„Пропагандистите со новинарски беџ се карнифексите што им ги забиваат шајките на прогресивните интелектуалци, политичари, активисти и нивни колешки и колеги во новинарството.
Технолошкиот напредок донесе неограничени можности за навремено информирање. Настаните може да се следат во реално време. Никој не може да се скрие од камерите.
Истовремено, технолошкиот напредок обезбеди и неограничени можности за ширење на пропагандата и дезинформациите. Како што настаните може да се следат во реално време, така и фактите се манипулираат во реално време.“
Ивадок од едиторијалот „Медиумите се современата Голгота каде што се распнуваат фактите“ од Џабир Дерала, објавен на ЦИВИЛ Медиа на 3 мај, 2022.