елити), во кој го критикував корумпираното соучество на ЕУ и поединечни ЕУ земји, вклучувајќи ја и Германија, со корумпираните елити на Балканот, што предизвика одредена врева.

Секако, ваквиот напис со мислење нема значење. Во 2020 година, директорот на Транспаранси Интернешнл во Босна, Срѓан Благовчанин, веќе имаше напишано студија за владеењето на картелите во Босна, за што се осврнав во мојот придонес за Дојче веле.

Последниот извештај на Транспаранси Интернешнл за Босна ја потврдува несреќната оценка на Благовчанин. Тој, исто така, гледа висок степен на дослух помеѓу т.н Запад и одговорните политички и економски елити во Босна. Условите во другите шест земји од Западен Балкан не се нешто поразлични, а изборната победа на Вучиќ во Србија е едвај сигнал за надеж.

Но, како се одвиваше ситуацијата во Босна, држава која што де факто е поделена на три дела, со секој дел во голем степен „етнички исчистен“ од народот на недоминантната група на население?

Војната, која избувна во Југославија во 1991 година, првенствено во Словенија и Хрватска, а која доведе до распадот на Југославија, не беше спонтан инцидент. Во Србија, опцијата за војна беше избрана прилично рано за да се присвои што е можно повеќе „српска“ земја од банкротираниот имот. Секаде каде што живееа Срби, дури и како малцинство, беше Србија. Голема Србија, земја за „небескиот народ“ беше целта. Текот на борбите во Словенија и Хрватска во 1991 година можеби беше доста непланиран и хаотичен.

Во Босна, целта од почетокот беше да се „освои“ земја и истата „етнички да се исчисти“. За таа цел, паравоени групи беа распоредени, обучени месеци пред војната, како и Југословенската народна армија, што Србија ја стави исклучиво под нејзина контрола. До денешен ден, речиси целосното етничко чистење на т.н Босанска Краина, што беше спроведено од Белград, како што го опишува поранешниот босански дипломат Д-р Мухарем Кржиќ во неговата книга издадена пред една година, не е признато како геноцид иако тука директниот ланец на команда кон Белград може да се докаже.

Таканаречената меѓународна заедница ја прифати поделбата на Босна и Херцеговина речиси од самиот почеток. Успешно ја турна најслабата, бошњачката страна да го прифати ова решение. До летото 1992 година, по воените операции, сигурно веќе и било јасно на т.н меѓународна заедница кон каде сė движат сите работи.

Како резултат, по три и пол години на убиствена војна со безбројни воени злосторства, масакри, масовни силувања, каде главните сторители беа Србите, понатаму Хрватите, а дури потоа Бошњаците, кои првично се спротивставуваа на протерувањата од нивните прадедовски населени места, настана денешна Босна со три ентитети. И покрај одредени меѓународни напори за враќање на бегалците и раселените лица, трипартитната поделба сė уште останува статус кво до денес.

Со сите три дела од дисфункционалната држава владеат корумпирани елити кои произлегоа од воените профитери, тесно поврзани со организираниот криминал и со често соучество на Западни актери, така што изгледите за демократска Босна заснована на владеење на правото се мали.

Од самиот почеток на војната во поранешна Југославија, ЕУ ја прифати логиката на војна, на поделба. Бошњаците едвај имаа можност да се спротивстават воено. Хрватска беше зајакната со американска помош до тој степен што можеше да си врати територии окупирани од Србите. Им одговара на протагонистите и во Белград и во Загреб што сега имаат работа со слаба Босна што можат да ја искористат за геополитички игри. Меѓународната заедница брка фантом, создавање на демократска, правна и просперитетна Босна, што до ден денес нема шанси да се постигне поради интересите на корумпираните елити. Судот на ревизори на ЕУ туку што даде катастрофална потврда на ЕУ програмите за промовирање на владеењето на правото.

Што има сето ова врска со војната во Украина, освен тоа што Република Српска под својот долгогодишен владател Додиќ се докажува како лојален руски вазал?

Во Украина, исто така, т.н меѓународна заедница очигледно веќе ја има прифатено минималната цел на Русија, поделба на Украина. Исто така, се чини дека веќе го имаат прифатено етничкото чистење на териториите што ги бара Русија.

Секој што не се идентификува како Русин, нема место во новата руска држава што настанува во источна и јужна Украина, без разлика како ќе се нарекува (Нова Русија или поинаку). Путин, исто така, бара сите територии населени со „Руси“ или кои „традиционално“ припаѓале на Русија, да бидат повторно вратени на „Руски свет – Руски мир“. А војната во Украина, како и војната во Босна пред 30 години, отвора неискажани можности за самобогатење на многу протагонисти. Дали тогаш ќе имаме две нови, дисфункционални држави во Европа, потонати во корупција и криминал. Ова го имаме видено и порано!

Или пак, можеме да научиме од минатото? Надежта последна умира.

ПС. Овие паралели веќе се направени од страна на различни експерти за Балканот, како што се Николаус Мол, Филип Канлајф, Питер Маас, Ед Вулиами:
The Wars in Bosnia and Ukraine: Can We Learn from Sarajevo? | Balkan Insight
Putin is following the Bosnia playbook – UnHerd
Putin’s Endgame Is Not a Mystery. It’s Regime Survival. (theintercept.com)
Ukraine matters, but so did Bosnia 30 years ago. Where was the outcry then? | Ed Vulliamy | The Guardian

 


Авторката, Гудрун Штајнакер е пензионирана германска дипломатка, моментално вклучена во зелени и иницијативи и проекти за животната средина.

Објавено во Civil.Today, 8 април 2022

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ