• Latest

Неисполнети ветувања во Долнени: „Црната точка“ не е корегирана ни со новите градежни зафати

June 25, 2016
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неисполнети ветувања во Долнени: „Црната точка“ не е корегирана ни со новите градежни зафати

June 25, 2016 21:17
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вистински ризик во сообраќајот е патот што во должина од 6 километри се гради од селото Ропотово до соседното селото Лажани во Општина Долнени. Иако по 10 години, властите одлучиле првпат да интервенираат на оваа делница, патот што се гради е со широчина од само три наместо ветените пет метри, и со неквалитетни банкини…

Сега, височината на новиот асфалтен слој е преку 30 центиметри, старите банкини не се во функција, па наместо олеснување, новиот асфалтен слој на половина од патот е уште поголем ризик за безбедноста на патниците.

Со оваа инфраструктурна интервенција не е ублажена ниту црната точка, кривината од полни 90 степени на мостoт, каде што нема никако простор да се разминат две возила. Тоа е причина што последниве години токму овде се случиле бројни сообраќајни несреќи, излетале многу возила, а седум патници го загубиле животот! Но, како што велат мештаните, „на овие факти власта останува глува, па и новиот пат се гради со огромен ризик“. А, фреквенцијата на сообраќајот е голема, зашто патот води кон 10 населени места со околу 6.000 жители.

https://www.youtube.com/watch?v=9BZOdkSNCxs

Жителите велат дека нема кому да се пожалат и затоа се обраќаат до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, со надеж дека ќе се чуе нивниот глас и дека ќе се преземат мерки. Според нив, фирмата изведувач на градежните работи, деновиве ги повлекла машините, иако треба да се асфалтира и другата половина од патот.

foto pat lazhani 2

Овој пат е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а министерот Владо Мисајловски (којшто тврдат жителите досега не бил во посета на селото), во своите изјави акцентираше дека новите инфраструктурни инвестиции на Владата се реализираат согласно со сите стандарди. Но, очигледно ова не е случај и со Долнени, општина која според мештаните, заборавена за какви и да е проекти на оваа Влада, изминатава деценија.

foto pat lazhani 3

Во општина Долнени живеат околу 13.500 жители. Од нив, преку 4.870 или 35,9% се Македонци, а останатите над 8.500 жители се Албанци, Турци и Босанци.

Од 2013-та година, ВМРО-ДПМНЕ ја презеде локалната власт која дотогаш беше во рацете на ДУИ. По повеќе прегласувања на одредени избирачки места на локалните избори, со тесна разлика ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во општина Долнени.

Текст и видео: Моника Талеска

Tags: Долнениизборни ветувањалажаниМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ