• Latest

Конференција за граѓански активизам: Шарената револуција се бори против далтонизмот

June 30, 2016

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција за граѓански активизам: Шарената револуција се бори против далтонизмот

June 30, 2016 13:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Националната конференција „Europe, my country“ (Европа, мојата земја), започна со панел дискусијата на тема: „Активно граѓанство- тренд или обврска?“ Панелистите кои зборуваа на оваа тема беа Ана Јовковска, граѓанска активистка и новинарка и политичкиот аналитичар д-р Сашо Орданоски.

Дискусијата започна, по предлогот на новинарката од ЦИВИЛ Медиа, конференцијата – со оглед на тоа дека има за задача да го проблематизира граѓанскиот активизам особено кај младите луѓе – да се премести на платото пред УКИМ, каде во моментов поддржувачите на Студентски пленум, ги бојкотираат изборите за претседател на Студентскиот парламент, со цел да се спречи уште еден нелегитимен избор.  Идејата беше поздравена, но не се реализира.

Во тој контекст, Јовковска зборуваше за различните форми на активизам, и за потребата да се фокусираме кон можностите, а не само кон проблемите. „Активизмот го дефинирам како импулс за подобар свет, како реакција кон неправдата”, изјави Јовковска. “Шарената револуција се бори против далтонизмот, во општество каде нема култура на активизам, а во последно време, нема ни култура на дебата”, рече Јовковска, зборувајќи за Шарената револуција, како последен позитивен пример на граѓански активизам.

Ордановски зборуваше за недостатоците во формалното образование и ефектот врз формирањето на младата личност. Како што истакна тој, образованието не треба да служи да даде знаење, туку да ги научи младите за методите со кои треба да се стигне до знаењето.

“Младите денес имаат виртуелен идентитет, оттаму и виртуелно комуницираат. Фрагментираните интереси оневозможуват да се постигне нов општествен договор. Немаме време за контексти, младите размислуваат во фрејмови”, истакна Ордановски, кој зборуваше за влијанието на интернетот врз младите.

Во вториот дел од дискусијата, панелисти се пратеничките Лилјана Поповска и Лидија Димова. Во овој дел од конференцијата тема е релацијата меѓу младите и народните избраници, а презентирани ќе бидат и резултатите од истражувањето за тоа колку младите ги познаваат пратениците во Собранието.

На крај свое обраќање ќе имаат Н.Е.  Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија и Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ.

Конференцијата е во организација на EuroDEMOS – Романија, V2020 – Англија, TDM2000 – Италија и Младинскиот сојуз Крушево – Македонија

Проектот е поддржан од Europe for Citizens програмата на Европска унија.

ЦМ 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: @активизамМакедонијамладипанел дискусијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ